Имам протеини во урина со ознака (1), шо треба да значи ова?
Имаш некој воспалителен процес. Во никој случај не треба да имаш позитивни протеини во урина, а камоли 4 како што ти кажаа погоре.
Обавезно да се јавиш кај матичен лекар.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Имам протеини во урина со ознака (1), шо треба да значи ова?
Овие два се покачени
Триглецерити 2.2
Вкупен Холестерол 7.1
Чисто информативно колку треба да бидам загрижен?
Малтене и да не јадам месо дома, ниту пак сувомесни производи и навистина не знам како да го решам холестеролот со диета.
На што друго треба да внимавам при исхраната за да го доведам во нормала?
Овие два се покачени
Триглецерити 2.2
Вкупен Холестерол 7.1
Чисто информативно колку треба да бидам загрижен?
Малтене и да не јадам месо дома, ниту пак сувомесни производи и навистина не знам како да го решам холестеролот со диета.
На што друго треба да внимавам при исхраната за да го доведам во нормала?
Не јади шеќери.
Не јадам скоро ич благо, редовно конзумирам и Омега 3 пилули, единствена слабост во исхраната ми се тестенините и зголемената консумација на лебот сега во зима со ајвар.
Најверојатно ќе треба да се откажам т.е намалам со тоа.![]()
Дедо ми е опериран од малиген тумор на малиот мозок, и веќе 5 месеци прима хемотерапија, односно пие Темодал капсули од 250. Проверуваме редовно крвна слика, до сега се беше во ред, но утрово тромбоцитите му беа 128, матичната докторка рече да се консултираме со доктор на онкологија, меѓутоа таму кога се јавив веќе сите доктори биле заминати затоа што биле во амбуланта до 13:00 часот.
ОК, а со која храна може да се качат тромбоцитите?Дедо ти прима од хемотерапевтикот Темодал кој како несакано дејство дава намалување на тромбоцитите (140-360 Gpl/L) со 128 тромбоцити нема место за паника, меѓутоа треба да се следи периодично крвната слика и контрола кај онколог.
ОК, а со која храна може да се качат тромбоцитите?
Гуглав и најдов милион работи кои ги намалуваат тромбоцитите, а ништо што ги покачуваСо никоја. Само редовни контроли на бројот на тромбоцити и ако стане премногу низок ќе треба да прими тромбоцитен концентрат.
Нека внимава сега, нека избегнува работа со остри предмети и ако почнат да му се појавуваат модринки и крварење од носот нека се исконсултира со докторот што треба да направи.
Гуглав и најдов милион работи кои ги намалуваат тромбоцитите, а ништо што ги покачува
Омега 3 ја смалува агрегацијата на тромбоцитите.
ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ТАХЕБО Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.
Гуглав и најдов милион работи кои ги намалуваат тромбоцитите, а ништо што ги покачува
Омега 3 ја смалува агрегацијата на тромбоцитите.
ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ТАХЕБО Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.
Благодарам. Тие 2 примери што ги дадов беа за зболемен број, сакав да кажам дека нема информации како против намалување. Во неговиот случај нема метастази, туку глиоми.Циге, информацијата шо си ја нашол е половина неточна а другата половина неправилно ја интерпретираш, подобро е да не правиш експерименти.
Агрегацијата на тромбоцитите може и со обичен аспирин да се среди, ама не е тоа тука проблемот кај дедо ти, дедо ти има намален број а тоа и не го зголемува ризикот од тромбоза туку обратно, доколку продолжат да се намалува нивниот број ќе искрвари од најмала рана.
Затоа е потребна редовна контрола, да се види дали намалениот број се должи од хемотерапевтикот, од спленомегалија или па во најлош случај од појава на рецидив и инвазија на метастази во коскениот мозок, сепак во овој случај сметам дека за сега нема место за паника и за инфилтрација на метастази или пак до некакво заболување на коскениот мозок, бидејќи во тој случај ќе биде засегнати и еритроцитите и леукоцитите.
Затоа нека си оди дедо ти на контрола и да ги слуша советите на лекарите.