ARMA 2

  • Креатор на темата Креатор на темата Овердрајв
  • Време на започнување Време на започнување

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
570
Наскоро (19 јуни во Европа) излегува најновото продолжение во низата на реалистични воени симулатори која започна со Operation Flashpoint (и неколкуте експанзии), а продолжи со ARMA, по раскинувањето на договорот меѓу Bohemia Interactive (авторите на игрите) и Codemasters (издавачите, кои сеуште ги држат правата над името Operation Flashpoint) пред неколку години.

Тие што играле Operation Flashpoint и/или ARMA знаат што ги чека. На останатите може воопшто и да не им се допадне играта поради една единствена причина: поради тоа што е направена што е можно пореално, играта е претерано тешка. Најчесто 1-2 примени куршуми значат смрт на ликот.. или во најмала рака осакатување (доколку завршат во нозе), по што следува доооолго влечење по земја (или рестартирање на мисијата :)). Самите мисии се тешки, ама дозволуваат поголемо ниво на слобода на движење и извршување на целите отколку во останатите FPS игри.

Како и во претходните игри, кампањата се одвива во измислена (пост-)советска држава (во случајов: Црнорусија :)). Една од разликите е што наместо 2 или 3, во оваа војна се вклучени 5 групи/страни кои сепак користат само два главни типови на оружје: NATO и советско.

Најголемо подобрување во однос на ARMA се забележува во графиката која е значително подобрена.

ARMA2-Boot-Camp-Screens_16.jpg


ARMA2_ingame_screenshot_0209_6.jpg


ARMA2_ingame_screenshot_0209_2.jpg


ARMA2_ingame_screenshot_0209_3.jpg


Како за крај, за да добиете подобра претстава како сето ова изгледа во самата игра изгледајте ги овие два in-game клипови, по можност во HD (отворете ги во нови јазичиња, па одберете HD од нивната страна на YouTube).

Динамичка битка со 1500 учесници (војници, тенкови, авиони, хеликоптери, артилерија..):

Еве зошто денес нема dogfights како во првите две светски војни:

17705258.jpg
 
Оваа е прва игра направена толку реална (ако е така како што викаш, 2 куршума и мртов си). Инаку, има мултиплеер? Или само синглплеер? Баш сакам да ја искусам....Ај уше 10 дена пе ќе биде...
 
Оваа е прва игра направена толку реална (ако е така како што викаш, 2 куршума и мртов си). Инаку, има мултиплеер? Или само синглплеер? Баш сакам да ја искусам....Ај уше 10 дена пе ќе биде...

Па, не е прва во тој поглед.. првата беше Operation Flashpoint од 2001 :)

Нормално, ќе има и SP и MP.
 
Имаш информации што машина ќе бара? (Minimum system requirements..?)
 
Ухх добро е, ќе ми "лизга" на highest resolution :icon_lol:
 
Според клиповите интересна е играва, и доста јака.
иначе за Рилис Дејт, еве шо пишува на Аренабг

Release Date / Дата на пускане: 29-05-2009 [DE] 19-06-2009 [EU]

И може да се симне, а голема е

Size 7.74 GB
Added 2009-06-01 12:02:01
 
Забавата продолжува...:vozbud:
Веќе ја има на торентите...:vozbud:

Ја има, ама германската, веројатно со пач за англиски јазик.. поубаво да се почека уште некој ден да излезе "вистинската" верзија од играта :)

Овердрајв само да те поправам, на 29 јуни излага играта, не на 19. Само што прочитав на GameSpot.

http://www.gamespot.com/pc/action/armaii/index.html?tag=result;title;0

На 19ти јуни во Европа (минус Германија, Чешка и Словачка), на 26/29ти во САД.
 
леле колку е зезнато зашто е пола германски пола англиски играта, мислам кракираната верзија. заглавив на едно место не знам што треба, наредбите се на германски јазик не разбирам што треба, добивам наредба да уништам 2 тенкови, од ко ке го сторам тое не знам кај треба да се оди. дали знае некој.
 
леле колку е зезнато зашто е пола германски пола англиски играта, мислам кракираната верзија. заглавив на едно место не знам што треба, наредбите се на германски јазик не разбирам што треба, добивам наредба да уништам 2 тенкови, од ко ке го сторам тое не знам кај треба да се оди. дали знае некој.

Кажи шо ти пишува. Малку од малку разбирам германски, или оди на translate.google.com и таму нека ти го преведи текстот од швабски на англиски.
 
ај коке влезам во игра ке ја наредиме.
 
Да не го тупам.Ај ако може официјална страна од играва?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom