Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Знам јас што е рецесија него колкав е буџетот на владата на РМ годинава? Колку пари планираат да потрошат? За нив нема криза и рецесија. Ти нема да плачеш затоа што можеш да си дозволиш да си купиш компјутер, ама има луѓе вистина што ќе плачат.

Овие што пишат тука од кај пишат, немаат компјутер?

Ама има многу луѓе што ги продаваат ваучерите и си земаат кеш пари.:toe:
 
јаките студентии зимаат кредити зимам јас 1800 денари за автобус само али тоа туку луге ние ке бидеме попаметни ке фатиме книга ке издржиме неправди и валјда ке можеме некако со нашето знаење да поравиме многу неправди вие сте постари тука што коментирате и се правите паметни ајде напревете општесвто да личи нешто земете иницијатива кога веке ние сме промашена генерација али чабе ние си тонеме и тонеме овде сварно веке нема што да се дискутира од страна на апсолвнетите криза е ако владата нека врати да им финансира 4 годишно студирање дека оваа криза и на моите има ја намали платата и ја немам 1200 евра :pipi:
 
Епа како требаше да направат, на СИТЕ да има поделат подароци?
Баш ме интересира?

Не, требаше да им дадат компјутери само на тие кои имаат просек над одредена оцена. Награда се дава само на заслужено, не зашто јуху, си стигнал до четврта/трета година. Кој сака награда, треба и да си ја заслужи.

Или ти испаѓаш смешен со тоа што тврдиш дека не треба да се буниме зошто се нема пари и логично е да ни ги укинат:smir:
Ко што реков, уживај, се согласувам дека треба да веруваме на владата кога ќе рече нема пари:smir:

Владата има пари, ама ги крие, ги чува за градење атомска скривница за кога ќе нападнат вонземјани да се скријат само нивните партиски членови. :uvo:
Се согласувам дека е дискутабилно распределувањето на парите. Ваучерите на апсолвентите секако спаѓаат во таа дискутабилност :smir:
 
Разберете дека нема пари за се...вие барате за вас зашто се давало 2-3 години пред,ама како вас размилсуваат многу,ќе се јават земјоделците,има пари за ваучери нема за грозјето,за пченицата,па оние технолошки вишок...место фабрики и работа ваучери даваат...се е тоа поврзано,на никој ова не му одговара :toe: но како што разбрав јас ќе им дадат ваучери,но догодина така да на две генерации одеднаш ќе биде тоа :smir:
 
Не, требаше да им дадат компјутери само на тие кои имаат просек над одредена оцена. Награда се дава само на заслужено, не зашто јуху, си стигнал до четврта/трета година. Кој сака награда, треба и да си ја заслужи.

А бе ти кажав, над 7.5 просек->право на кредит, над 8.5 просек-> стипендија, над 9.0 просек секој факултет во зависност од можностите додатно ги наградува студентите покрај горенаведените можности и права.

Незнам зашто не е заслужно да се добие ваучер ако си стигнал до последен семестар, иначе има факултети каде последен семестар е 9, 10 или 12-ти, па сега види.
 
Брачко, и јас иам комшија еден генијалец, а за леб нема.

Ајде утре да се договориме да ми донедеш пакет со гауда, печеница, кулен, лепињи, мајонез, лут кечап и маргарин за да може да јаде на раат (јас ќе му купам тостер) и да развива идеи.

Од друга страна, нивите „сами ќе се обработуваат“. Океј?

не знаеш што зборуваш
 
А бе ти кажав, над 7.5 просек->право на кредит, над 8.5 просек-> стипендија, над 9.0 просек секој факултет во зависност од можностите додатно ги наградува студентите покрај горенаведените можности и права.

Незнам зашто не е заслужно да се добие ваучер ако си стигнал до последен семестар, иначе има факултети каде последен семестар е 9, 10 или 12-ти, па сега види.

Затоа што само кај нас е доживљај да се стигне до последен семестар. Зошто по автоматизам би требало државата да те награди што си стигнал до апсолвент?
 
Затоа што само кај нас е доживљај да се стигне до последен семестар. Зошто по автоматизам би требало државата да те награди што си стигнал до апсолвент?

Ама ти изгледа, онака немаш што да правиш, па си куцаш по форуми?
 
ок точно сме двигатели на бутур али пошто викаш ти во твое време сте биле паметни чекам вие да го подобрете општеството ние сме промашена генерација ја чекам твојата да веке почне да прави ова општество да личи на нешто почнувајки од тебе :kesa:

Ма тие генерации не ни смеееле да излезат на протест.Цел товар што го носат поновите генерации доаѓа од "нив",можеби не директно ама сигурно во добар дел и од нив заради нивната свест,и фактот дека над 60% работа добиваа благодарение на партиска книшка.Тоа не е наш товар
 
Во кој свет живеете бе луѓе?
Сте слушнале за рецесија? Затоа нема можност! Се труби како нема пари за ништо, вие сте запнале со компјутери. Требаше и јас да добијам, јеби га, не добив. Ај сега да седнам да плачам.
Во секој случај и на тие што веќе им дадоа, не мислам дека требаше сите да ги добијат. Пологично би било да има некој критериум за тоа, освен да станеш апсолвент. Што ако си апсолвент, малтене секој може да стигне до таму. Требаше да има некој услов, како просек, финансиска состојба, не баш секој да добие ваучер, без разлика на просек, без разлика на имал/немал компјутер и во каква финансиска состојба се наоѓа. Тоа што сте станале апсолвенти, браво за вас, но не ви гарантира компјутер. Да, беше добра воља на владата. Не, сега нема пари за тоа. Или нема воља. Get over it, ако закочите сообраќај баш ќе добиете ваучери... :lud: И патем, ви текнало дека за таа партиципација што ја плаќате сте добиле предавања и вежби? Некој седел и ви ги читал испитите, се позамарал со вашите мисли, ви држел вежби, некој ги чистел ходниците кај што сте угасиле цигара и сте плукнале после тоа. Не, за 100-200/400-500 евра семестар не станувате богови. И немате право на се' што ќе замислите дека имате.

искрено ми звучиш како син на некој вработен благодарение на власта.Без навреда,ама поим немаш чим викаш дека 100-500 евра се ништо.Во земји се студира бесплатно,во Хрватска до пред некое време имаше протести за тоа,а можеби и го добиле тоа право.Ти со твоето мислење не заслужуваш ни ваучер ни да си апсолвент...
 
ама очигледно дека не учиш ни факс, бидејки прашуваш вакви глупости?

Учам факс и мислам дека за да станеш апсолвент не ти треба баш преголема интелигенција :smir: Но, секако, образованието тука е карикатура и затоа се губи способноста да се сфати концептот на награда за нешто добро направено.
Не викам дека 100-500 евра се ништо, тие се цело богатство. Но со кој дел од нив покривате трошоци за тоа што учите, а со кој дел сакате да добиете компјутер? И женско сум, ќерка на родители кои сами се вработиле, немам никаква врска со власта.
 
Учам факс и мислам дека за да станеш апсолвент не ти треба баш преголема интелигенција :smir: Но, секако, образованието тука е карикатура и затоа се губи способноста да се сфати концептот на награда за нешто добро направено.

Си ги помешал лончињата.
Одјава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom