Апсурдни провладини пропаганди

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Auu...se usvitivte... ...i KontraProp..te citat ...tie koi te citaat...ti samo pisuvaj...
Воопшто не е усвитено, ниту пак се води дискусијава од тие причини. Како и да е, како секогаш, благодарам на подршката!!!


realen_07,
Приморан сум да ти го посочам ова мое лично искуство кое го кажувам како анегдота. Станува збор за тројца мои другари на две различни седенки. Едниот доктор, другиот адвокат, третиот архитект. Докторот се з`гнал на адвокатот да му укажува како да ги брани своите клиенти (како функционира нашиот правен систем). Адвокатот толерантно му објаснува дека некои работи не му се баш средени кадешто докторот со сета резигнација рече: Тоа е проблемот во нашево општество, не можеш никому ништо да му докажеш.
На друга седенка, присутен јас, докторот, адвокатот и архитектот (често се наоѓаме на муабет). Овој пат архитектот се запнал да му збори на докторот кои се и како треба да се подобрат проблемите во нашето здравство инсистирајки дека е во право. На ова докторот со лутина му одговори на архитектот: Што е ова бе, секој еден знае повеќе за мојата работа од мене. Тоа е проблемот во нашето општество.
Нормално, со адвокатот, симултано пукнавме во неконтролирана смеа, а докторот и архитектот бледо не гледаа.
Извлечи како поука што сакаш од оваа анегдота. Посебно во право ќе бидеш ако се гледаш себеси како докторот.


Ентузијазмот сам по себе, не е доволен за напредокот и просперитетот на една држава.....чак што мислам дека преголемата доза на ентузијазам дури е и контрапродуктивна во понатамошното реално соочување со проблемите и потешкотиите.

Ентузијазмот пријателе, не треба да биде заснован на лажна надеж, туку на конкретни и реални очекувања.
Зарем ти, со сета сериозност ова го напиша?
Во 1945-та година нашите претци останаа со разрушена рурална територија, а сепак изградија многу.
Што ги натера нив да се подвргнат на надчовечки напори за да си го средат животот иако имаа многу помалку од нас денес? Социјализмот? Тоа ли или тоа беше ентузијазмот на населението дека конечно слободни ќе си ја градат својата иднина?
Бидејки социјализмот (левичарството) е докажано дека не создава вредност туку само редистрибуира веќе постоечко значи дека станува збор за ентузијазам.
Окупатор кога окупира еден народ тој на секаков начин гледа да создаде чувство на дефетизам и апатија заради полесна контрола врз окупираното население, а со сите средства гледа да спречи појава на ентузијазам.

Никогаш не е доста од ентузијазам.
До пред доаѓањето на ВМРО на власт врз населението, преку сите медиуми, се ширеше дефетизам и апатија со цел да се создаде такво чувство. За жал, морам да признам дека е успеано во тоа. Немавме окупатор, а сепак некој ги ширеше, чудно нели?
Кога дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат, оваквата практика се прекина!!!
Патем, јас напишав дека се шири ентузијазам, не напишав дека се создава. Направи разлика.

Доколку мислиш дека решението на проблемот е во создавање "Портокалова" наместо "Црвена Буржоазија", тогаш сме далеку од вистинското решение.......а се поблизу до песната на Џоле која вели дека "принцип је исти, све су остало нијансе".
Доволно конкретно ?
Повторно пример од тебе дека не ти е баш среден ставот околу демократијата.
Инаку, муабетот ми беше против постоење на каква било буржоазија од таквите буржоазии, но изгледа дека тебе ти смета „портокалова“, а не ти смета црвена буржоазија иако не знаеш што всушност значи тоа, претпоставуваш, но не знаеш. Не е греда, можеш, способен си да научиш.

И дури понекогаш се чудам, кој е всушност мозокот кој стои позади овие операции. Не заради друго, туку да му честитам на досетливоста. Ова веќе не е пропаганда. Начинот на кој се ова се изведува....е уметност. За ова треба да се пишуваат книги.
Доколку си го посетил, но многу поважно, доколкус си прочитал нешто од мојот сајт вакви глупости (извини, но се глупости) немаше да тропаш.
Уште еднаш да ти повторам:
Ова што се прави (пропагирањето) е ГЛУПОСТ. Апсолутно не е на степен на уметност, а тој/ тие „мозокот“ треба парите да ги врати бидејки е аматер, приучен хохштаплер кој успеал неуки да излаже дека се разбира во нешто.

Јас контра мерки од страна на опозицијата во овие три години, немам видено. Освен ако не мислиш дека контра мерка е излегувањето од парламентот....или по некој беден прес на две недели, колку да покажат само дека сеуште не згаснале. Толку многу штетни закони се донесоа од страна на власта додека опозицијата спиеше. Незнам зошто, но мислам дека капацитетот на опозицијата во Македонија, е далеку поголем.
Можеби немаш увидено, но со хируршка прецизност ги повторуваш нивните пароли, ако не си забележал.
Никогаш, повторувам, НИКОГАШ не треба да се потценува пропагандата на СДСМ!!!
Тие не прават, кога прават, агитациско-кампањско пропагирање како сегашната власт бидејки знаат и имаат луѓе со искуство за таа работа.



Пример:
Власта го донесе законот за пушење, кој во реала е и неизводлив и нефункционален на долги патеки. Нормално како и секоја власт, така и ова ќе инсистира на почитување на законот и негово доследно спроведување, од причина што казните кои се пропишани, одат во полза на буџетот....а големиот буџетот оди во полза на власта.
И наместо опозицијата да излезе во јавноста со конкретен и функционален закон...таа молчи. Па мајку му јас за три сата ќе склопам една алтернатива на овој закон, кој утре ќе и го понудам и на власта и на Македонската јавност. Доколку јавноста го прифати а власта отфрли, тогаш јас политички ќе поентирам. Но најбитно е што сум понудил одржана алтернатива. Тоа се вика опозиција. Тоа се вика пријателе политичка промоција и пропаганда.
А не соопштенија и рекламите кои на секој пола час одат по телевизиите, или препукувањето во парламентот за тоа кој повеќе крадел.
Срцето ти е на вистинското место, ама... Еве вака:
Најбитно за пропагандата, односно политичката промоција, меѓу другото, е фактот што едноставна лага секогаш победува сложена вистина.
Држи се до овој исказ и далеку ќе стигнеш

Закупи ми ти до следните парламентарни изборите по еден час дневно ударен термин на националните телевизии, и по една страна дневно во пишаните медиуми за саморекламирање, па јас ќе формирам една политичка партија со кадри од Кајгана, и ти ветувам дека на следните избори ќе им бидеме главен конкурент и на СДСМ и на ДПМНЕ.
Со ова сакам да ти покажам дека ја сфаќам моќноста на рекламата....исто како што разбирам и дека сето ова не би можело да се изведе без неколку десетици милони евра.
Е сега. Поентата ми е, која политичка опција во Македонија може да си го дозволи овој луксуз, освен она која е на власт, и има пристап до неопределена сума на пари.
Ај ти закупи ми ударни термини и бла, бла, бла и до следните избори ќе имаш критичка маса на реални демохристијани-конзервативисти и реални социјал демократи.
Се надевам дека разбира што напишав.
Заборавив да побарам и гаранција на живот од страна на некоја моќна странска агенција како Мосад или ЦИА бидејки постои сериозна потреба од ова.
Сериозен сум кога го велам ова бидејки некому му одговара кај нас, во нашето општество, да се одгледува ментишот на поробениот, сервилниот и стерилниот, а никако да се создаде општество на слободни луѓе кои живеат во демократија.

Десетици милиони евра се потребни?!
Јас ти тврдам дека 100,000 годишно. За пет години и ќе го променам менталитетот на нашето население во горди и иницијативни личности!!! Со десетици милиони... ЕХЕХЕХЕЕЕЕЕЕЈЈЈ Европа со молба ќе не повика за членство.

Е сега, за нешто што се согласуваме целосно! На форумов постојат луѓе кои би биле достојна замена за сегашниве. Сепак, ај кажи ми со што тоа ќе бидеш поразличен од сегашниве. Што ќе понудиш поинаку освен технократското решавање на проблемите?
Цитат:
--Ентузијазмот пријателе, не треба да биде заснован на лажна надеж, туку на конкретни и реални очекувања.--
Од технократсво сме дојдени на ова дереџе.

Со тоа што ќе ветите дека подобро ќе работите од другите? Тие тоа веќе го прават на ангро.
Како ќе го решиш проблемот кога интересите на твоите ќе се судрат?
Како ќе ги решиш проблемите на тие кои лепеле плакати за тебе, а сега бараат вработувања заради тоа?
На еден ќе му помогнеш, стотина ќе налутиш поради љубомора, и тоа е проблем. Решение камо/ кое?
И други мал милион проблеми за кои не си ни свесен дека постојат.

Значи во има на идната конструктивна дискусија, може да заклучиме дека не секој кој напаѓа или брани одредени политички одлуки или ставови, е политички полтрон на некоја партија.
Цело време ова го тврдам. Сепак тврдам и дека нашето население е посклоно кон прифаќање на пропагандата на СДСМ отколку на ВМРО бидејки СДСМ навистина знаат да водат пропаганда.
Исто така тврдам дека кај нас полесно ќе го излажеш нашиот човек преку алчност, љубомора и злоба, односно да биде ПРОТИВ нешто отколку да биде ЗА нешто. Сето наброено е карактеристика на левичарска пропаганда и пропаганда на мајстор кој знае што прави, односно целта која сака да ја постигне.

Ова е далеку од факт.
Дури не е и аргумент.
Да не се лажеме :). Не сме од вчера па да мислиме дека ДПМНЕ годишно собира по 30 милони евра од членарина.:helou:
Не се лажеме, односно јас не се обидувам да те излажам.
Акцентот во напишаното подолу е на политичката активност на СДСМ, односно пролиферуваниот негативен став:
--Инаку, пролиферуваниот негативeн став дека власта користи средства од буџетот за саморекламирање е политичка (политиканстка) активност на СДСМ за намалување на угледот на својот ривал и е сосема нормално демократско однесување.
Ова е факт!!! --

Уф, ај доста беше.


Поздрав:helou:


П.С.
Доколку инсистираш да го критикуваш ВМРО, а да не бидеш папагал на СДСМ-овските пароли тогаш слободно фрлај двра, камења и гранати по нив во делот на нивниот недостаток на ангажман околу македонското национално единство. Тука промашуваат секогаш, односно никогаш не работеле на него иако го имаат во вториот дел од нивното име.
 
Back
На врв Bottom