Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување
Сега пијам камилица. Лаванда барав по дуќаните, нигде не најдов. За микс имам читано дека може да дојде до компликации, незнам дали да верувам.

Дада немој, опасни последици и компликации. Консултирај се со доктор обавезно(y)
 
Долг е процесот, во принцип го тренираш мозокот и ги заменуваш лошите мисли со добри, односно бараш решение за сѐ негативно што ќе ти помине во глава. Пример, излегуваш надвор и си мислиш „ќе добијам напад на паника“ и на тоа додаваш рационално решение за ситуацијата и се убедуваш дека дури и да се случи тоа, ќе има некој наоколу што ќе ти помогне што и да се случи. Овака некако фунционира и дел од когнитивната терапија. Имај на ум дека мозокот ти е истрениран да бара негативна во сѐ, ти ќе мораш да го одучиш од ова.
Агде извини што малку подоцна ти ' одговарам. Тие процеси на замена на негативните мисли со позитивни не се едноставни.

Јас сум моментално 90 посто среден. Немам панични, несоници и соматизации. Покрај асентрата, највеќе ми помогна менување на шемите и патернот по кој мојот мозок функционира, а со тоа и постепено менување на погледот на светот.

Остануваат тие 10 посто да ги санирам, а тешко ми оди - што според мене се клучни во целосно закрепнување. Се уште ми се јавуваат лоши мисли. Јас на пр. не се плашам дека ако излезам ќе добијам паничен, срцев удар, тешка болест.Мене ме прогонуваат мисли поврзани со лоши спомени и искуства од минатото - кое не можам да го закопам. Тоа ми е најтешко , да почнам да да ги одбивам тие црни мисли.
 
Читајте го Мевљана Џалалудин Руми ;)[DOUBLEPOST=1508356438][/DOUBLEPOST]
Трола дечкото.[DOUBLEPOST=1508356883][/DOUBLEPOST]Вистината е дека ништо не помага, освен симптоматска терапија која ќе помогне за отстранување на тегобите и менување на ставот, навиките, начинот на размислување. Не можеш да го уќутиш мозокот, но можеш да почнеш да соработуваш со него и да го натераш да почне да работи во своја полза, а не штета. Не знам дали тоа е дел од процесот на когнитивно-бихејвиорална терапија, но после неколкугодишна интроспекција мислам дека почнувам да ја сфаќам суштината на анксиозноста.
 
Последно уредено:
Боречки вештини помагаат за анксиозност. Не тренирам, така ми кажале.
 
Боречки вештини помагаат за анксиозност. Не тренирам, така ми кажале.
Можеби помагаат, иако не гледам причина зошто баш конкретно боречки вештини би помогнале, а играње баскет не. Сакам да кажам дека било каква физичка активност која ќе ти го окупира времето би имала некакво позитивно влијание, сепак на крајот на денот не ти го решава проблемот конечно. Истото важи можеби и за исхрана, социјализација и слични активности кои се препорачуваат. Сепак мора да се работи на промена на самиот себе што е фундаментална причина за појава на анксиозноста.
 
Штетниот ефект на загадувањето целосно се елиминира со витамин ц

Штетниот ефект на седење со ништо.

За анксиозност, само кардио со висок и континуиран интензитет - обична физичка активност не е доволна
 
Можеби помагаат, иако не гледам причина зошто баш конкретно боречки вештини би помогнале, а играње баскет не. Сакам да кажам дека било каква физичка активност која ќе ти го окупира времето би имала некакво позитивно влијание, сепак на крајот на денот не ти го решава проблемот конечно. Истото важи можеби и за исхрана, социјализација и слични активности кои се препорачуваат. Сепак мора да се работи на промена на самиот себе што е фундаментална причина за појава на анксиозноста.

Секој спорт помага, вклучувајќи го и мојот омилен: од кревет на стол, од стол на кревет. :D:D:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom