Android 4.1 Jelly Bean

  • Креатор на темата Креатор на темата kobrata
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа новата верзија на Андроид?

  • Вкупно гласачи
    74
Член од
11 јуни 2011
Мислења
382
Поени од реакции
187
Возраст
34
Што мислите за новата верзија на Андроид, според анализите ќе биде доста побрза, со доста новитети. Поддршка за флеш ќе нема новата верзија, но сеуште ќе може да се користи.
jellybean1.jpg

Да бидам искрен освен што е пооптимизиран (доста е побрз и нема lag - редно беше) и некои мали козметички промени, нема некоја голема разлика од ICS 4.0.4, да не речам 80% е ист. Едноставно, ке почекаме да излезат финалните верзии па ке ги видиме разликите. :)
 
Исти е со ICS, скоро исти. Али ако си „развивач“, developer... е тука веќе имаш многу повеќе опции. Така да за обичните корисници, JB не е ништо поразличен од ICS. :)
 
Јас да си кажам дека на Nexus интерфејсот не го бива ич, ама ич!

Црно-бел целиот, заедно сосе менијата и сетинзите. Нормално дека ќе биде брз после ебате, минималистички до коска...
 
What about Google Now? :)
Нема многу подобрувања за корисниците, но за девелоперите каде каде има еден куп ствари...
 
Бидејќи не ми се отвара нова тема, ќе прашам овде...
Официјално џелибин беше претставен на нексус 7. А дали, и кога и каде, ќе се продава овој буџетен таблет во македонија?
 
Во средината на Јули треба да почне да се продава, ваљда нема да го чекаме многу време за да стигне до тука со оглед на тоа дека има далеку поприступачна цена од некои други таблети.
 
Таблетов што го претставија ми се допаѓа, убава цена ефтин доста. Но 7 инчен што е ми е безвеза. Па телефониве сега се по 5 инчи. Ако успеат да направат со иста цена а 10 инчен би зел.

И овие како iOS почнаа, минимални надградби да прават, интересно е тоа што гоогле сакал оваа верзија да биде 5.0 но операторите се бунеле заради апдејтите. Народот вака нема толку да го сака и да се буни за овој апдејт. Да беше 5.0 ќе се кренеше доста галама.
 
Имаме еден iFag на темава кој гласал дека не му се допаѓа 4.1.
Што се однесува до големината на таблетот, мислам дека е таман. 10 инчи не е практично некако. Според мене барем.
 
Хмммм..... да погодам кој е, од прва :).

Инаку за големината на екранот, се е до вкус, мене лично кога збориме за таблет повеке ми одговара 10 инчен, колку толку да можам да го заменам лаптопот со него. А и не го носам во џеб па да ми смета. :LOL:
 
Побрз и пореспонзивен од ICS, само тоа е доволно за да ми се допага.
 
Имаме еден iFag на темава кој гласал дека не му се допаѓа 4.1.
Што се однесува до големината на таблетот, мислам дека е таман. 10 инчи не е практично некако. Според мене барем.

3ца гласале бе, а кој е тој, Joey демек? :)

Него, не е поентата дали ти одговара тебе лично 10 или 7 инчи, целата смисла на Андроидот е избор - си зимаш каков ти одговара највеќе тебе. Затоа воопшто не ми е јасно како можеше Google да го ограничи таблетов на 7 инчна верзија само.

Веројатно е финта за другите хардверски партнери, ќе им речат демек "еве, не се натпреваруваме со вас, немаме 10 инчна верзија, you're safe!".
 
На широко се пишува дека таблетов во суштина треба да му биде силна конкуренција на Kindle Fire. Fire-от досега беше достапен само на американски пазар (и сеуште е, се чека на двојката да видат дали ќе се смени нешто). Еве еде добар линк за тоа што наводно му е намерата на Гугл со Нексус 7.
Мене лично најпривлечно кај таблетов ми е цената. 200 долари е лудница цена за таков хардвер. И онака би го користел за сурфање, некој стрим на видео и слично. За гледање филмови и слично си имам друга опрема, па не ми пречи што нема MicroHDMI. Уште подобро ако се има некој да ти го донесе од Америка, кај нас ко по обичај, ќе го направат 300 јурци и не е истото. Имам Kindle 4, тој е некаде 6 инчи и се чита супер кога го држам во рака, така да 7 инчи сигурно би ми било ок за сурфање, што значи гласам за таа големина на екран.
 
Ама и ти ми идеш контра сега чисто колку да се контраш...

Ми викаш дека лудница е хардверот за тие пари, а ќе го користиш за сурфање и стрим на видео. Што ти прави тогаш разлика?
 
Не бе другар, немам намера да ти идам контра. Квалитетен хардвер е. Тегра 3, IPS екран, АСУС изработка со Google. Кога кажав квалитетен хардвер мислам на изработка и делови (наспроти некои кинески и слични таблети што се продаваат по цена од 10.000 кај нас). Првичната употреба ја гледам тука, а како ќе продолжам да го користам ќе видам кога ќе го имам. Добриот хардвер го прави и малку future-proof нели?
Поздрав (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom