Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
[DOUBLEPOST=1405775018][/DOUBLEPOST]
Да, од толку што е глупо, дури е и малоумно. А тоа го правиш во твојот пост, како и во целата дискусија што ја водите ти и либералот од wmro.

Не се споредува морски со езерски туризам. Ни бањски со алпинизам. Ни шах со руски рулет.
Ни Македонија со Грција.
Вие тоа го правите константно.
Што е прилично малоумно.
 
Ајде еве да е и антикампања за Охрид, како би се оправдале Охриџани ? Имаат нешто друго да кажат, се смениле со текот на годините?
Не, затоа и една мала антикампања може да го урне туризамот во Охрид. Да се охриџани свесни и да се поправиле во текот на годините, антирекламите на некои ситни портали со сметки од кафиќи ќе бидат предмет на потсмев, а не ударна вест.
 
Eдинствен малоумен муабет е твојот. Мислам, го спомнуваш Комо кога моментално ми текнуваат минимум 5 дестинации во Грција што имаат измислено убавина за тој Комо, за Хрватска и не ни почнувам. А другите СВЕТСКИ мориња каде се? Да ставам слики од морски туристички места, а ти ставај од езерски. Кој повеќе лајкови ќе собере м? Глупо е со глава во ѕид да се оди и да се споредува морски туризам со езерски
Не знам дали си свесен колку ти е противречен цел пост.
 
Кога се оценува туризмот треба да се земе во предвид општата ситуација на државата.
Не е тој посебен од сите други циклуси и фактори кои се дел од економијата и државата. А ситуацијата во Македонија е таква каква што е. Охрид е убав град со голем потенцијал но таков ќе остане се додека не се средат многу повеќе работи во оваа држава. Не очекувам никаков поголем прогрес, подем, на туризамот уште долго време.
А кога на крај на туристичката сезона ќе излезат министри, градоначалникот на Охрид и што ти јас знам некои си ликови кои се мислат дека се некој фактор и ќе изјават дека има пораст на туристи од странство за цели 5% да знаете дека само мачкаат очи.
И кога сме кај политичарите, дали и во земјите со развиен туризам како Италија, Франција, Шпанија....излегуваат и се фалат со бројки ?
 
И јас истото го прам :) Сега сигурно ме разбираш. И не само јас... голем дел од Охриѓаните, шо е нормално.

Целта на муабетов е дека Охриѓани како жители, многу малку имаат со неповолната - туристичка понуда. А сепак тие се главна мета

A zs vo Dubrovnik dan se site od Kralska Lozha? Sedi be :icon_lol:

I so tie Varosani glata mi ja potekovte. Ne znam sho gi spomvite ko tie se 7ma klasa vo Ohrid.
Aj da mi recis lugjeto od Debrca, Turcite, pa i nekoj familii od Velgosti... To e kremot. :cool:

Никола, дали бабата со охридски дијалект што ми го згасна телевизорот во сред ноќ, беше охриѓанка или што? Дали другата тетка пред некоја година кај што бев, што ми го гасеше бојлерот, беше охриѓанка или не? Итн, има многу примери. А пази, сместување сум платила како во Грција :) Еве, по тебе, колку во Охрид треба да платам за никој да не ме проверува колку време ми гори бојлер, телевизор, шпорет, колку вода трошам итн?
 
Така е, нема што да се правдаме. Сместувачките опции од типот подрум, летна куња, соба до соба каде што живеат газдите... е според мене замор, не одмор. Кај и да си.
Меѓутоа кога одиме во Грција на одмор, дали бараме соба/апартман што е во рамките на објект каде што живеат газдите? Не.
Сум бил преку 20 пати, ама никогаш кај некого дома, или со други фамилии со заеднички влез.
Па во рамките на еден одмор, интимноста според мене е основна потреба.

Значи планот се прави однапред. Ние денес не мојме да живејме со родителите, камоли со некој друг да ми висит на гла. Тоа е тоа.
И во Охрид има самостојни капацитети, каде што газдата го гледаш само кога ти го дава клучот, и кога плаќаш. Дел од нив се со пристојни цени, а има и такви што "ловат" повисока класа на луѓе. Се зависи од понудата.
Некој издава апартман, а тоа уствари обична соба со кнауф шминка.
Ама некој издава стварно апартман, со сите европски стандарди.
Во прашање е вкус, потреба, и колку гостинот е спремен да плати.

И не само во Охрид... низ Македонијава е сегде така.
 
Последно уредено:
Така е, нема што да се правдаме. Сместувачките опции од типот подрум, летна куња, соба до соба каде што живеат газдите... е според мене замор, не одмор. Кај и да си.
Меѓутоа кога одиме во Грција на одмор, дали бараме соба/апартман што е во рамките на објект каде што живеат газдите? Не.
Сум бил преку 20 пати, ама никогаш кај некого дома, или со други фамилии со заеднички влез.
Па во рамките на еден одмор, интимноста според мене е основна потреба.

Значи планот се прави однапред. Ние денес не мојме да живејме со родителите, камоли со некој друг да ми висит на глава. Тоа е тоа.
И во Охрид има самостојни капацитети, каде што газдата го гледаш само кога ти го дава клучот, и кога плаќаш. Дел од нив се со пристојни цени, а има и такви што "ловат" повисока класа на луѓе. Се зависи од понудата.
Некој издава апартман, а тоа уствари обична соба со кнауф шминка.
Ама некој издава стварно апартман, со сите европски стандарди.
Во прашање е вкус, потреба, и колку гостинот е спремен да плати.

И не само во Охрид... низ Македонијава е сегде така.
Баму стопанката да и го опра в’газ од кај до кај дојдоФне, од фискални до сместување .
АЛО ГОЈДА сте вие охриЏаниТе и толку немат појќе муабет праење.
Мора шапшал како можи стружани да се 100000 пати подобри домаќини од вас ? А на исто езеро сте шо е работава до ветрот е или до водата ?
 
Меѓутоа кога одиме во Грција на одмор, дали бараме соба/апартман што е во рамките на објект каде што живеат газдите? Не.

Јас полани во Несебар најдов апартманче каде газдите живееја на приземје, а објектот беше пола зграда/пола куќа на 4 спрата. Луѓето ги гледав само кога си одев/доаѓав од надвор или кога ги чистеа ходниците/WC-ињата/носеа чиста постелнина. Имав и клима и фрижидер и бојлер (кој го вклучував кога сакав) и телевизор и тн и тн. Ме прашаа кога се сместував дали сакам да доплатам и да ми го дадат даљинското за климата. Можеше да работи 24/7 ако сакав. И плаќав 10 евра од кревет.

Но и во Охрид истата година имав слично искуство во близина на Охридска. Се е релативно ваљда
 
Последно уредено:
Јас полани во Несебар најдов апартманче каде газдите живееја на приземје, а објектот беше пола зграда/пола куќа на 4 спрата. Луѓето ги гледав само кога си одев/доаѓав од надвор или кога ги чистеа ходниците/WC-ињата/носеа чиста постелнина. Имав и клима и фрижидер и бојлер (кој го вклучував кога сакав) и телевизор и тн и тн. Ме прашаа кога се сместував дали сакам да доплатам и да ми го дадат даљинското за климата. Можеше да работи 24/7 ако сакав. И плаќав 10 евра од кревет.
NOOOOOOOOOO IS NOT POSIBLEo_O
 
Секаде има позитивни примери, јас неколку години по ред бев со смештај у Охрид во центарот на градот каде газдите живееа во истата куќа, но човекот го видов само еднаш кога плаќавме последниот ден, дури и првиот ден не се видовме, клучот не чекаше на врата се беше без проблем, не знам каде се овие досадни газди за кои сите зборуваат, може има на места ако сакате 200 или 300 денари од кревет во центарот, е па за таа цена не треба премногу да се очекува.
 
Градот на инцестоидните фарошани го споредуваш со дубровник бе :pos:
ДУБРОВНИК
ДУБРОВНИК
ДУБРОВНИК
ДУБРОВНИК
ДУБРОВНИК
Од историски аспект е споредбата и големината на градовите, нема потреба да зборуваме за историски знаменитости за Охрид, ако те интересирала археологијата би знаел барем малку за својата историја и какви се артефакти се пронајдени баш во охридскиот регион односно плаошник и самоиловата тврдина.
Друга работа староста на езерото, флора и фауна што само тука ја има, специјалитети од типот :ѓомлезе, риба, питулици...па дури и охридски варен геврек може да го класифицирам како специјалитет.
За ноќен живот имаш 10тина дискотеки онака убаво средени, со различна музика (во секој кафич секоја вечер има жива музика), има и концерти, има и охридско лето, нема шанси да ти биде досадно.
Ако мислите дека нема што да се види во Охрид, еве некој туриста си направил видео, разгледајте го
http://www.youtube.com/watch?v=kefHXMP0tEM
Зошто мислиш дека Дубровник нуди многу многу повеќе од Охрид?
И дали знаеш какви се цените таму?
Баму стопанката да и го опра в’газ од кај до кај дојдоФне, од фискални до сместување .
АЛО ГОЈДА сте вие охриЏаниТе и толку немат појќе муабет праење.
Мора шапшал како можи стружани да се 100000 пати подобри домаќини од вас ? А на исто езеро сте шо е работава до ветрот е или до водата ?
Друга работа, гледам селскиов стил на пишување од градот на мајмуните ти е. Дали за пивофест се наплаќа влез во градот или е анти реклама и за Прилеп?
http://think.mk/2014/07/20/neverojatno-prilepchani-naplakaat-vlez-vo-gradot/
Пс. Варошани се само 10% од градот ако не и помалку.
 
Охрид и туризам...
Да не е на Манчевски некој трилер ова ?

Како беше поранo;
- Kаде на одмор?
Eхх.. во Охрид (страмежливо)

Денес;
- Каде на одмор?
Ехх.. до Грција (страмежливо, онака)

Така е оти денес само богаташи одат Охрида.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom