Анализа на крв - толкување резултати

Имам протеини во урина со ознака (1), шо треба да значи ова?

Имаш некој воспалителен процес. Во никој случај не треба да имаш позитивни протеини во урина, а камоли 4 како што ти кажаа погоре.

Обавезно да се јавиш кај матичен лекар.
 
Здраво нова сум на форумот и сакам да прашам. Денес ми правија крвна анализа резултатите ке ми ги дале за 2-3 дена па заборавив да прашам дали при таа анализа на крв ке ми ја напишат и крвната група пошо не сум давала крв за анализа и нз како одат тие работи( ми треба да полагање за возачка) и ми дадоа некој флаери за донации на крв. Дали би уживала некој привилегии доколку станам донатор ?

Благодарам однапред
 
Дедо ми е опериран од малиген тумор на малиот мозок, и веќе 5 месеци прима хемотерапија, односно пие Темодал капсули од 250. Проверуваме редовно крвна слика, до сега се беше во ред, но утрово тромбоцитите му беа 128, матичната докторка рече да се консултираме со доктор на онкологија, меѓутоа таму кога се јавив веќе сите доктори биле заминати затоа што биле во амбуланта до 13:00 часот.
 
Овие два се покачени

Триглецерити 2.2
Вкупен Холестерол 7.1

Чисто информативно колку треба да бидам загрижен?
Малтене и да не јадам месо дома, ниту пак сувомесни производи и навистина не знам како да го решам холестеролот со диета.
На што друго треба да внимавам при исхраната за да го доведам во нормала?
 
Па мала доза на загриженост треба да имаш. Холестерол нормален до кај 6.0, триглицериди до 2.0.
Клише препорака ; не јади мрсни работи, избегавај бел леб, избегавај доцна навечер да јадиш итн итн.
Купи си омега 3 или плус масни киселини по едно навечери и по 1 месец направи контрола.

И нормално, појди си кај матичен лекар, најубо ќе ти кажи.
 
Овие два се покачени

Триглецерити 2.2
Вкупен Холестерол 7.1

Чисто информативно колку треба да бидам загрижен?
Малтене и да не јадам месо дома, ниту пак сувомесни производи и навистина не знам како да го решам холестеролот со диета.
На што друго треба да внимавам при исхраната за да го доведам во нормала?

Не јади шеќери.
 
Не јади шеќери.

Не јадам скоро ич благо, редовно конзумирам и Омега 3 пилули, единствена слабост во исхраната ми се тестенините и зголемената консумација на лебот сега во зима со ајвар.
Најверојатно ќе треба да се откажам т.е намалам со тоа. :(
 
То е то, лебот си го прави своето, мислам можеш ти да си внесуваш нормално шеќери преку овошјето, нели ипак треба шеќер за да се храни мозокот, но тестенини мораш да избациш тие најмногу дебелеат, како и компири и ориз.
Префрли се на растителни протеини, леќа, грав, грашок и не се замарај многу за холестеролот и триглицеридиве ќе си се намалат со тек на време. Јади помалку пржена храна.
 
Дедо ми е опериран од малиген тумор на малиот мозок, и веќе 5 месеци прима хемотерапија, односно пие Темодал капсули од 250. Проверуваме редовно крвна слика, до сега се беше во ред, но утрово тромбоцитите му беа 128, матичната докторка рече да се консултираме со доктор на онкологија, меѓутоа таму кога се јавив веќе сите доктори биле заминати затоа што биле во амбуланта до 13:00 часот.

Дедо ти прима од хемотерапевтикот Темодал кој како несакано дејство дава намалување на тромбоцитите (140-360 Gpl/L) со 128 тромбоцити нема место за паника, меѓутоа треба да се следи периодично крвната слика и контрола кај онколог.
 
ОК, а со која храна може да се качат тромбоцитите?
 
Со никоја. Само редовни контроли на бројот на тромбоцити и ако стане премногу низок ќе треба да прими тромбоцитен концентрат.
Нека внимава сега, нека избегнува работа со остри предмети и ако почнат да му се појавуваат модринки и крварење од носот нека се исконсултира со докторот што треба да направи.
 
Гуглав и најдов милион работи кои ги намалуваат тромбоцитите, а ништо што ги покачува

Омега 3 ја смалува агрегацијата на тромбоцитите.
ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ТАХЕБО Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.
 
Нема ниедно природно средство за покачување на тромбоцитите, не се мачи, не си троши време.
Таа бројка што ја имаш пишано е пониска од нормалата, но не е страшна и нема потреба за паника, очекувано е да се намали бројот на тромбоцити од таква терапија. Ако продолжат да паѓаат ќе се исконсултирате со докторот и ќе се преземат соодветни мерки.
Едит: Не го туткајте човекот со секакви чаеви и „природни“ средства затоа што може да направат интеракција со лековите кои ги прима и само да му направите беља. Не му давајте ништо без да го прашате докторот.
 
Гуглав и најдов милион работи кои ги намалуваат тромбоцитите, а ништо што ги покачува

Омега 3 ја смалува агрегацијата на тромбоцитите.
ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ТАХЕБО Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.

Циге, информацијата шо си ја нашол е половина неточна а другата половина неправилно ја интерпретираш, подобро е да не правиш експерименти.

Агрегацијата на тромбоцитите може и со обичен аспирин да се среди, ама не е тоа тука проблемот кај дедо ти, дедо ти има намален број а тоа и не го зголемува ризикот од тромбоза туку обратно, доколку продолжат да се намалува нивниот број ќе искрвари од најмала рана.

Затоа е потребна редовна контрола, да се види дали намалениот број се должи од хемотерапевтикот, од спленомегалија или па во најлош случај од појава на рецидив и инвазија на метастази во коскениот мозок, сепак во овој случај сметам дека за сега нема место за паника и за инфилтрација на метастази или пак до некакво заболување на коскениот мозок, бидејќи во тој случај ќе биде засегнати и еритроцитите и леукоцитите.

Затоа нека си оди дедо ти на контрола и да ги слуша советите на лекарите.
 
Благодарам. Тие 2 примери што ги дадов беа за зболемен број, сакав да кажам дека нема информации како против намалување. Во неговиот случај нема метастази, туку глиоми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom