Апатијата е производ на модерниот свет, и не е нус појава туку е очекуван/намерен сумптом.
Се слагам со се, освен со вториот дел на последната реченица.
Системот е крив, ама мислам дека ќе се опоравиме.
Ние сме народ што никогаш немал своја држава и сега сме независни едно 30+ години. Сеуште сме во фаза на бебе. Пополека оди работата, ама се движи.
Како да видиме дали е подобро на најлесен начин?
- Запрашај се дали ти живееш подобро од твоите родители и они од нивните?
Во глобала, ова е точно. Сега пример дедо ми да види дека имам греење во WC ќе мисли дека сум крал (малку да се нашалиме

)
Или еве 10годишен јас да се дружам со моите деца сега ќе мислам дека се страшни богаташи (ние сме нешто малку над стандардот, не сме којзнае што моментално).
Секако дека има и работи кои што се полоши, но тоа е глобален проблем, не е само кај нас. Исто така имаме осцилации во тие што ни се владетели во државава па одиме 2-3 чекори напред, па 1-2 назад, и така во круг.
Мојата филозофија е светот oколу мене да биде подобар. Не мора да е на глобално ниво. Може да е за сопругата, за децата, за родителите, блиските роднини и пријатели, колеги, околина итн.
Не сакам тука да навлезам политички, ама најголемиот грев што го направи Грујо не е што крадеше, криминали итн.
Најголемиот негов грев е што не раздели како другари, пријатели, роднини и комшии со патриоти и предавници. Ни ја зема емпатијата, другарството, помагањето едни со други и многу ќе е тешко да се вратиме назад.
Меѓутоа како што растат моите деца гледам еден друг свет. Младите и малите не еба***т 2%. Ни партии ни локални шефови и газди ни ништо. И давам 10-20г на државава кога моменталните Југословени ќе се малцинство и мнозинството во државава ќе се деца на Mакедонија. Тоа е моментот кога ќе се сменат многу работи (aко останат тука).
Ќе не биде, ама мора сами од себе и од својата околина да почнеме.