Те молам, на Амазон пазарам редовно, имам преку 200 порачки направено последниве две-три години, по десетина секој месец, уопште не им чуе ни на Американците, уште помалце на Кинезите и останатите, дали муштериите им се од сиромашната Македонија или било каде, парите се исти, ако гледаат бизнис логика, ќе тргуваат и со најзатуцаната земја у светов. Доставата на Амазон за продавачите е едноставно поделена по континенти, и сите продавачи кои имаат овозможено достава за Европа, доставуваат и до Македонија, затоа и реков не прави разлика дали си од Германија, Франција или Македонија, ако продавачот доставува во Европа, можеш да порачаш и од кај нас. Фактот што мнозинството продавачи не сакаат да продаваат во Европа воопшто, едноставно се должи на тоа што доставата за една прекуокеанска пратка за најмал пакет се движи од 30 долари, па нагоре, што го прави крајно неекономично тргувањето, дополнето со големата несигурност на таквите пратки, па и честите измами, и на повеќето не им се исплати да ризикуваат, да губат пари и да добиваат негативни рејтинзи.