Invisible Force
Is with me
- Член од
- 29 јули 2021
- Мислења
- 5.800
- Поени од реакции
- 10.547
Ти нема поента ниту реченицата. За да карикираш треба да знаеш што всушност значи тој поим.Ми нема поента да искочам со Ивана карикирам, а се допишувам со Сара.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ти нема поента ниту реченицата. За да карикираш треба да знаеш што всушност значи тој поим.Ми нема поента да искочам со Ивана карикирам, а се допишувам со Сара.
Кажа дечкото што верува у рамна Земја.. се знае дека е од зборот карикатура, и дека треба да е со потсмев. Ама ти да држиш лекции по форумов немаш право хааххаах. Рамна Земја…Ти нема поента ниту реченицата. За да карикираш треба да знаеш што всушност значи тој поим.
Не знам од каде да почнамкога се работи за оваа тема кај нашата младина може еден роман да се напише.
Првенствено за оваа апатија придонесе самиот систем-партиски кој проголта генерации и генерации од 1991 наваму. Луѓето кои беа мотивирани да добијат своја независна држава мислам дека повеќе или не се мотивирани или повеќе не се во МК.
Лошата приватизација, стандардот, партиите кои се навлезени во секоја клетка на опшеството ги направи младите да бидат незаинтересирани, да си го гледаат само својот двор и толку. Многу пробаа да променат веднаш наидуваа на кинески ѕид и секој си рече : не фала ,до тука можев да избуткам сега чао засекогаш.
Тоа е едниот елемент другиот елемент се и родителите. Некако родените од 1990 наваму се подучени од родителите да не прифаќаат секаква работа, да бидат партиски пудлици, да лепат плакати за минималец работа без при тоа да размислат доколку на твојот син му е добро мора и на синот на соседот да му е добро за и тој да остане тука, а не да бега во Германија за твојот син да работи државно до пензија.
Дебелото ЈАС ги направи луѓето затворени, погледнете во автобус седат еден до друг или во воз сеедно никој со никој не разговара некоја тема да се отвори да има некаква позитива, како да се плашиме дури и од своето огледало СТРАШНО.
Апатијата луѓе не е падната кај нас од Марс, таа со години и години живеела но сега последниве 2 децении мислам дека ескалира на најјако едноставно нема жар помеѓу луѓето ни за спорт ни за музика никакви таленти не се развиваат, едноставно не сакаат ништо младите ни да започнат со работа, образование, семејство итн.
Мое мислење СИСТЕМОТ е крив уништи генерации, систем од кој нема да се опоравиме.
)На жалост душо, грешиш.Ќе не биде, ама мора сами од себе и од својата околина да почнеме.
Ова е менталитетот заради кој не сме на ниво на Словенија и Хрватска пример.На жалост душо, грешиш.
Никогаш нема да не биде, никогаш, оти ниту умееме, ниту сакаме сами од себе да почнеме.
Потонат брод не се оправа.
Не до толку песимистично!На жалост душо, грешиш.
Никогаш нема да не биде, никогаш, оти ниту умееме, ниту сакаме сами од себе да почнеме.
Потонат брод не се оправа.
Наведените земји се таму каде што се не заради менталитетот!Ова е менталитетот заради кој не сме на ниво на Словенија и Хрватска пример.
Зошто да не?
Почни од својата околина и терај натаму
Него?Наведените земји се таму каде што се не заради менталитетот!
И него и неа! Заради тоа под чија капа се, не се прај од вчера!Него?
Ние сме немале држава затоа мислиш дека кај нас се нешто бавно се движи ? Јас мислам не. Еве како пример ќе ги земам косовските Албанци. Немаа држава речиси никогаш нивната цел е еден ден Косово да се спои со Албанија и тоа е јавна тајна сите го знаеме. Овака или онака не сакам да почнам дискусија на таа тема бидејќи ќе биде оф топик затоа само ќе компарирам дека тие исто како и ние немаа држава, но со јасен план, цели и работа полека ги остваруваат своите идеи.Апатијата е производ на модерниот свет, и не е нус појава туку е очекуван/намерен сумптом.
Се слагам со се, освен со вториот дел на последната реченица.
Системот е крив, ама мислам дека ќе се опоравиме.
Ние сме народ што никогаш немал своја држава и сега сме независни едно 30+ години. Сеуште сме во фаза на бебе. Пополека оди работата, ама се движи.
Како да видиме дали е подобро на најлесен начин?
- Запрашај се дали ти живееш подобро од твоите родители и они од нивните?
Во глобала, ова е точно. Сега пример дедо ми да види дека имам греење во WC ќе мисли дека сум крал (малку да се нашалиме)
Или еве 10годишен јас да се дружам со моите деца сега ќе мислам дека се страшни богаташи (ние сме нешто малку над стандардот, не сме којзнае што моментално).
Секако дека има и работи кои што се полоши, но тоа е глобален проблем, не е само кај нас. Исто така имаме осцилации во тие што ни се владетели во државава па одиме 2-3 чекори напред, па 1-2 назад, и така во круг.
Мојата филозофија е светот oколу мене да биде подобар. Не мора да е на глобално ниво. Може да е за сопругата, за децата, за родителите, блиските роднини и пријатели, колеги, околина итн.
Не сакам тука да навлезам политички, ама најголемиот грев што го направи Грујо не е што крадеше, криминали итн.
Најголемиот негов грев е што не раздели како другари, пријатели, роднини и комшии со патриоти и предавници. Ни ја зема емпатијата, другарството, помагањето едни со други и многу ќе е тешко да се вратиме назад.
Меѓутоа како што растат моите деца гледам еден друг свет. Младите и малите не еба***т 2%. Ни партии ни локални шефови и газди ни ништо. И давам 10-20г на државава кога моменталните Југословени ќе се малцинство и мнозинството во државава ќе се деца на Mакедонија. Тоа е моментот кога ќе се сменат многу работи (aко останат тука).
Ќе не биде, ама мора сами од себе и од својата околина да почнеме.
Се додека во менталниот код ти постои „ние" наместо ЈАС...Едноставно ние имаме глувчешки менталитет, постојано да сме во бегство од проблемите и да чекаме друг да ни ги реши, а кога ќе бидеме еден ден ЛАВОВИ ?