Anathema

  • Креатор на темата Креатор на темата burn84
  • Време на започнување Време на започнување

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Локација
40 miles from the sun
anathema.jpg

Анатема е рок група формирана во Ливерпул Англија и се едни од основачите на дум метал жанрот. Се работи за 4-ца момци (на концерти им се приклучува уште една девојка и типац на сајзер). Всушност тоа се две различни семејства со неверојатен музички талент и визија.
Со секој албум напредуваат и ја надградуваат музичката насока, моментално тоа што го свират претпоставувам се нарекува амбиентален емотивен рок...или нешто така.
До сега имаат 8 тудиски албуми, последниот е 2010 и е сосема различен од се што имаат работено до сега.
Форумџиите што ме познаваат исто така знаат дека не би пишувал за некоја група доколку не сум апсолутно фасциниран од неа и музички и текстуално.
Е па Анатема се препородување за мене...
Ако ве интересира подетално нешто за нив
http://en.wikipedia.org/wiki/Anathema_(band)#Studio_albums
Сега доаѓа делот каде што треба да ставам некоја песна...искрено ова ми е проблем затоа што изборот е....лудило не знам што да ставам.
Мислам дека Fragile Dreams им е една од најпрепознтливите иако ни од далеку не ја дофаќа нивната генијалност.

Понатака ќе одберам повеќе песни што мислам дека треба да се слушнат.
Ако има некој да каже нешто за нив повелете, ако некого интересира нешто слободно нека праша :)
 
God bless you Burn...:pipi:
Скраја да е , фалеше нешто ново...го најдовме.:salut:
 
Ааххх Анатема.Имаат нешто во нивните песни што те тера да ги слушаш. Не им знам којзнае колку песни но околу 10-15 стварно ги преслушав и се одлични.


И едно клипче како дечкиве додека се одмараат си свиркааат:)
 
Колку меланхолично, депресивно, тажно... прекрасно. Одличен бенд. Првите два албуми им се со потежок doom/death звук. Од третиот албум Eternity преминуваат кон помелодичен и атмосферичен звук со чист вокал. Alternative 4 е албумот што некако ми остава најсилен впечаток

 
Многу ми е криво што ќе им го пропуштам концертот во Грција есенва :(
 
Анатема имаа планови за концерт во Софија, мои пријатели се подготвија да одат, ама за жал концертот беше откажан заради некакви малверзации финансиски од организаторите.
 
Мн квалитетен бенд. Бенд со душа, знаење, уметнички прогрес....Албум до албум ремек дело. Али ко голем фан на екстремен дум, Серенејдс нај мерак ми прави :))
 
Пред месец ипол излезе новиот албум Weather Systems и сите песни ми се свиѓаат
 
Секој нов им е подобар, штета што не се многу популарни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom