Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување
Често ја гледаме анксиозноста како непријател и сакаме само да ја отстраниме. Но, можеби токму тоа е тоа што ја одржува и храни.

Често зад анксиозноста се крие некаква порака за нас - порака за нашите вистински потреби и емоции кои сме ги потиснале.

Ако ја слушнеме анксиозноста може и ќе добиеме некаква порака за нашите потиснати потреби.

Можеби ако изградиме поинаков однос со неа, однос во кој ќе станеме сојузници, наместо непријатели , таа ќе престане да нè блокира, и ќе почне да не води кон послободен и помирен живот.

Во овој блог текст може да прочитате како да ја препознаеме пораката на анксиозноста и да изградиме поинаков однос.

Однос преку кој ќе ја претвориме од непријател во наш сојузник.


Поздрав и ви посакувам мирен ден
 
Здраво на сите,

Би сакал да споделам еден блог текст кој го напишав неодамна - на тема: Што се случува во мозокот кога сме анксиозни и како тоа знаење може да ни помогне?

Се надевам ќе ви биде од корист.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/shto-se-sluchuva-vo-mozokot-koga-sme-anksiozni

Убав ден
 
Здраво на сите,

Го споделувам новиот блог пост кој го напишав на тема анксиозност. Се надевам ќе ви помогне

Во овој блог пост пишувам како да ги активираме внатрешните капацитетите за само-поддршка кога сме анксиозни или поминуваме низ тежок период.

Тие внатрешни капацитети се нешто со секој го има. Тоа се спососбности да:

  1. Да ги забележуваме своите мисли и емоции - без осуда, со љубопитност.
  2. Да ги слушнеме емоциите и пораките што ги содржат емоциите
  3. Да избереме како ќе постапиме со мислите и емоциите, наместо тие да го контролираат секое наше однесување.
  4. Да си дадеме поддршка и љубов – дури и во мигови кога ни е најтешко.
Повеќе прочитајте


Поздрав и ви посакувам мирен и убав ден
 
Здраво на сите,

Повелете еден текст на тема Внатрешен критичар и анксиозност кој го напишав од Гешталт перспектива.

Има вредни информации за кои се надевам ќе ви помогнат.


Убав ден :)
 
Ви споделувам нов блог на тема Внатрешен критичар (кој може да е тивкиот мотор на анксиозноста во позадина)

Во текстот е вклучена техника од Гешталт психотерапијата која може да пробате да ја направите сами и да видите дали ќе ви помогне.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/kako-da-se-spravime-so-vnatresniot-kriticar

Се надевам ви користат текстовиве што ги праќам тука.

Убав ден на сите.
 
Здраво,

Еден од најчестите стравови кои ја хранат анксиозноста е стравот за нашето здравје. Постојан страв дека нешто лошо ќе ни се случи.

Во блог текстот подолу може да прочитате што е можно да направиме со стравовите од перспектива на Гешталт психотерапија.

Во Гешталт психотерапијата клучно за справување со анксиозноста е враќањето во сегашниот момент.

Сегашниот момент е единствената можност каде што можеме да стапиме во контакт со стравот. Тогаш се отвораат можности да го истражиме и да одлучиме што ќе правиме со него.

Во текстот има и вежба од Гешталт психотерапијата за справување со стравовите.


Убав ден
 
Ја сум анксиозен и не ме боли к. за моето телесно здравје зашто духот ми е приоритет кој фала му на Креаторот одлично ме служи..Во која категорија припаѓам според вашите овоземни критериуми..
 
Здраво на сите

Ви испраќам линк од нов блог текст кој го напишав на тема анксиозност од Гешталт перспектива.

Овој пат пишувам за моќта на само-сочувството и како може таа практика да ни помогне во справување со анксиозноста.

Имено, Внатрешниот критичар може да биде еден од тивките двигатели на анксиозноста. Доколку останеме водени од неговите само-осудувачки како 'не сум доволно силен/а", "не смеам", "морам" - тогаш лесно ја потхрануваме анксиозноста. Додаваме масло на оганот.

Во моменти на само-критика многу силна алатка е нашиот капацитет да си дадеме само-сочувство. Да се потсетиме дека сме само човек и дека не сме сами во ова што ни се случува. Да си ги прифатиме своите несовршености и да си го дадеме тоа што ни е потребно.

Ако сакате да прочитате повеќе линкот е подолу

Во блог текстот има и кратка вежба како можеме да вежбаме само-сочувство кога ни е најмногу потребно.


Поздрав до сите ние кои сме тивки - но силни борци со анксиозноста.
 
Здраво

Советувалиштето за Хумана Соработка - Гешталт Македонија и Живата соба објавуваат натпревар за најинспиративна порака, на прашањето:

Ако се погледнам со очи полни љубов - каква порака би си пратил/а на крајот од оваа година?

Најинспиративните пораки ќе добијат бесплатен курс за справуање со анксиознист.

Линк до натпреварот:


п.с. еве ја мојата порака за себе:

"БРАВО! БРАВО!

Браво за храброста, решителноста да тргнеш кон она што го сакаш!

Браво за сите некомфортни и застрашувачки ситуации во кои одлучи да влезеш.

Браво за тоа што и покрај се одиш напред. Одиш напред и покрај тоа што сеуште не гледаш резултати. Одиш напред не само храбро, туку и мудро. Оди напред чекор по чекор, ден за ден, момент за момент.

Браво што бираш да ја вложиш твојата енергија во нешто значајно. Нешто што ќе го направи овој свет малку подобар. Браво, а можеше да одлучиш да играш побезбедно.

Браво за трудот што го вложуваш секој ден. За дисциплината секое утро да се појавиш таму каде што е потебно – колку и да ти е тешко, немаш волја и ти изгледа како да нема смисла.

Браво што си сочувствителен, емпатичен, креативен, свесен човек.

Несовршеностите не ја покажуваат твојата вредност. Твојата вредност е во твојата намера и труд.

Браво што избираш да ги прифатиш сите твои делови и аспекти – без разлика колку и да сакаш да ги поправиш, елеминираш.

Браво за тоа како ги менаџираш моментите на неуспех, сомнежи, само-критика и осуда.

Браво за сочувството што си го даваш.
Браво за храброста да одиш во длабокото, во сенките и да разбереш што се крие таму.

Браво за болката што ја поднесуваш – знаејќи дека таа ќе ти донесе раст и мир.

Чекори во ритам со универзумот. Сурфај од бран до бран. Следи го течението и пушти да те изненади животот.

Што е твое, ќе си дојде."


Ако сакате споделете ја Вашата

Убав ден!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom