Апчиња (Витамини)

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Конзумацијата на витамин D суплемент не зависи од тоа кој колку е здрав, нити станува помалце потребна за здрави индивидуи, наспроти нездрави. Додатно, ние нити знаеме дали он е здрав, нити колку години има, нити што сака да добие/превенира.

1000 единици е супер безбедена и многу умерена доза за 99% од популацијата, најдобриот баланс е на 1500-2000/ден. И да, седење на сонце си има свои далеку посериозни последици од 1000 единции суплемент. Се што ти треба е 15 минути на ден, кога UV зрачењето е ниско, над тоа нема никаков бенефит од сонце, нити за витамин D, нити за било што друго. Седење на 15 минути на ден на сонце, нема да ја направи дозата од 1000 единици на ден токсична, или опасна на било каков начин, затоа што регулацијата при изложување на сонце е тесно контролирана.
Гледам дека не го читаш текстот што го пишувам. Ајде уште еднаш.

Јасно како ден е дека 1000-2000 IU се безбедна доза што нема да предизвика токсичност кај човекот. Дури, за време на Ковидот постоеја студии и за примена до 10 000 IU. Но, како медицинско лице, јас се водам според рационална медицина и медицина базирана на докази, а не маркетиншки протоколи.

Суплементи се даваат по потреба.
Тврдењето дека суплементацијата не зависи од тоа кој колку е здрав е медицински апсурд. Здрав човек со оптимален статус на витамин D во крвта > 75 nmol/ L нема никаков бенефит од дополнителен внес. Тоа е фрлање пари.

Оние 15 минути кои што ги спомнуваш се сосем доволно за да телото природно си ги синтетизира потребните количини.

Значи, никако суплементирање на памет.
За мене тука дебатата е завршена.
 
Здрав човек со оптимален статус на витамин D во крвта > 75 nmol/ L нема никаков бенефит од дополнителен внес. Тоа е фрлање пари.
Истото важи за било кој суплемент.
Psy мисли со некои мега дози се прави некој био хакинг.
 
Во која болница кога има пациен со инфламација во зглобови му препишале или му дале Boswellia?Која фсрмацев компанија произведува ?

Д3 ако си во дефицит даваат инекции или друг медикамент што е на рецепта и со кој е научно докажано дека со користење на истиот се подига нивото на д3.И тој е pharmaceutical grade и стварно прави тоа што пишува, во упатството.
На суплементите јасно пишува не е FDA approved, и дека ништо не корегира ниту лечи. И башка се многу поскапи.
Сега види си ти што има ефект а што е само маркетинг.

Омега3 се глупости во боја....
Имаш pharmaceutical grade omega3 (lovaza и vascepa ) кои имаат само ефект во спуштање триглицериди.
Но никој не ги препишува дека се скапи и дека има многу поевтини и поефикасни медикаменти за спуштање триглицериди.
Мешање pharmaceutical grade лекови со суплементи е споредба на различни категории. Нормално дека во болница за акутна инфламација нема да дадат Boswellia наместо NSAID или кортикостероид — исто како што нема да дадат магнезиум наместо анестезија. Тоа не значи дека супстанцата нема биолошки ефект.
Boswellia има студии за антиинфламаторно дејство, Д3 суплементација реално го покачува нивото на витамин Д, а EPA/DHA од омега-3 имаат документирани ефекти. Разликата е што pharmaceutical препаратите се стандардизирани и одат за конкретна индикација, додека суплементите се за поддршка и превенција.
Инаку, „не е FDA approved“ не значи автоматски „не функционира“ туку дека не е регистрирано како лек за конкретна болест.
 
Гледам дека не го читаш текстот што го пишувам. Ајде уште еднаш.

Јасно како ден е дека 1000-2000 IU се безбедна доза што нема да предизвика токсичност кај човекот. Дури, за време на Ковидот постоеја студии и за примена до 10 000 IU. Но, како медицинско лице, јас се водам според рационална медицина и медицина базирана на докази, а не маркетиншки протоколи.

Суплементи се даваат по потреба.
Тврдењето дека суплементацијата не зависи од тоа кој колку е здрав е медицински апсурд. Здрав човек со оптимален статус на витамин D во крвта > 75 nmol/ L нема никаков бенефит од дополнителен внес. Тоа е фрлање пари.

Оние 15 минути кои што ги спомнуваш се сосем доволно за да телото природно си ги синтетизира потребните количини.

Значи, никако суплементирање на памет.
За мене тука дебатата е завршена.

Значи твојата работа како медицинско лице е да дијагностицираш и определиш соодветна терапија, кога се работи за додатоци во исхрана, вашите препораки се тотално надвор од било кој разум, рахитисот е искоренет со појавата и почестата употреба на витамин D, е сега ако мислиш дека пред 30г + луѓето седеле помалку на сонце од сега тоа е на тебе.

Дефекти на невралната туба (аненцефалија) се исто така искоренети со фортификација на леб и други продукти со фолна киселина.

Постојат еден куп други кондиции кои веќе не се проблем токму заради суплементција за која вие секојдневно сеете страв. Mојата реплика примарно беше за тоа сеење страв и апсурдни коментари од типот на камења во бубрези од 1000 единици на ден, тоа е тој непропорционален сооднос во сеење страв кога се препишува сериозен медикамент како нсаил, за во друга прилика да се плашите за витамин ц и витамин д како пример.

Ајде можеби во иднина ќе се смени системот па ќе поминете нешто повеќе од неколку дена/недела едукација за нутритивната страна од здравјето на луѓето, па нема да се расфрлаате со изјави од типот на камења во бубрези од микро дози, за кои пак не објасни како ќе се случат повеќе во лето од зима, а исто така очекувам да ми објасниш што содржи млеко, леб, и дали си слушнала за фортификација на храна? дали за истата исто така им препорачуваш на луѓето да ги пазат бубрезите? Пример пие некој 1л млеко на ден, дали треба да ги пази бубрезите знаејќи дека на 1л може да има 1000 единици витамин D, или леб кој може да содржи и до 200/350 на 100г? Те молам од сега натака кога ќе ти дојде некој пациент советувај го да не јаде леб и млеко за да не добие камења во бубрези XD

Е сега тука нема ни да трошам време да ти објаснам како 1000 па и 5000/ден кај некои луѓе е несоодветна доза за да искочат од дефицитарни нивоа а тек па оптимални, или за тоа строго по потреба да се суплеменира, ти да им даваш на луѓето по 8000 ден/година за да го проверат статусот на секои 4 месеци па да знаат дали им треба витамин D или не.

Најсмешно е што ти секојдневно внесуваш суплементција преку храната која ја конзумираш, а не си ни свесна XD
 
Мешање pharmaceutical grade лекови со суплементи е споредба на различни категории. Нормално дека во болница за акутна инфламација нема да дадат Boswellia наместо NSAID или кортикостероид — исто како што нема да дадат магнезиум наместо анестезија. Тоа не значи дека супстанцата нема биолошки ефект.
Boswellia има студии за антиинфламаторно дејство, Д3 суплементација реално го покачува нивото на витамин Д, а EPA/DHA од омега-3 имаат документирани ефекти. Разликата е што pharmaceutical препаратите се стандардизирани и одат за конкретна индикација, додека суплементите се за поддршка и превенција.
Инаку, „не е FDA approved“ не значи автоматски „не функционира“ туку дека не е регистрирано како лек за конкретна болест.
Другар Д3 суплементација за покачување на Д3 оди преку рецепта и користење на pharmaceutical grade D3, а не Д3 од класичен суплемент кој е поддршка и превенција...класичните суплементи ке се користат за тоа.Како да ти објаснам подобро.
 
Токму тоа и го зборувам... Никој не тврди дека суплемент е исто што и терапија на рецепта. Но и pharmaceutical grade D3 и суплемент D3 содржат иста активна молекула cholecalciferol. Разликата е во дозирање, контрола и регулатива, не во тоа дали молекулата „работи“.
Ако суплемент D3 немаше ефект врз нивото на витамин Д, тогаш ниеден лабораториски тест немаше да покажува покачување после суплементација ама ете покажува.
 
Back
На врв Bottom