Анализа на крв - толкување резултати

Дали е премногу ниско и опасно серумско железо да е 5? (Препорачани граници од 9 до 30). Хемоглобин 11,6 (11,5 до 16,5). Се работи за 40 годишна жена.

Мене ми беше 3, али хемоглобинот ми беше добар, докторката ми препорача семе од коприва да ставам во мед и тоа да јадам -.-. Не ми препишаа никакви апчиња.
 
Што значат ниските вредности на CRP во крвта и од што можат да бидат предзвикани?:)
 
Само комплетно здраФ човек може да предизвика ниски вредности на CRP!
 
Вчера направив крвна слика CRP е 12 а пишува дека треба да е под 6 дали може да е покачено ако се земе во предвид дека исто така вчера не се чуствував добро имав покачена температура со повраќање или сепак се работи за нешто по сериозно...
 
Здраво. Не' носеа на систематски од работа, и ни проверуваа крв. После неколку дена ни ги дадоа резултатите. Во извештајот ми пишуваше " Лесно покачен шеќер во крвта " ми беше 6.47 од дозволено 6.1.. Дента пред да ми мерат накај 18h јадев едно парче блага торта, може ли од тоа да биде покачен? Исто така пред тоа неколку дена имав стресови ( земјотресот ) па може се' да е спобрано и да имало мало пореметување.... Треба да се плашам или.. ??
 
Здраво на сите
Имам едно прашање на крвна слика се ми е во ред освен алкална фосфатаза на 25.11 ми беше 219 а два дена подоцна правев тест и ми е 212 ќе може ли стручно мислење благодарам однапред
 
Ве молам за помош! Денеска правев крвна слика по моја желба иако имам настинка и до вчера пиев антибиотици. На тестот забележав намалени лимфоцити кои денес ми изнесуваат 1,09 (12.7%) а покачени Неутрофили 7.10. Нормалните лимфоцити се од 1.2 - 3.2 а Неутрофили 2.0 - 7.7.

И одма погуглав на интернет и прочитав дека причина за нискиот левел на лимфоцити е канцер или ХИВ бидејќи само овие тешки болести ги намалуваат под нормалата.

И ме фати голема паника. Најдов два стари резултати од претходно направени анализи. Едниот ми е правен во 06.2014 и на него сум имала лимфоцити 2,78 (40,2%) додека на тест кој го правев пред 4 месеци, во август при кој имав крвава урина поради камен во бубрег резултатите ми биле 1,75 (23,3%), што значи сум имала пад на лимфоцитите од 2014 наваму.

Дајте ми совет? ХИВ не сум била на ризок но ме фати паника и се на тоа мислам. Единствено ако се смета за ризик тоа што од 2009 до 2014 работев во интернет кафе клуб каде доваѓаа наркомани но и геј дечки па од нив преку отворена рана или слично сум закачила нешто. Сексуално не сум била на ризик воопшто.
 
18(2)_Zrinski%20Topic_tablica1.jpg

и таа ти е во ред , да имаше некое сериозно пореметување во организмот вредноста ќе беше тродупло, мнооогу повисоко од тоа што го имаш ( ако нешто пиеш алкохол ..намали):pijani:
 
Ве молам за помош! Денеска правев крвна слика по моја желба иако имам настинка и до вчера пиев антибиотици. На тестот забележав намалени лимфоцити кои денес ми изнесуваат 1,09 (12.7%) а покачени Неутрофили 7.10. Нормалните лимфоцити се од 1.2 - 3.2 а Неутрофили 2.0 - 7.7.

И одма погуглав на интернет и прочитав дека причина за нискиот левел на лимфоцити е канцер или ХИВ бидејќи само овие тешки болести ги намалуваат под нормалата.

И ме фати голема паника. Најдов два стари резултати од претходно направени анализи. Едниот ми е правен во 06.2014 и на него сум имала лимфоцити 2,78 (40,2%) додека на тест кој го правев пред 4 месеци, во август при кој имав крвава урина поради камен во бубрег резултатите ми биле 1,75 (23,3%), што значи сум имала пад на лимфоцитите од 2014 наваму.

Дајте ми совет? ХИВ не сум била на ризок но ме фати паника и се на тоа мислам. Единствено ако се смета за ризик тоа што од 2009 до 2014 работев во интернет кафе клуб каде доваѓаа наркомани но и геј дечки па од нив преку отворена рана или слично сум закачила нешто. Сексуално не сум била на ризик воопшто.
Си имала настинка, нормално е да ти се намалени лимфоцитите, а и онака се минимално под границата. Нема никаква потреба од паника.
 
Дали е опасно ако тромбоцитите се на горна граница односно 330, а ренџот е од 150 - 350? Како да ги намалам? @Psyside @AlternativeF @Kadaif
 
Последно уредено:
Дали е опасно ако тромбоцитите се на горна граница односно 330, а ренџот е од 150 - 350? Како да ги намалам? @Psyside @AlternativeF @Kadaif
Во граници на нормала се, нема зошто да се интервенира. Ако мислиш дека има било каква потреба од узбуна (ако имаш некои невообичаени симптоми) оди кај матичниот.
 
Очекував подетален одговор. За на матичен знам дека треба да одам но мислев да не треба да променам нешто во навики или да внесам нешто во исхрана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom