Јас сакам да го споделам моето искуство со анксиозноста, можеби на некој ќе му помогне или ќе го охрабри.
Во неколку наврати на повеќе места имам прочитано дека многу се имаат изјасното како резултат на короната добиле анксиознот, кај мене не беше тоа случајот. Почетоците беа некаде во јуни 2021г, кулминацијата во октомври кога и се решив дека јас сама не можам веќе и побарав психолог.
Бев на моето прво работно место, пресензитивна работа со деца, малку токсична работна средина, имав раскинато долга врска на која мајка ми тогаш ми се налути и некое време не разговаравме, успат се појави и еден психопат. На се ова додадете и некои детски трауматични искуства за кои јас мислев дека се некаде избришани потиснати а сами излегоа на површина со работата која што тогаш ја работев. Од оваа временска дистанца мислам дека тоа беше окидачот, се што било потиснато некаде во несвесното само исплива на површина и ме покоси со се друго пропратно што се случуваше тогаш во мојот живот.
Познавајќи се себе си пред тоа а и до ден денес мене прво ми реагира желудник. Моментално губам апетит, црева ми се превртуваат во тој период ослабнав 10кг. Не ми се јадеше воопшто, едвај со сила ставав залак, хроничен умор, не можев да седам дома само сакав да излезам надвор, никогаш ненаспана, кога ќе се сетев дека утрото треба во 8 да се вклучам на компјутер да работам ми се повраќаше. Работев од дома од 8 до 4 некогаш одев во канцеларија. Кога ќе завршев во 4 јас не можев да се вратам во живот до 7 саат како во транс бев. Се уште ја паметам ситуацијата кога млеко тетрапак фатив од страна го исеков со ножици да си ставам во чаша не го перцепирав дека има капаче да се одврти. Почнав главоболки да добивам, да се грчам, имав кошмари едвај спиев, кожниот дел на креветот го демолирав со нокти. Не чуствував никаква среќа, не знам зошто живеев. Можеби само трошка надеж ми влеваше внука ми која тогаш имаше речиси 2 години и почна да ме вика тета.
Петок, сабота, недела обавезно бев некаде искочена да пијам. Почнав прилично доста да конзумирам алкохол само за да се исклучам од реалниот свет, тогаш сфатив дека ова не може да продолжи морав да се соочам што е проблемот. Имав пари, имав друштво, имав кола можев да правам што сакам кај сакам а јас умирав одвнатре. Тоа е незамислива борба со мозокот. Само двајца знаеа дека периодот ми е ужас и ми даваа некаков ветер во грб и тоа не се членови на семејството. Моите дома дознаа многу покасно каков период сум поминала.
Август 2021 бев на одмор со некаков грч мислев дека таму ќе се подобрам, море, сонце, друштво но ништо од тоа. Не знам како го преживеав септември во октомври закажав една онлајн психотерапија но девојката едноставно мене не ми одговараше не можев да се поврзам и отворам. По препорака се слушнав со друг психолог и закажав сесија. Ми даде насока за еднаш во две недели јас сакав секој петок додека не се доведам во некоја рационална состојба и така бидна. Секој петок имав психотерапија. Правев тестови, правев вежби што ми даваше, запишав курс за техники за дишење, одев некогаш на литургии, ја читав од Скот Пек-Патот по кој поретко се оди. После месец ипол почуствував поместување, како да почнаа коцките да се местат. Мозокот ми се фокусираше на донесување одлуки, поткренав самодоверба, поголема енергија, научив да кажувам не, што до тогаш тој збор не ми беше познат. Ја продолжив психотерапијата еднаш во две недели се до крајот на декември. Дадов отказ од работа, прекинав лажни привреми пријателства, мајка ми ме ислуша и сфати дека не смее така да ми реагира, добив елан за живот.
Од тогаш до денес мислам на друг левел сум во животот од емоционално, духовно, енергетско, рационално ниво.
Лани мојот дечко замина на подолг период во странство имав една така блиц мисла што ако ме фати анксиозност особено во зимскиот период кој мислам дека навистина ми смета. Ништо од тоа не се случи сметам дека тоа е резултат на мојот сегашен мајндсет и техниките кои телото ми ги владее од првото искуство. Јас никогаш немав панични напади не знам дали е тоа поради брзото мое реагирање или има други фактори се надевам дека веќе никогаш нема да го искусам тоа што тогаш го поминав.
Од моето искуство не знам како може човек сам да преброди анксиозност без стручна помош и колку е таа долготрајна и функционална но секоја чест и за нив. Моја топла препорака е и за тие што пијат терапија не изостанувајте од психотерапија.
п.с знам има многу полоши случаеви од мојот но доколку можам на некого да помогнам со било каков совет тука сум, можете слободно и во порака.