Американската компанија Кемет влегува во Бунарџик
Американската компанија Кемет влегува во Македонија- во Бунарџик ќе гради фабрика за кондензатори. Според информациите на Алфа, почетната инвестиција ќе изнесува 12 милиони долари, а не се исклучува можноста со развојот на производството да достигне и до 20 милиони долари. Фабриката ќе се гради во слободната економска зона на земјиште од 4,5 хектари, а ќе вработи помеѓу 400-тини и 500-тини луѓе.
Договорот за инвестирање помеѓу претставниците на Кемет и на Владата официјално ќе биде потпишан утре со што ќе се промовира американската инвестиција во Бунарџик. Засега и Владата и претставниците на Кемет кои се пристигнати во Македонија се воздржуваат од детали за договорот за инвестирање.
Компанијата КEMET со седиште во Северна Каролина е една од најпознатите Американски компании што произведуваат делови за електроника. Нејзини кондензатори се користени во мисии на НАСА, како што се Аполо и за роверите што сега ја истражуваат површината на Марс. Во Северна Каролина има два центри за иновации, а освен во САД производствени погони има и во Мексико, Кина, Италија, Англија, Португалија, Финска, Шведска, Германија и Бугарија.
Американска Кемет ќе биде четвртиот инвеститор во Бунарџик каде што засега работат Џонсон Контрол и Џонсон Мети, а се гради италијанската Технохозе.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=38580
Дај боже.Амин.
Само страв ми е и ова да не остане само на хартија, но ке се надеваме дека нема да биде така.