Ај демек и јас да пробам да пишам анализа, ама не сум на 100% после празнициве така да..на кратко
Тенеси Тајтнс - 0% шанса за титула. Нема што да се збори, најслаба екипа во цел плејоф се. Можеби би можеле една добра утакмица да изненадат, ама дури и тоа ако се случи нема што да бараат во плејофот освен да се натпреваруваат.
Бафало Билс - 1% шанса за титула. Чисто да не е без ич пошто сите ќе ги потценуваат, до сега се носеа ок со солидни екипи и имаат млад КБ.
Минесота Вајкингс - 5% шанса за титула. Исто како и Хјустон имаат добар тим ама се губат кога треба нешто посериозно да се појави. Башка..Кирк Казнс да се покаже кога најмногу треба? И тоа пар мечеви по ред? Лол бе..
Хјустон Тексанс - 5% шанса за титула. Имаат добар тим. Играа слично како и минатата сезона. Имаат потенцијал ама... некако им фали нешто. До сега не прикажаа нешто премногу ама...ете, ќе видиме за повеќе дали можат. Мора да станат поозбилни ако сакаат поозбилни резултати.
Филаделфија Иглс - 5% шанса за титула. Ех, какви ги има, овие и добри се. Докажаа дека можат да се носат со секого без разлика на повредите. И тоа пар сезони по ред иста приказна. Повреди, проблеми, држ недај.....ама ете ги, во плејоф, а таму дефинтиивно може се да се случи. Ако им се вратат некои играчи дефинитивно можат секого да победат.
Сиетл Сихокс - 10% шанса за тиутла. Добри се, добар тренер, добра екипа, топ одбрана, солиден напад....ама ете, и тие со проблеми во одбрана. Ако не се лажам најмногу мечеви имаат во цела лига што се решени со one score. Очекувам напнати мечеви со секого, и да, можат да победат секого, само им фали нешто повеќе, истото што им фалеше и во последнвоо коло со СанФран
Сан Франциско 49ерс - 10% шанса за титиула. Им фалат некои работи дефинитивно. Мислам дека ќе бидат one and done ама ќе видиме. Не смеат да се заборават работите од регуларниот дел. Имаат потенцијал ама сепак мислам нема да направат нешто премногу иако, имаат солиден распоред и шанса за СБ..што да не..
Грин Беј Пакерс - 10% шанса за титула. Грин Беј без Роџерс исто ко Македонија без Лазаров.
Њу Ингланд Пејтриотс - 15% шанса за титула. Ете, бидна и тоа чудо, вајлд кард за Пејтриотс. Без тоа ќе им дадев поголема шанса ама вака..ќе биде напнато. Дефинтивно Пејтриотс крварат сезонава. Факт е дека можат да се носат со сите во АФЦ ама..ќе треба да се намачат богами..три недели по ред да се играат напнати мечеви со овој тим нема да биде така лесно..па после тоа и СБ.... ќе видиме, не се отпишуваат Петс никако
Балтимор Рејвенс - 20% шанса за титула. Супер КБ, маестрална одбрана, експлозивен напад, одличен тренер..навидум го имаат соврешниот спој..се додека не го прочитаат Ламар и не изгубат со 10+ разлика
Канзас Сити Чифс - 20% шанса за титула. Посериозни од минатата сезона, со одмор во вајлдкард викендот, посериозен Махомс, и тренер што конечно ќе проба да се докаже повторно во плејофот. Сепак, да се победат Петс и Рејвенс ќе биде пеколно пеколно тешка задача за се стигне во СБ? А таму? Кој знае..
Њу Орлеанс Сејнтс - 25% шанса за титула. Мислам дека сите коцки им се наместени. После поразите во последните сезони, оваа година изгледаат спремни да одат до крај. Огромен минус е што мора да играат плејоф, ама дефинитивно покажаа повеќе од Сан Фран и Грин Беј во регуларниот дел од сезоната. Одлични во апсолутно секој аспект од играта па дури и special teams. Ќе бидат мотивирани...проблем е што најверојатно само еден меч би играле на домашен терен, и тоа огромен, ама...ќе видиме.
Тоа е тоа.
Вкупно -126% пошто никаква логика не важи во НФЛ плејоф
