cvetanovskiigor
›———————‹
Проблемот лежи во тоа што се се темели на неколку основни работи кои се погрешно сватени , и од таму се генерираат апсурди .Апсурд ви е од чист мазохизам да се заљубите, само зашто некој ви рекол НЕ или едноставно не можете да го добиете. Многу чест синдром кој упатува на глава во ѕид или не дај Боже полошо.
Апсурд е жена да ви тврди дека се разбира во бушони и дека може се што маж може.
Апсурд е да барате маж да ви се распекмези зашто жени паѓале на солзи, па имате некои си нови мажи кои стануваат толку емоционални што не се забележува дека има тестостерон во нив.
Апсурд е да лажете непотребно, кад тад тренутак истине доаѓа, а тогаш или главата во земја или со вечен белег ќе останете.
Апсурд е да се нервирате за работи што не може да се сменат, откако добро ќе го утврдите тоа подобро зачувајте нервите , не за друго ќе ви требаат.Ако ви е полесно, сите исто ќе завршиме, затоа имајте си подолг престој.
Апсурд е да изневерувате, се лажете себе, другиот, никој ништо не добил, а сите изгубиле.А, да и кукавица сте башка.
Апсурд е да тврдите дека нешто знаете, а поим немате. Изгледа смешно.
Листа од јутра до сутра (која не вкулучува високи потпетици)..
А да и најважно од се, апсурдот е што знаеме што е апсурдно ама никогаш чивијата нема да ни се смени и се ќе си остане како пред набројувањето.
Кога ке го најдеш јадрото се ке падне како кула од карти.

