Аманет

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Ј

јовица11

Гостин
Завчера започна снимањето на серијата "Аманет", пародија на јужноамериканските сапуници, во која ќе глумат многу наши естрадни фаци.Поп-пејачката Бојана Атанасовска е богата наследничка што живее на огромен ранч.За нејзиното наследство се борат двајца мажи, а од нив ја штити мајката на Бојана Боки 13-ка. На крајот излегува дека Боки е лошата мајка. Тој ќе се обиде да ја отруе Бојана за да $ ги ќари парите. Во целата приказна подоцна влетуваат и Тони Зен, дуото "Некст тајм", Јован Јованов, Елвир Мекиќ, раперот Слаткар....Македонските естрадни личности заеднички се вплеткани во серијата "Аманет", која ќе се емитува секој петок во состав на естрадниот магазин "Бекстејџ" на "Сител" ТВ. Уредничката на емисијата Снежана Велков која, заедно со нејзината екипа, е сценарист и режисер на серијата, вели дека публиката ќе ужива во јужноамериканска сапуница на македонски начин. Завчера на Хиподромот во Волково се снимаше првата епизода, во која глумеа поп-пејачката Бојана Атанасовска, модниот менаџер Мики Црнокрак, шоуменот Бојан 13-ка, менаџерот Кристијан Стефановски, водителот Миро Кацаров и манекенката и водителка Марјана Станојковска. "Кристијан сака да ја фати богаташката Бојана, а во Кристијан е вљубена Марјана. Бојан 13-ка ја глуми мајката на Бојана, која на крајот ќе се обиде да $ стави отров во чајот, со цел целото богатсво да го добие таа. Во втората епизода ќе се појави и Тони Зен, кој ќе се вљуби во сестрата близначка на Бојана, која работи во циркус. Планираме во овој проект да ангажираме добар дел од македонската естрада. Засега е сигурно учеството на 'Некст тајм', Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Слаткар, Тони Зен и на Џаро, а понатаму ќе ангажираме и други наши редовни соработници", ни раскажа Снежана. Интересно е што серијата ќе биде синхронизирана, естрадните личности ќе се појавуваат само како ликови, а нивните гласови ќе ги синхронизираат водители и актери. Според Велков, целта на "Аманет" е да ги насмее и забавува гледачите, а естрадата да ја видиме во малку поинакво светло.

:pop:

Помогни им Господе, не знаат што прават.
 
Не ја сфаќам воопшто поентава, ај да речеш овие нашиве фаци да глумат, али делот : Интересно е што серијата ќе биде
синхронизирана, естрадните личности ќе се појавуваат само како ликови,
а нивните гласови ќе ги синхронизираат водители и актери
не ми е ни малку јасен, нема никаква логика.
И какво е тоа исмевање на јужноамериканските серии кога Сител ги дава 8 на нивните програми, ова значи исмевање на сопствената програма:toe:
 
Лелеее мајко што нема да им текне...офф:tapp:
 
Силување за очи и уши.
 
Не ја сфаќам воопшто поентава, ај да речеш овие нашиве фаци да глумат, али делот : Интересно е што серијата ќе биде
синхронизирана, естрадните личности ќе се појавуваат само како ликови,
а нивните гласови ќе ги синхронизираат водители и актери
не ми е ни малку јасен, нема никаква логика.
И какво е тоа исмевање на јужноамериканските серии кога Сител ги дава 8 на нивните програми, ова значи исмевање на сопствената програма:toe:

Повеќе мислам дека е исмејување на А1, Сител *** ги боли за тоа дека се навредува и нивната програма со исмејување на латино сериите, но тоа е тоа, кога се глупи, тупи и некорисни :tapp:
 
леле и коњите ќе бидат синхрпнизирани уште и тоа мио фали
Срамота е ова што го прави сител
Со ова сами си се исмејуваат а не А1
 
Нека почне прво па после ќе заклучиме дали е добро или не..
 
леле какви дебилштини ццц ќе била синхронизирана а овие сите пеачи ќе се појавувале да ги видиме само колку се убави :pos2::pos2::pos2:
ќе било интересно :pos2:поретардирано неможе да биде па уште и коњите и животните ги синхронизирале аауууу
 
Пред малку го фатив ова чудо.
Подебилно нешто кое е наречено ТВ програма никогаш немам видено. На ЈуТуб можат да се најдат посмешни македонски пародии. Ова е СТРАШНО. Ова ги урива сите Браво шоу-а, сите Боки 13-ка и Драган Вучиќ шоуа, ова е дефинитивно врв (дно).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom