Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување
Често ја гледаме анксиозноста како непријател и сакаме само да ја отстраниме. Но, можеби токму тоа е тоа што ја одржува и храни.

Често зад анксиозноста се крие некаква порака за нас - порака за нашите вистински потреби и емоции кои сме ги потиснале.

Ако ја слушнеме анксиозноста може и ќе добиеме некаква порака за нашите потиснати потреби.

Можеби ако изградиме поинаков однос со неа, однос во кој ќе станеме сојузници, наместо непријатели , таа ќе престане да нè блокира, и ќе почне да не води кон послободен и помирен живот.

Во овој блог текст може да прочитате како да ја препознаеме пораката на анксиозноста и да изградиме поинаков однос.

Однос преку кој ќе ја претвориме од непријател во наш сојузник.


Поздрав и ви посакувам мирен ден
 
Здраво на сите,

Би сакал да споделам еден блог текст кој го напишав неодамна - на тема: Што се случува во мозокот кога сме анксиозни и како тоа знаење може да ни помогне?

Се надевам ќе ви биде од корист.

https://www.gestaltmacedonia.com/post/shto-se-sluchuva-vo-mozokot-koga-sme-anksiozni

Убав ден
 
Здраво на сите,

Го споделувам новиот блог пост кој го напишав на тема анксиозност. Се надевам ќе ви помогне

Во овој блог пост пишувам како да ги активираме внатрешните капацитетите за само-поддршка кога сме анксиозни или поминуваме низ тежок период.

Тие внатрешни капацитети се нешто со секој го има. Тоа се спососбности да:

  1. Да ги забележуваме своите мисли и емоции - без осуда, со љубопитност.
  2. Да ги слушнеме емоциите и пораките што ги содржат емоциите
  3. Да избереме како ќе постапиме со мислите и емоциите, наместо тие да го контролираат секое наше однесување.
  4. Да си дадеме поддршка и љубов – дури и во мигови кога ни е најтешко.
Повеќе прочитајте


Поздрав и ви посакувам мирен и убав ден
 
Здраво на сите,

Повелете еден текст на тема Внатрешен критичар и анксиозност кој го напишав од Гешталт перспектива.

Има вредни информации за кои се надевам ќе ви помогнат.


Убав ден :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom