Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Фреклс, јас учев за да научам, а не за да ми даде премиерот ваучер!

Тука се разијдуваме! Карактернно, суштински и човечки.

Затоа јас врвам по патот свој, не чекам автобус кој ќе ме носи некаде како дел од толпата, масата аморфна!


Зошто ги навредуваш цела генерација апсолвенти со тоа што тврдиш дека ние учевме,учиме за да ни дадат ваучер.Дај ти се молам,зошто да не се избориме за тоа што го сакаме,па макар било и гага?!!!

Секогаш има две страни!Не мора да се согласуваме во ставовите,само нема потреба да не убедуваш.
 
И како што exlexmk десет пати кажа, како може ради економската криза да нема ваучери?Како може за дебилни работи да има а за ова не.Со тоа што дале на претходните две години ваучери они ни покажале дека може да се двојат пари и за студентите.Зошто ги одземаат сега?Заради непромислено трошење или што?

Ептен за се се согласувам со вас.Али пак најбитното.Одговорете ми на последново прашање.
Се што зборите супер, браво, ми се свиѓа итн итн...
Ама ја дебилно се осеќам што ме клукаат у здрав мозок, немало пари ради криза:uvo:

:smir::smir::smir:
 
Па кај реков да им се земат????????
Реков ако им се ветени уште десет посто, да си ги бараат.

И не се гагам него си го скинав газот учејки за да дојдам до четврта.Исто како и сите студенти што се труделе.И конечно сакам да видам некој аир од тој факултет зошто и те како сме заслужиле после сите партиципации и слични грабежи.

И како што exlexmk десет пати кажа, како може ради економската криза да нема ваучери?Како може за дебилни работи да има а за ова не.Со тоа што дале на претходните две години ваучери они ни покажале дека може да се двојат пари и за студентите.Зошто ги одземаат сега?Заради непромислено трошење или што?

Учиш за тебе , а не за факултетот. А со факултетот да се вработиш и да си купиш она што ти треба, вклучувајќи и компјутер. Си влегол со свој ризик во студирањето, како што владата влегла со свој ризик за делењето ваучери. Прикаските за ова или она немаат ништо заедничко со суштината на проблемот. Спомениците што ги гради владата се ваучери за одредена категорија на луѓе, становите за друга категорија на луѓе, покачувањата се ваучери за трети итн.
 
Спомениците што ги гради владата се ваучери за одредена категорија на луѓе, становите за друга категорија на луѓе, покачувањата се ваучери за трети итн.

За спомениците не сфаќам?????За каква категорија луѓе?:toe:
 
За спомениците не сфаќам?????За каква категорија луѓе?:toe:

Очигледно не ме сфати. Се надоврзав на полемиката од претходните постови па сакав да кажам дека со сите активности, вклучително и спомениците се политика на владата со која ја остварува својата зацртана агенда на владеење. Затоа саркастично ги наведов примерите, меѓу нив и спомениците. Оттука излишно е да се дискутира дека за едно има пари, а за друго нема пари. Веројатно е така, но законот предвидува избори, протести итн. со кои може да се искаже нечие незадоволство. Во случајот ваучери за компјутер проценете сами дали можете да искористите едно од законските можности и зошто.
 
Ај ја да се бунам што навремето немаше ваучери за мене кога бев апсолвент и морав сам да купувам све!

А темата ја отвора човек кој беше апсолвент кога излегоа првите ваучери од 12000 па не отиде да земе ваучер пошто чувствуваше дека ќе му направи на некое друго дете услуга, на некое што навистина му требаат тие пари како помош за да купи компјутер бидејќи отворачот на темата имал!

Зборам во трето лице за мене, ама шо има везе :)

Се кладам дека повеќе од пола од овие лешперчиња што се јавија на протест парите ќе ги искористат за gadget-и од кои никаква продуктивна корист ќе немаат затоа што и онака се разгалени пувала па имаат све по дома.
 
http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/92421/view
Несакам да навлагам во дискусија само секој има право да протестира кога не е задоволен без разлика дали владата давала како награда или не. Сака ваучер зошто можеби замислил нешто да прави со него, а не зошто е гага. Штом толку мешате комунизам тогаш можеби имале сите исто ама смееле ли да искажат незадоволство кон власта? Сега можеме без разлика дали е за ваучери или незнам што.Очекував дека ќе бидете среќни што студентите решиле да се побунат за нешто дека им се слушна глас барем, станале од зимски сон. А за тој што ја отворил темава no coment:toe:
 
Кога веќе се фаќаме за ваучери. Зошто токму за апсолвенти. Зошто на апсолвенти кои завршуваат студии, а не на студенти кои започнуваат студии. Кому повеќе ќе им биде од корист. На оние што започнуваат, па студирањето да им биде полесно применувајќи ја информатичката технологија или пак на оние што завршуваат и што потенцијално чекаат вработување со кое теоретски полесно ќе дојдат до компјутер. Еве причина за останатите студенти да излезат на протести.
 
Учиш за тебе , а не за факултетот. А со факултетот да се вработиш и да си купиш она што ти треба, вклучувајќи и компјутер. Си влегол со свој ризик во студирањето, како што владата влегла со свој ризик за делењето ваучери. Прикаските за ова или она немаат ништо заедничко со суштината на проблемот. Спомениците што ги гради владата се ваучери за одредена категорија на луѓе, становите за друга категорија на луѓе, покачувањата се ваучери за трети итн.


Спомениците не се ништо друго освен непродуктивно трошење пари.Социјалните станови,да,се согласувам и поддржувам такви потези.Јас не ве разбирам со која цел не убедувате??Ние имаме корист од ваучерите,па и вие како членови на општествово.Можеби би имале корист да сте во власта,којзнае,ама вака ако не ве допира темава и не морате да сте толку деструктивни
 
А темата ја отвора човек кој беше апсолвент кога излегоа првите ваучери од 12000 па не отиде да земе ваучер пошто чувствуваше дека ќе му направи на некое друго дете услуга, на некое што навистина му требаат тие пари како помош за да купи компјутер бидејќи отворачот на темата имал!

Зборам во трето лице за мене, ама шо има везе :)

Се кладам дека повеќе од пола од овие лешперчиња што се јавија на протест парите ќе ги искористат за gadget-и од кои никаква продуктивна корист ќе немаат затоа што и онака се разгалени пувала па имаат све по дома.

Абе дечко, темата кога ја отвори, во воведот сите апсолвенти ги отера во п.м зашто денес на протестот си заглавил во гужва. Мислам дека и тоа ти беше намерата. Не попусто беше избришан еден дел од воведот!
Тоа дека не си земал ваучер не ти верувам, а може не си земал, па сега се фураш на другиве зошто они си бараат.
Ако си толку хуман си можел да го земеш ваучерот и да го дадеш на некој што му треба!
И не знам од каде толкава омраза кон денешниве апсловенти, па сега сите биле и лешпери и разгалени. Така да остави не ако може, имаме право да бараме, дали ќе добиеме е друго прашање!
 
Ама ја дебилно се осеќам што ме клукаат у здрав мозок, немало пари ради криза:uvo::smir::smir::smir:
За да не се осеќаш дебилно,кога ќе дојдат избори ќе размислиш дали ќе дозволиш да ти перат мозок.
 
Јака иднина ќе имаме...со морони што запишале факултет за да лапнат компјутери.
 
Кога веќе се фаќаме за ваучери. Зошто токму за апсолвенти. Зошто на апсолвенти кои завршуваат студии, а не на студенти кои започнуваат студии. Кому повеќе ќе им биде од корист. На оние што започнуваат, па студирањето да им биде полесно применувајќи ја информатичката технологија или пак на оние што завршуваат и што потенцијално чекаат вработување со кое теоретски полесно ќе дојдат до компјутер. Еве причина за останатите студенти да излезат на протести.

Па во прва година се знае дека многумина се откажуваат,не се сите за факултет,нели?!Вака бар се знае дека кој стигнал апсолвент,значи му фаќа нешто тиквето.Дај те молам не биди деструктивец,како министерот за информатичко општество ми звучиш на кого му гори под нозе
 
Спомениците не се ништо друго освен непродуктивно трошење пари.Социјалните станови,да,се согласувам и поддржувам такви потези.Јас не ве разбирам со која цел не убедувате??Ние имаме корист од ваучерите,па и вие како членови на општествово.Можеби би имале корист да сте во власта,којзнае,ама вака ако не ве допира темава и не морате да сте толку деструктивни

Целта е проста и повеќепати спомената, не земајте се здраво за готово, за навреме да сфатите дека ваквите народни делења секогаш некого ќе го погодат, за жал оваа година сте вие. Можеби наредната година тие апсолвенти ќе добијат, па ќе се нервирате зошто токму вас ве прескокнале. И пак протести се додека не се научите да игнорирате нешто за кое што и сами сте убедени дека тоа не е тоа што треба да биде. Сфати го тоа исто како кога одиш на натпревар и со влезниците се делат дресови гратис, доаѓаш ти на ред и во кутијата снемува дресови. Заминуваш ти и гледаш позади тебе чичкото веќе од комбето донел друга кутија и продолжува да дели дресови. Нему никој не му кажал кому треба да ги подели дресовите, нему некој му кажал само да ги подели и тој ги дели....

Па во прва година се знае дека многумина се откажуваат,не се сите за факултет,нели?!Вака бар се знае дека кој стигнал апсолвент,значи му фаќа нешто тиквето.Дај те молам не биди деструктивец,како министерот за информатичко општество ми звучиш на кого му гори под нозе
Знам, само сакам да ти кажам дека твојот ваучер што ти би го добил, автоматски обесправува друг студент, така што се навраќам на почетокот. Лани било, сега тешко, догодина можеби. А и не е се во компјутерите нели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom