Антинаучна литеарура

  • Креатор на темата Креатор на темата J. T.
  • Време на започнување Време на започнување
Напредок е елиминирање и намалување на недостатоците.

И, која е крајната состојба од тој „напредок„?
Немој само да ми кажеш дека нештата напредуваат бесконечно, оти така, ојдовме во еволуционизам...
 
Логиката, сама по себе, никој не ја спори. Мојот омилен професор, ја стана логиката на врвот од сите науки, дури и пред математиката..
Епа тоа е вистината која е остната од науката.
 
И, која е крајната состојба од тој „напредок„?
Немој само да ми кажеш дека нештата напредуваат бесконечно, оти така, ојдовме во еволуционизам...
Не можам да кажам. Ама сигурен сум дека ако има таква состојба науката еден ден ќе ја најде. Религијата нема никогаш да може затоа што не ја бара.

А, еволуцијата е бесконечен процес за жал или за среќа.
 
Секоја генерација само открива повеќе од претходната и ги отфрла неточните претпоставки на претходните генерации.

Тоа што е непобитно докажано од претходните генерации секогаш останува.

А, каде беше твојата религија претходно и како мислиш тоа си остана иста? Од земјата е рамна и гопод го создал човекот до Земјата е округла и еволуцијата не може повеќе да се смета само за недокажана теорија (зборови на Јован Павле Втори, патем) ти не гледаш никаква промена?

Библијата вика Исус можел да лекува слепило...

А ти што велиш? Не ли е болдот точен?
 
...што е само Твој наивен став, оти си склон кон сциентизам и неговите вистини, т.е си пристрасен кон науките и не сакаш да ги признаеш нивните недостатоци...
Мики без навреда, ама твоево мислење е наивно. Секоја генерација која е склона на критично размислување ги отфрлува неточните сфаќања на претходната и ги надоградува своите знаења. Земи направи споредба на познавањата пред 2000, 1000, 500, 200 , 50 и 1 година во областите од медицина, хемија, информатика и ќе ти стане јасно што е муабетот.
 
Науката значи константно преиспитување, тестирање, надоградување на сознанијата и самокричност. За разлика од неа, догмата наметнува тврдење кое несмее да се преиспитува и негира без оглед на било што.
.

Науките никогаш нема да ни‘ испорачаат ниту една конечна вистина.
Догмата е соборно утврдена, проверена и докажана вистина, од Бога потврдена.

Така, не мешај и не споредувај човечки со Божји вистини...
 
Не можам да кажам. Ама сигурен сум дека ако има таква состојба науката еден ден ќе ја најде. Религијата нема никогаш да може затоа што не ја бара.

А, еволуцијата е бесконечен процес за жал или за среќа.

Откај знаеш дека е бесконечен процес, од твојава конечност на егзистирање?
 
А ти што велиш? Не ли е болдот точен?
Имплицирав дека христијаните страдаат од слепило со таа реченица...

Иако не требаше. Беше непотребна импулсивна провокација на која што за среќа MIKI1 не наседна и дискусијата продолжи нормално.
 
Мики без навреда, ама твоево мислење е наивно. Секоја генерација која е склона на критично размислување ги отфрлува неточните сфаќања на претходната и ги надоградува своите знаења. Земи направи споредба на познавањата пред 2000, 1000, 500, 200 , 50 и 1 година во областите од медицина, хемија, информатика и ќе ти стане јасно што е муабетот.

Да речеме дека си во право.

Е сега, ако тековната генерација луѓе „открие„ некоја „нова„ вистина или надгради некоја постојна вистина„, тоа значи дека претходната генерација луѓе живеела во заблуди? Или, ако некоја наредна генерација, открие уште „понова„ вистина од нашава/денешнава, значи дека ние, денес, живееме со и во наша заблуда, или во најдобар случај, во полу-вистина?
 
(y)
Точен одговор
 
И, која е крајната состојба од тој „напредок„?
Немој само да ми кажеш дека нештата напредуваат бесконечно, оти така, ојдовме во еволуционизам...
Зошто се предпоставува дека има крајна состојба? Може има , може нема, со времето ќе се утврди или пак може нема да се утврди. Наше е да откриваме како навистина стојат работите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom