Апчиња (Витамини)

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Конзумацијата на витамин D суплемент не зависи од тоа кој колку е здрав, нити станува помалце потребна за здрави индивидуи, наспроти нездрави. Додатно, ние нити знаеме дали он е здрав, нити колку години има, нити што сака да добие/превенира.

1000 единици е супер безбедена и многу умерена доза за 99% од популацијата, најдобриот баланс е на 1500-2000/ден. И да, седење на сонце си има свои далеку посериозни последици од 1000 единции суплемент. Се што ти треба е 15 минути на ден, кога UV зрачењето е ниско, над тоа нема никаков бенефит од сонце, нити за витамин D, нити за било што друго. Седење на 15 минути на ден на сонце, нема да ја направи дозата од 1000 единици на ден токсична, или опасна на било каков начин, затоа што регулацијата при изложување на сонце е тесно контролирана.
Гледам дека не го читаш текстот што го пишувам. Ајде уште еднаш.

Јасно како ден е дека 1000-2000 IU се безбедна доза што нема да предизвика токсичност кај човекот. Дури, за време на Ковидот постоеја студии и за примена до 10 000 IU. Но, како медицинско лице, јас се водам според рационална медицина и медицина базирана на докази, а не маркетиншки протоколи.

Суплементи се даваат по потреба.
Тврдењето дека суплементацијата не зависи од тоа кој колку е здрав е медицински апсурд. Здрав човек со оптимален статус на витамин D во крвта > 75 nmol/ L нема никаков бенефит од дополнителен внес. Тоа е фрлање пари.

Оние 15 минути кои што ги спомнуваш се сосем доволно за да телото природно си ги синтетизира потребните количини.

Значи, никако суплементирање на памет.
За мене тука дебатата е завршена.
 
Здрав човек со оптимален статус на витамин D во крвта > 75 nmol/ L нема никаков бенефит од дополнителен внес. Тоа е фрлање пари.
Истото важи за било кој суплемент.
Psy мисли со некои мега дози се прави некој био хакинг.
 
Back
На врв Bottom