APB - All Points Bulletin

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Хм, ова ќе биде нешто многу интересно.:vozbud:
 
Стигнав до клуч за бетата, ама немам ни време ни желба за играње на играва, па за да не пропадне еве ви го тука: 17VOA-AOUJW-8TL58 . Кој прв го искористи нека му е со среќа, така да ако ви јавува грешка кога пробувате да го внесете значи дека некој пред вас го ќарил. Е, и нека ми пише ПП тој што успеал да се регистрира со клучов :)
 
како играва?
ја игра некој, вреди ли да се троши 7 гига ?
 
Успеа да ја инсталираш и играш?
Кажи импресии.

The Rule * исто така зема клуч, ја симна и инсталира успешно. Сеа ќе идам до кај него да ја стаам на HDD, ќе ја префрлам на мојот РС и ќе пробам да се логирам со мојот акаунт (каде што го употребив бета клучот при регистрација), па ќе пишеме импресии. Иначе серверите им се достапни само за викендите.
 
сакаш да кажеш дека само тогаш можеш да ја играш играта?
 
Епа да се уклучам и ја у муабетов малце :)...
Доста е тапа тоа шо може само да се игра тогаш али се надевам дека ќе биде нешто стварно добро оваа недела : )
А иначе кој сака клуч за бета нека пише тука или пп па ќе видам да ви најдам....
Тоа е тоа... :toe:
 
Минимални побарувања:

- Core 2 Duo 2Ghz or equivalent
- 2GB RAM (3GB for Vista64 / Windows 7 64)
- nVidia GeForce 7800 - 256MB or equivalent
- 20GB Hard disk space

- Слушалки и микрофон се препорачливи.

- Интернет конекција е потребна за играње.
 
Конечно успеавме да ја средиме играта со едно другарче и успешно го изигравме playtime-от предвиден за оваа недела. Play session-от почна во 19:00 и заврши во 23:00 часот. Се изнаигравме добри 3 ипол саати. Сега, импресии.

Бидејќи е бета, неможеш да си правиш карактер и кола пред да играш, можеш само изгледот и телото да им ги мењаваш на карактерот, што е помалку важно. Потоа одбираш дали ќе играш како мафијаш/разбојник, или пак полицаец/бранител. Оваа игра е прва од ваков вид, ова ќе го заклучите кога ќе ја играте. Значи во играта има и ботови (како во GTA) и карактери контролирани од играчите, т.е. мафијашиве и полицајците. За да ја сфатите играва, односно да научите да ја играте ви требаат многу саати, бидејќи играва има ептен features. Значи се spawn-уваш на место кое ти ќе го одбереш, до тебе се сите твои team-mates. Можеш да си основаш клан, можеш да креираш група при што ќе ги поканиш пријателите да влезат и заедно да исполнувате мисии. На почетокот ќе ти даде 10-тина мисии како туторијал, вежби, за да се запознаеш со играта, да имаш претстава за што следува понатака. Одкога ќе ги поминеш тие десетина мисии, веќе можеш да почнеш да играш сериозно со другите играчи. На секои, еве ќе речеме 30 секунди, се појавува рандом мисија и ти можеш да ја прифатиш или да одбиеш. Со секоја успешно помината мисија ти се зголемува левелот и добиваш пари при што потоа ги искористуваш за купување облека, оружје, коли и слично. Секако, ништо не губиш доколку ја одбиеш мисијата. Е сега, мисиите се прилично рандом, т.е. има мисии од појак калибар и мисии од послаб калибар. Пример, може да ти се падне, некоја жена ти се јавува и вика мажот ми напраи тоа и тоа, сакам да му провалиш во станот и да ми ги вратиш работите. Ме разбирате, мали мисии од ваков вид. Е сега ти штом почнеш да провалуваш, те пријавуваат во полиција и автоматски на екранот на играчите кои играат како полицајци им се појавува таа нотификација за мисија дека некој краде, и они прифаќаат или одбиваат да реагираат, без знаење дека си ти во прашање. Доколку прифати, тебе ќе ти се појави нотификација, тој и тој е испратен (dispatched) по тебе. Е сега ти можеби успешно ќе провалиш во станот, али тоа е вториот дел од мисијата. Третиот дел е да нацрташ некојси графит некаде, додека полицајци/бранители те чекаат во близина на тоа место за да те убијат. Значи ова е една врста на мисии, после имаш да спречиш некој за да украде коли, па да спречиш достава на некојси пакет, или да браниш одредено место, и уште многу други. Препорачливо е мисиите да се играат со повеќе души во група, бидејќи сам е тешко.
Во градот имаш повеќе „главни“ локации во кои има луѓе од каде што можеш да купуваш работи како коли, облека, оружја и слично со парите што ги имаш заработено претходно. Има и уште мал милион други вакви локации/луѓе кои не ти се отворени на почетокот.
Има три вида на места во кои можеш да играш. Сега, не им ги запамтив имињата, али ќе ви кажам за што служат. Првата ваква локација е наменета за шопинг, купување, и слично, што значи - нема улични војни и пуцање со полиции. Втората локација е наменета за војните, извршувањето на мисии, пуцањето, итн. Третата локација, немав можност да прочитам за што е, али колку што видов на сликата, беше некако наменета за богаташи и луксуз, така да претпоставувате за што би служела.
Бидејќи играта има над 100.000 играчи и тоа само во бетава, Realtime Worlds одлучиле да ги поделат мафијашите во таканаречени districts со по 100тина луѓе во еден. Секако, нема да ве spawn-е во исти district со другарот, така да ако сакате да играте заедно ќе мора да влезете во неговиот distrct преку менито, кое, можам слободно да кажам, има милион опции. Не стигнав да го разгледам целосно бидејќи сакав повеќе време да посветам на играта. Исто така играта има и music player со многу песни, па можете да си уклучите за да не ви биде досадно додека играте :)

Графиката е на задоволително ниво, иако мислам дека Realtime Worlds овој пат повеќе се потрудиле за тоа како ќе изгледа играта „однадвор“, содржната, мисиите, ме разбирате.

Звукот е нешто феноменално. Различно се слуша звукот од куршумите, пример ако пукаш во затворена просторија или пак на отворено. Или, различен е звукот на колата додека возиш во тесен тунел, или на отворено. Има многу вакви ситници, дали поврзани со графика или звук, кои ја прават играта различна од другите.

Бидејќи е бета, има недостатоци, багови и гличови, што е нормално за секоја бета. Пример, не е обрнато многу внимание на ентериерот на колите, или пак на некои места има невидливи ѕидови или проѕирни врати. Сепак, не е нешто што е многу битно.

Мислам дека тоа би било тоа, феноменална игра во секој случај, вредеше времето кое го поминав играјќи и едвај чекам да дојде следната недела за нови 4 саати забава. Доколку ве интересира нешто повеќе во врска со играва, слободно прашајте ме :)
 
Хах дефинитвно играва е мноогу јака...и дефинитивно тие 3-ипол саата се изнаигравме....За бета тестер е добра, но има многу багови,ситници и такви ствари шо треба уште да се поправаат али тоа не е толку страшно...Битно е дека има добра замисла добар гејмплеј и добра графика....
Иначе има 3 дистрикти како што е напоменато горе...и тоа се..
Social District(тоа е оној за купување,без пуцање и такви ствари)
Financial District(тоа е тој дистрикт каде што има мисии пуцања и све остало)
и WaterFront District(каде што е напоменато дека е за богаташи...али ја влегов и таму и мислам дека има иста цел како и вториот дистрикт за пуцање али само што е друга локација..)

И тоа е тоа.... играта е стварно јака...и чекаме да дојдат следните 4 саата.... :)
 
Не ми одговара времето. Кој сака нека ми пише ПП ќе му го дадам бета акаунтот.
 
Уште една успешно одиграна сесија. Овојпат играв ~2 саати. Браво за дечките од Realtime Worlds, за една недела успеале да поправат многу работи во играта. Пример, претходната недела кога ќе стиснеш за да влезеш во кола, одма те става во колата, ја нема анимацијата како карактерот ја отвара вратата, па седнува во колата. Оваа недела ова е поправено. Исто така камерата е скроз сменета, незнам како ка ви опишам каква е, едноставно ќе ви кажам дека е сосема иста како кај GTA серијалите, што не беше случај претходната недела. Мене ми е надминат лимитот и брзината е помала од 64 kbps, али во играта немаше ни малце лаг. Дури имав 20ms ping. Одлична работа, незнам како им успеало, со оглед на тоа што серверите им се во Америка. Инаку, има доста графички недостатоци, пример ентериерот на колите е сосема замаглен и не е обрнато внимание. Надворешноста на колите е исто така „замаглена“. Сигурен сум дека не ги „пуштиле во употреба“ the real graphics. Ради тоа што е бета, нели. Тоа е тоа, неам што друго да кажам. Инаку, ми стигна меил со еден екстра бета клуч за да поканам пријател, па првиот што ќе ме исконтактира, ќе го добие.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom