Anime vs Live Action

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Кој и да гледал некоја аниме серија во последно време знае дека овој жанр е многу напреднат особено во стилот на приказните кои г раскажува. Денес имаме речиси идентичен број на аниме серии колку и Тв серии кои се емитуваат во америка. Се разбира има добри и лоши серии има и добри и лоши аниме.
Идејата тука е да споредиме неколку аниме серии со неколку live action американски серии и да видиме кои се подобро.

Затоа најпрвен номиниран две култни серии кои се доста слични по содржина

LOST vs WHEN THEY CRY

Двете серии се комплицирани мистерии. Во двете серии постои мистерија за тоа дали мистеријата во приказната е од натприроден карактер, научно-фантастичен и двете или ниеден.
И двете серии имаат многу добро дефинирани карактери како и добро формулирана мистерија.
За мене подобра е WTC пред се затоа што серијата е доста побрза и целата приказна е раскажана во 50 епизоди. Единствен недостаток е тоа што не ги објаснија сите мистерии во приказната но сега со OAV се исправаат голем број од дупките.
 
Обожавам аниме, ама сепак мислам дека не може да се спореди со live action бидејќи никогаш со аниме не би можеле толку добро да ги искажат експресиите на луѓето, нивните лица кога глумат, толку добро да испадне синхронизацијата на гласот, деталите и сл.
 
Еј еј споредбава. А оти не европска анимација vs live action или пак американска (јапонските техники на анимација не се супериорни над останатите, сите си имаат своја убавина).

Туку, ти ги споредуваш овие две работи преку темите кои ги обработуваат, приказната. При такви споредби техниката на изработка е во втор план.
А те навело да ја отвориш оти во последно време Јапонциве прават доста цртани со теми кои подобро ќе одговараат да се направат во live action, и обратно.

Како и да е, доколку се споредуваат сеопфатно со сите елементи, можи да се продискутира нешто на тема „Анимација и Live Action“, а не само аниме, а вака ако се споредува само еден елемент незнам што интересно ќе се кажи.
 
Веќе објаснив зошто. Затоа што тоа се двете најголеми индустрии и едиствени кои произведувааат големо количество на серија на годишно ниво. Сепак изразот аниме не е ограничен само на јапонска анимација, туку се однесува на сите анимации, па така да ако сакаш можеш да споредиш и европска анимација.

Што се однесува до споредба можеш да споредуваш што сакаш. Јас лично обрнувам внимание на три работи од кои приказна, карактери и музика. А кои други елементи би се споредувале и баш не сум сигурен. Јас барем на форумов не сум приметил да се споредув нешто друго ни кога се споредуваат серии и филмови.

И причината која ме наведе не е тоа што сум видел дека е направен Airbender филм, напротив тој цртан никогаш не сум го сакал, секогаш ми бил нешто како лоша имитација на Naruto, Dragonball и Yu Yu Hakusho со елементи на драматизација од Tsubasu Chronicles. Темава ја отворив затоа што во летниов период како и сите претходни има слабо квалитетни и интересни американски серии за гледање па често гледам доста аниме.
 
Веќе објаснив зошто. Затоа што тоа се двете најголеми индустрии и едиствени кои произведувааат големо количество на серија на годишно ниво. Сепак изразот аниме не е ограничен само на јапонска анимација, туку се однесува на сите анимации, па така да ако сакаш можеш да споредиш и европска анимација.
Аниме е јапонски израз за анимација, па кога ќе се речи аниме се мисли на јапонска анимација.

Што се однесува до споредба можеш да споредуваш што сакаш. Јас лично обрнувам внимание на три работи од кои приказна, карактери и музика. А кои други елементи би се споредувале и баш не сум сигурен. Јас барем на форумов не сум приметил да се споредув нешто друго ни кога се споредуваат серии и филмови..
А визуелниот дел изгледа не го споредуваш? Еве на што јас би обрнал внимание.
На опкружувањето (фантастично, урбанистично, SF), и тоа се формира и од приказната и од цртежот. Друго што гледам цртежот, стилот на цртање, па анимацијата, нејзината флуидонст и брзина, камерите, прегледноста, ефектите, art direction, колоритност, editing/storyboarding итн.

И причината која ме наведе не е тоа што сум видел дека е направен Airbender филм,
Повеќе мислев на тоа првото, аниме со теми кои можат да се направат и live action. Како што кажа аниме е голема индустрија па и голем дел од цртаните се со такви теми. А дека постојат теми кои се само за анимација постојат, најчист пример е Loony Tunes, ела направи го live action тоа. А и на многу фантастички приказни повеќе и одговара анимација, пример се цртаните на Мијазаки, на Дизни.

напротив тој цртан никогаш не сум го сакал, секогаш ми бил нешто како лоша имитација на Naruto, Dragonball и Yu Yu Hakusho со елементи на драматизација од Tsubasu Chronicles.
Avatar: the last airbender во целина гледано е одлична серија. Да има земано елементи од повеќе места но дека е имитација никако.
 
Аниме е јапонски израз за анимација, па кога ќе се речи аниме се мисли на јапонска анимација.

Напротив, anime пред се е стил на правење на цртани. Самиот го даде како пример Avatar кој е американски цртан но сепак се смет за аниме.

--- надополнето ---

А визуелниот дел изгледа не го споредуваш? Еве на што јас би обрнал внимание.
На опкружувањето (фантастично, урбанистично, SF), и тоа се формира и од приказната и од цртежот. Друго што гледам цртежот, стилот на цртање, па анимацијата, нејзината флуидонст и брзина, камерите, прегледноста, ефектите, art direction, колоритност, editing/storyboarding итн.

Опкружувањето како и атмосверата за мене се дел од приказната. Камера, пресеци на камера движења глума не можат воопшто да се споредуваат. Едитирање може до некаде но јас барем не сум стручен да го коментирам тоа, ти ако си слободно пробај.

--- надополнето ---

Avatar: the last airbender во целина гледано е одлична серија. Да има земано елементи од повеќе места но дека е имитација никако.

Дали е имитација или не е доста дикутабилно. Сепак јас барем во тоа аниме не видов ништо ново и оригинално, ништо што претходно не сум го видел во некое друго аниме. исти приказни, исти поделби на земји, тепање, пријателство, дружење. Аватар се потпира на добро позната формула заснова на веќе постоечки и успешни franchais но сепак тоа не го прави лошо аниме.
 
Сум изгледала многу Live Action филмови и серии на познати аниме/манга. Сакам се! Но, некако повеќе ги преферирам корејските отколку јапонските xD

Според мое мислење, јапонците некако претеруваат во глумата и знаат да ми делуваат многу вештачки у одредени моменти, посебно кога прават remake-ови на романтични/комични аниме и кога сакаат да го доловат тој комичниот аниме ефект. Не им оди баш најдобро у тоа поле хахах :D
Но, од друга страна им ги обожавам хорор филмовите! :LOL:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom