A
AnFem
Гостин
Значи веќе се согласивме дека со денешниве луѓе не е возможно овакво општество, затоа што ќе настане хаос. Да не се повторуваме.Зависи. Некој се ориентираат исклучиво за конкретен колапс, на пример енергетска криза која ќе го блокира транспортот, комуникациите и слично, а некој киолапс во општа смисла, кога би се распаднале сите структури на цивилизацијата и би завладеал хаос.
Има на нет, еве од прва едно линкче за нив што најдов: http://www.shtfplan.com/emergency-preparedness/rise-of-the-preppers-50-of-the-best-prepper-websites-and-blogs-on-the-internet_02012013
Премногу розово сценарио е тоа. Види го опкружувањето околу себе, види ги разликите и конфликтите насекаде низ светот. Светлосни години далеку е човештвото од моментот кога нема да му требаат авторитети, власт и закони.
Анархијата е еден вид на самостојност но во колективна смисла, а самостојноста бара со себе одговорност. Човештвото во моментов во поглед на зрелост и одговорност е на ниво на пет годишно дете. Е сега колку е паметно на дете да му дадеш да прави што сака мислам дека не е ни потребен коментар.
Што се однесува до организирање на истомисленици со цел да живеат без обврските и придобивките на општеството, тоа е сосема возможно, такви примери имало и има и сега.
Рековме и дека бунтот кај народот е знак на покачување на свеста, ама очигледно и за тоа не сме сеуште спремни.
А уште понеспремни сме да разговараме за линков што си го пуштил, затоа што сеуште основата на анархизмот не е сфатена, не па овакви подлабоки нешта.