Апсурдите во животот

апсурдно е на тема дали сте за успивање или не за кучињата скитници некој ИДИОТ да ти каже дека заради годините кои ги имаш не си смеел да имаш мислење различно од неговото
тоа е и жално...
 
апсурдно е да не знаеш дека не е законски да се шири пиратерија.

Апсурд е да сметаш дека пиратеријата е wоша.
И дека се шо е напишано како закон е добро.

jolly-roger-skull-sword.png


да не беа тие,хард дисковите ќе ни беа празни.
е сега бил гејтс наместо 100 ќе мора да се задоволи со 50 милијарди,ама тоа е...лајф ис а бич...:vozbud:
 
Кај мене еден колега на работа исече 2 прсти на една машина пред една година, и кога ги исекол во моментот еден друг колега му рекол:

Тој:„Абе каква гребнатина ти фалат два прста.“
Со исечените прсти:„Еј, и сега ќе ме остават ли на работа???“

И згора на се не му ни земал оштетување, а работел непријавен.
Што не шета по планетава......
 
Еден од поголемите апсурди во животот, да убиваш луѓе во име на мирот.
Дали има некој паметен што може да го објасни ова ?
 
апсурдно ми е да ти е даден живот и да не го искористиш до максимум, да дозволиш егото да те ограничува. Апсурдно ми е како може цел свет да биде контролиран од неколку луѓе. Апсурдно ми е зошто народот место да се развива духовно, се развива технолошки. Апсурдно ми е тоа што цел живот се развивам за на крај да умрам. Апсурдно ми е да обвинувам некој друг за нешто што ми се дешава во мој живот. Апсурдно ми е нервирањето а знаеш дека неможеш ништо да сториш со тоа и таа енергија можеш да ја искористиш за подобри работи. Апсурдно ми е тоа што цел живот го поминуваме механички, заспани со мислите во иднината или минатото а ја забораваме сегашноста, не ги приметуваме деталите, не чувствуваме капките дожд што налетале, вкусот на храната, допирот на предметите, разнбојноста на боите, мирисот на ливадата, песната на славејот, течењето на реката..
 
Back
На врв Bottom