Во средината на Јули треба да почне да се продава, ваљда нема да го чекаме многу време за да стигне до тука со оглед на тоа дека има далеку поприступачна цена од некои други таблети.Бидејќи не ми се отвара нова тема, ќе прашам овде...
Официјално џелибин беше претставен на нексус 7. А дали, и кога и каде, ќе се продава овој буџетен таблет во македонија?
Хмммм..... да погодам кој е, од прва .Имаме еден iFag на темава кој гласал дека не му се допаѓа 4.1.
Што се однесува до големината на таблетот, мислам дека е таман. 10 инчи не е практично некако. Според мене барем.
3ца гласале бе, а кој е тој, Joey демек?Имаме еден iFag на темава кој гласал дека не му се допаѓа 4.1.
Што се однесува до големината на таблетот, мислам дека е таман. 10 инчи не е практично некако. Според мене барем.
На широко се пишува дека таблетов во суштина треба да му биде силна конкуренција на Kindle Fire. Fire-от досега беше достапен само на американски пазар (и сеуште е, се чека на двојката да видат дали ќе се смени нешто). Еве еде добар линк за тоа што наводно му е намерата на Гугл со Нексус 7.3ца гласале бе, а кој е тој, Joey демек?
Него, не е поентата дали ти одговара тебе лично 10 или 7 инчи, целата смисла на Андроидот е избор - си зимаш каков ти одговара највеќе тебе. Затоа воопшто не ми е јасно како можеше Google да го ограничи таблетов на 7 инчна верзија само.
Веројатно е финта за другите хардверски партнери, ќе им речат демек "еве, не се натпреваруваме со вас, немаме 10 инчна верзија, you're safe!".
Ама и ти ми идеш контра сега чисто колку да се контраш...На широко се пишува дека таблетов во суштина треба да му биде силна конкуренција на Kindle Fire. Fire-от досега беше достапен само на американски пазар (и сеуште е, се чека на двојката да видат дали ќе се смени нешто). Еве еде добар линк за тоа што наводно му е намерата на Гугл со Нексус 7.
Мене лично најпривлечно кај таблетов ми е цената. 200 долари е лудница цена за таков хардвер. И онака би го користел за сурфање, некој стрим на видео и слично. За гледање филмови и слично си имам друга опрема, па не ми пречи што нема MicroHDMI. Уште подобро ако се има некој да ти го донесе од Америка, кај нас ко по обичај, ќе го направат 300 јурци и не е истото. Имам Kindle 4, тој е некаде 6 инчи и се чита супер кога го држам во рака, така да 7 инчи сигурно би ми било ок за сурфање, што значи гласам за таа големина на екран.
Не бе другар, немам намера да ти идам контра. Квалитетен хардвер е. Тегра 3, IPS екран, АСУС изработка со Google. Кога кажав квалитетен хардвер мислам на изработка и делови (наспроти некои кинески и слични таблети што се продаваат по цена од 10.000 кај нас). Првичната употреба ја гледам тука, а како ќе продолжам да го користам ќе видам кога ќе го имам. Добриот хардвер го прави и малку future-proof нели?Ама и ти ми идеш контра сега чисто колку да се контраш...
Ми викаш дека лудница е хардверот за тие пари, а ќе го користиш за сурфање и стрим на видео. Што ти прави тогаш разлика?