Ancient Aliens

D

dzale1

Гостин
Сега го гледав документарецов и решив да го споделам со вас. Сакам да го чујам вашето мислење.

 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Според насловов на клипот би требало да стои антички вонземјанi, ако може воопшто да се наречат антички. :)
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Имам гледано за слична работа во овој документарец
Инаку тој е од 1973 година и е правен според книгата на Ерик Фром Деникен - “ Кочиите на боговите „ . Во него се зборува за теоријата дека всушност боговите во религиите на старите цивилизации се вонземјани кои дошле на планетава и на луѓето им дале знаења во прв ред од областа на градежништвото (пронајдени се дури и галвански батерии и скици на авиони и разни летачки бродови), потоа математиката, медицината и други. Како награда за тоа луѓето им препишувале магични својсва и им се молеле. Интересна теорија во секој случај.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
"Античките вонземјани" е американска ТВ серија, емитувана за прв пат во 2010 година Преку документарен стил таа претставува теории, хипотези, документи, мислења на научници и скептици за стореното контакти на човечката раса и вонземски разум. Ако имате време и желба треба да ги погледнете овие епизоди.

 
S

Sagan

Гостин
:) Пред два дена ги симнав прва и трета сезона. Втората не ја најдов.
Обавезно ќе ги гледам.
 
D

D_NazGUL

Гостин
:) Пред два дена ги симнав прва и трета сезона. Втората не ја најдов.
Обавезно ќе ги гледам.
Како бе пријателе си ја симнал трета сезона кога сега се снима и искочени се само 3-4 епизоди. Инаку одлична серија, само што сеуште не ми е јасна поентата на гркот со косата. :pos:
Шала на страна, се сметам за човек кој отсекогаш отворено пристапувал кон ваквите теории и морам да кажам дека серијава во поголемиот дел ме фасцинира со своите видувања на митовите, легендите и воопшто историјата.
Серијава настапува оштро и провокативно и нема да изгуби ама баш ништо, напротив може само да натера голем број на луѓе да почнат да истражуваат и да поставуваат прашања.
 
S

Sagan

Гостин
Епа колку-толку, поарно од ич. Ги имам the return, old west, monsters, sacred places и temples of god. Другите кога ќе ги закачат.
 
S

Sagan

Гостин
Првата епизода од сезона 1 се задржува на два антички артефакти: јужноамериканските златни предмети налик на авиони и дрвената птица од Египет. Другиот дел е посветен на стари индиски скрипти кои содржат инструкции за градење вселенски брод и некоја света етиописка книга.

Птицата ја тестираат и е аеродинамичка, макетата од “авионите“ лета без проблеми.

--- надополнето: Oct 1, 2011 8:19 PM ---
Епизода 2 од сезона еден разработува теории за издолжените черепи пронајдени насекаде низ Земјата. Една од нив е дека черепите не се вонземјански, туку намерно деформирани (практика која ја практикувале-ат многу народи), со цел да се достигнат особините на суштествата кои се имитирале.

Перу


Африкански деца со намерно деформиран череп



Озирис (последната слика) богот слезен од ѕвездите на Орион


Фараонот Акенатен, десно со својата жена и нивните деца. Овој фараон за време своето владеење ги забранил сите богови, освен богот-Сонце.
Вреди да се погледа целата епизода.
 
S

Sagan

Гостин
Епизода 3 од сезона 1, насловена како “Мисија“ разработува теории зошто вонземјани воопшто би доаѓале на Земјата.

Една од нив е дека се во потрага по ресурси (метали како злато за градење вселенски бродови, заштитни костуми од радијација, чипови, или жива за одржување на технологијата на антигравитација). Според оваа теорија, на Земјата тие затекнуваат хомо-еректуси, кои и не биле нешто многу паметни за да им бидат од корист, па со генетски инженеринг ги создаваат први сапиенси, кои им служат како робови за вадење злато и други потреби.

Според оваа теорија, Библијата не лаже кога вели дека вонземјаните стапувале во интимни односи со човечките жени, кои ги сметале за особено убави, и кои им раѓале “полубогови“ кои имале надчовечки способности.
1 Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,
2 Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.
Битие, прва книга Мојсеева, глава 6.
Според ова, првиот грев е осознавањето на човекот дека не мора да биде ничиј роб, и се побунува против вонземјаните експлоататори. Но затоа пак, тие ја напуштуаат планетата и ги лишуваат од целото знаење кое го поседувале.

Теоријата предлага дека Ноевата арка, всушност била вонземјанска банка на гени од сите видови животни, на кои тие му дале инструкции на Ное како да ја направи (бидејќи самиот Ное бил половина вонземјани, од мајка човек, заради што бил спасен), па при напуштањето на Земјата, вонземјаните уништуваат сѐ што е живо, како одмазда кон непослушноста на човекот.

Другата теорија е дека Земјата ја користат за “жнеење гени“ кои ги користат за создавање нови видови од корист на нивните планети (за што предлагаат докази од типот на многу исчезнати луѓе со индиции дека биле киднапирани од вонземјани, им биле вадени полови клетки и сл., некои од нив пуштени назад), или многуте најдени животни, прецизно дисекцирани.

Теоријата на Зоолошка градина, пак, предлага дека Земјата и луѓето не се од интерес на вонземјаните, бидејќи од нас немаат никаква корист, па од време навреме ја посетуваат планетата, како што ние правиме кога одиме во ЗОО, да ги гледаме животните.
--- надополнето: Oct 2, 2011 4:33 PM ---
Неколку слики од епизода 4.

Annunciation with St. Emidius (1486), Carlo Crivelli.


The Madonna with Saint Giovannino, Domenico Ghirlandaio (1449-1494)


Glorification of the Eucharist, Bonaventura Salimbeni 1600
 
S

Sagan

Гостин
Епизода 5...
15 Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.
16 Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.
17 При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.
18 А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.
19 Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.
20 Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.
21 Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата...
Библија, Езекиел 1



Не се разбирам многу во физика, ама објаснувањата се дека направа како оваа подолу (жироскоп), составена од цевки во форма на тор, наполнети со жива, кога ротираат на ваков начин, создаваат момент како на видеото погоре и антигравитациона сила... Somebody help!
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Епизода 5...




Не се разбирам многу во физика, ама објаснувањата се дека направа како оваа подолу (жироскоп), составена од цевки во форма на тор, наполнети со жива, кога ротираат на ваков начин, создаваат момент како на видеото погоре и антигравитациона сила... Somebody help!
za toa kako funkcionira letrackata cinija najdobar primer koj objasnuva e na bob lazar covekot koj rabotel vo area 51, i kade objasnuva deka kako gori se koristi materija i antimaterija, e sega kolku e mozen ovaj spoj koj znae teoretski ako se odi materija i antimaterija ako dojdat vo kontakt se osloboduva golema eneregija pogoelma duri i od atomskata
--- надополнето: Oct 5, 2011 5:49 PM ---
Епизода 3 од сезона 1, насловена како “Мисија“ разработува теории зошто вонземјани воопшто би доаѓале на Земјата.
jas bi rekol vrska nema ova so si go pisal zosto eve zosto
kako prvo na prasanje zosto bi dosle ufo na zemjata ?
poznatiot fizicar hopkings glavna cel po koj bi dosle ufo e mozebi slicna na istorijata na rana amerika odnosno i tie kako prvite osvojuvaci konkvistatori bi ja iskoristile zmejata za resursi i sigurno bi se naselile na nea i bi gi koristele lugjeto kako hrana sto po mnogute indijanski legendi i ne e za cudenje za demonski sustestva koi lovele lugje dlaboko vo sumata .
za da proraboti teorijata so noevata arka prvo treba da se potvrdi edna stara teorija deka imalo potop do sega nikoj ne utvrdil a nitu pa ima dokaz za toa da upati deka nekogas zemjata vo svoeto minato bila potopena. taka da ovaa teorija zaedno so teorijata na za genezata na covekot od ufo dovolen e videovo od Predator
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Абе аман,најмалку во 10 теми се има зборувано за ова сега нова тема ли ?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Абе аман,најмалку во 10 теми се има зборувано за ова сега нова тема ли ?
Тема дека сме биле посетувани од вонземјани во минатото јас немам сретнато ...па ако имаш нешто во врска со тоа слободно кажи а за темава дали треба да постои или да се спои со друга тема е одлика на админите или модераторите
--- надополнето: Oct 6, 2011 11:09 AM ---
 

Kajgana Shop

На врв Bottom