Bitcoin
₿
зато нема да е претседател.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ромни е супер:
Каква е „ситуацијата“ на терен мерило се MSNBC.Дури и синот на Тим Расерт го вклучија за да потпомогне малку, ама тешко им иде, многу тешко...
Галуп со начинот на пребројување малку се тешки за ориентација, но Галуп имаат мало отстапување. Скоро во сите анкети води Ромни.
Ајде малку математика на темава.
За да ги добие изборите Ромни треба:
1. Да ги добие сите држави што ГОП ги доби со МекКејн во 2008. Тоа се: Alabama, Alaska, Arizona, Arkansas, Georgia, Idaho, Kansas, Kentucky, Louisiana, Mississippi, Missouri, Montana, Nebraska, North Dakota, Oklahoma, South Carolina, South Dakota, Tennessee, Texas, Utah, West Virginia и Wyoming.
Според анкетите, а и според традицијата сите тие ќе ги добие прилично лесно. Тоа се сигурни 173 делегати.
2. Треба да ги добие државите што Буш поглупиот ги добиваше во 2000 и 2004. Колорадо (9 гласа, сеуште води Обама), Индијана (11 гласа, Ромни води убедливо), Северна Каролина (15, Ромни води тесно), Охајо (18, државата која гласа за победникот цело време, води Обама со 5 процентни поени во просек), Вирџинија (13, води Обама) и Невада (6, води Обама).
Ромни засега има само 26 од 72 делегати што мора да ги освои во овие држава ако сака да остане во трката. Притоа, освојување на Охајо, Вирџинија и Невада изгледа како многу невозможно од сегашна перспектива.
3. Доколку успее да ги добие сите држави од 2-рата точка би имал 245 делегати и изборите би се изедначиле со освојување на Флорида (држава која во последниве три циклуса еднаш се има определено за демократ, еднаш за републиканец и има едни нерешени контроверзни избори). Доколку изгуби во било која од државите од погоре би требало тоа да го надомести со освојување на држава која во последните 3 изборни циклуси двапати гласала за демократ. Такви се само Ајова (6, води Обама), Њу Хепшир (4, води Обама) и Њу Мексико (5, убедливо води Обама).
Поради бројките од рејтинзите во државите од точка 2 и неможноста да го компензира тоа со државите од точка 3, победа на Ромни изгледа како прилично невозможна мисија. Особено што Флорида (државата што доколку Ромни успее да направи чудо и да ги освои сите „републикански“ држави од последниве 3 циклуси) ќе го решава победникот. А таму живеат 23% хиспанци и 16% црнци.
Обама само треба да се погрижи да не се случи ништо значајно, што би можело да ја потресе политичката сцена, да не се избламира на дебатите (првата ќе се случи денес) - не би требало да му претставува проблем и има сигурно добиени избори.
Одлично ја води кампањава Ромни. Ако треба да типувам пак би типувал на Обама, заради Охајо (тој требаше да го добие само Охајо и се концентрира таму уште од првиот ден, Ромни имаше 10 држави за добивање), но Ромни си ја заврши работата за која беше избран. Ќе им донесе 220-230 електори на републиканците (без Флорида) кои ќе им бидат сигурни и за наредните избори. Тогаш тие избори би се изедначиле со освојување на Флорида и Охајо, што е многу поизедначена битка од тоа републиканците да мораат да бркаат 10 а демократите 1 држава. И ако се земе со предвид подобрата партиска структура и поголемата дисциплина на ГОП тоа се сигурно добиени избори. Мислам дека и тоа беше целта, затоа што тешко се добиваат на избори популисти како Обама.Индијана е веќе добиена, ми се чини и Северна Каролина. Во Вирџинија исто Ромни го превзеде водството. Битката ќе се бие во Колорадо, каде што е потполно издначено, Охајо и Невада, каде што сега Обама води тесно. Невада полека станува најголем проблем за Ромни, каде што наспроти генералната тенденција, водството на Обама се зголеми. Ако со некое чудо Ромни ги добие овие држави, мислам дека на Флорида сепак ќе победи.
Одлично ја води кампањава Ромни. Ако треба да типувам пак би типувал на Обама, заради Охајо (тој требаше да го добие само Охајо и се концентрира таму уште од првиот ден, Ромни имаше 10 држави за добивање), но Ромни си ја заврши работата за која беше избран. Ќе им донесе 220-230 електори на републиканците (без Флорида) кои ќе им бидат сигурни и за наредните избори. Тогаш тие избори би се изедначиле со освојување на Флорида и Охајо, што е многу поизедначена битка од тоа републиканците да мораат да бркаат 10 а демократите 1 држава. И ако се земе со предвид подобрата партиска структура и поголемата дисциплина на ГОП тоа се сигурно добиени избори. Мислам дека и тоа беше целта, затоа што тешко се добиваат на избори популисти како Обама.
Но, во последниве 2 недели Ромни направи страшни пресврти во некои држави, води на Флорида, што мене лично ме изненадува. Буш ја добиваше Флорида со силна помош од брат му, Ромни, иако има гувернер републиканец на своја страна, сепак тоа го прави сам. Заради предходниве две недели, би му оставил некоја аутсајдерска шанса дека може да направи чудо во следниве две. И заради желбата да победи републиканец, нормално.![]()
Ако Ромни почне да води во некоја од сините држави една недела пред изборите, ќе стане интересно. Ќе се сменат расположенијата во изборните штабови, ќе се изедначат коефициентите, експертите ќе станат попретпазливи (а тоа влијае и врз неопределените, кои имаат тенденција да гласаат за најверојатниот победник, а кога е неизвесно за тој што не ја брани власта) и ќе се отвори простор за пазарење.И јас мислев дека овие избори се завршена работа, но изгледа дека не е така. Сепак, шансите на Обама и понатаму се многу поголеми, пред се заради Невада. Кога би се случило чудо, и Ромни би победил во некоај од сините држави, се би можело да се промени. Мислам дека Ромни не сака да биде само џокер кој ќе ги истрча овие избори за следниот републикански кандидат на следните избори, тој сака да победи сега.
Инаку, Ромни во овој момент има повеќе шанси да добие во Ајова или Њу Хемпшир, отколку во Невада...