Овердрајв
Модератор
- Член од
- 5 ноември 2005
- Мислења
- 4.255
- Поени од реакции
- 569
Наскоро (19 јуни во Европа) излегува најновото продолжение во низата на реалистични воени симулатори која започна со Operation Flashpoint (и неколкуте експанзии), а продолжи со ARMA, по раскинувањето на договорот меѓу Bohemia Interactive (авторите на игрите) и Codemasters (издавачите, кои сеуште ги држат правата над името Operation Flashpoint) пред неколку години.
Тие што играле Operation Flashpoint и/или ARMA знаат што ги чека. На останатите може воопшто и да не им се допадне играта поради една единствена причина: поради тоа што е направена што е можно пореално, играта е претерано тешка. Најчесто 1-2 примени куршуми значат смрт на ликот.. или во најмала рака осакатување (доколку завршат во нозе), по што следува доооолго влечење по земја (или рестартирање на мисијата ). Самите мисии се тешки, ама дозволуваат поголемо ниво на слобода на движење и извршување на целите отколку во останатите FPS игри.
Како и во претходните игри, кампањата се одвива во измислена (пост-)советска држава (во случајов: Црнорусија ). Една од разликите е што наместо 2 или 3, во оваа војна се вклучени 5 групи/страни кои сепак користат само два главни типови на оружје: NATO и советско.
Најголемо подобрување во однос на ARMA се забележува во графиката која е значително подобрена.
Како за крај, за да добиете подобра претстава како сето ова изгледа во самата игра изгледајте ги овие два in-game клипови, по можност во HD (отворете ги во нови јазичиња, па одберете HD од нивната страна на YouTube).
Динамичка битка со 1500 учесници (војници, тенкови, авиони, хеликоптери, артилерија..):
Еве зошто денес нема dogfights како во првите две светски војни: