Алтруист или Егоист?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување

Алтруист, Егоист..или.....

  • Вкупно гласачи
    108
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
Кратко појаснување на поимите:

Егоизам -> желба (потреба) да се задоволат сопствените потреби..
Алтруизам -> желба (потреба) да се задоволат туѓите потреби.

Во која група на луѓе спаѓате вие?
Дали ви е поубаво кога само вашето его е задоволено, или пак егото ви се полни кога правите некој друг среќен?

Во анкетата ги ставив и двете наведени опции, и уште една опција, односно отсуството на било каква потреба од горенаведените или индиферентност..
 
Мислам дека и двете до некаде. Никогаш не сум можела да гледам само на мене да ми е убаво. Секогаш инсистирам да направам баланс помеѓу моите и туѓите желби или потреби. Не може мене да ми е убаво, додека гледам дека на друг му е мизерно.
Нормално дека сакам да биде и по мое, знае егото и кај мене да поработи, но јас одам секогаш на варијантата и волкот сит и овците на број.
Многу пати самата јас сум била мизерна, затоа што не сум сакала да се побунам затоа што ми сметало нешто и во секојдневен живот и во љубов и во се.
Знам некогаш да се однесувам како разгалено дете, што и сум (:)), но никогаш нема да дозволам да ме поведе чистиот егоизам, без да размислам како ќе се рефлектира тоа врз животот на другите.
 
Ниеден човек не е само едно од двете ... сите менуваме страна во зависност од ситоациа .
Али имам слушнато за луге кои извршуваат алтруистички дела со егоистички причини . Пример да даваш на сиромашните за да станеч по популарен или слично .
Јас клонам поке кон Егоизам .
 
Гласав за Двете, зашто сум се нашол во ситуации да бидам и двете... Иако сметам дека сè се прави од интерес, дури и алтруизмот. Сепак, мислам дека тоа не е егоизам, зашто понекогаш ми е во интерес да му помогнам некому, на пример мене да ми сврши работа, што јас не можам. Значи, јас му помагам нему, за тој да ми помогне мене. Или обратно.
 
Слободно можам да кажам дека во младоста ги занемарував своите потреби и повеќето се трудев да ги задоволам луќето околу мене и своите блиски . Како повеќе се запознавав себе, почнав да станувам свесна за своите потреби ,за жал после подолг период ,сега се свртувам кон себе пазејќи единствено да не повредам некого .Најинтересно е што и другите сега посериозно ме сваќаат и ги почитуваат моите потреби .
 
Хм, Толстој во „Смртта на Иван Илич“ богами се расприкажал добро на оваа тема. :)
Како што кажа Крејзи ин Лав, за да бидеме среќни, да го постигнуваме тоа што го сакаме, мораме да се грижиме подеднакво и за нас и за другите, иако денес во последно време забележувам дека повеќето луѓе одат на таа карта, да се задоволат себеси, па другите нека патат. Подеднакво ми е важно и јас да сум среќна, но и да се среќни и луѓето околу мене, така да не би гласала за ниту една опција од овие две.
 
Хммм... интересна тема. Човекот може да биде егоист или алтруист но сепак на крај завршува со задоволување на нечии потреби(свои и туѓи). Кој ме сфати во ова што го кажав не мора да чита понатаму.

За тие што не сфатија: Како и да го свртиш, човекот на крај е егоист. Задоволувањето на туѓите потреби го исполнува, тој сака да биде среќен (а кој нејќе) така да... Точно е дека има луѓе кои се забегани во една од овие две наведени (алтруисти и егоисти) но познавам и чуѓе кои се имаат измешано. Но сепак на крај сите се егоисти.
 
Човекот може да биде егоист или алтруист но сепак на крај завршува со задоволување на нечии потреби(свои и туѓи).
Но сепак на крај сите се егоисти.
До некаде би се сложила со ова.
Но сепак кај ’типично’ егоистичните луѓе не се појавува потребата да задоволат нечии потреби. Значи тие луѓе ги задоволуваат сопствените потреби и себеси се ставаат на прво место.
Што се оснесува до алрутистите, нечиите потреби се на прво место, а сопствените ги ставаат во втор план.
Едино, што задоволувањето на туѓите потреби го потхранува нивното сопствено его, и повторно би се вратила на она дека донекаде се согласувам со мислењето на Саладин.
 
Ова и јас го мислев, но сепак сопственото задоволство нели е една егоистична карактеристика? Инаку точно е што викаш дека егоистите се поголеми егоисти од алтруистите. А што со егоцентризмот? има разлика помеѓу егоцентризам и егоизам? баш ме интересира некој да ми даде одговор на ова.
 
До некаде би се сложила со ова.
Но сепак кај ’типично’ егоистичните луѓе не се појавува потребата да задоволат нечии потреби. Значи тие луѓе ги задоволуваат сопствените потреби и себеси се ставаат на прво место.
Што се оснесува до алрутистите, нечиите потреби се на прво место, а сопствените ги ставаат во втор план.
Едино, што задоволувањето на туѓите потреби го потхранува нивното сопствено его, и повторно би се вратила на она дека донекаде се согласувам со мислењето на Саладин.
И јас го мислам истото :).

Некако се во нашиот живот почнуе и се враќа на нас самите, а многу малку се однесуе на другите. Скоро и воопшто да не е тоа случај.

Затоа, меѓу "вообичаените" алтруисти има еден куп луѓе (почесто жени) нафурани у улога на жртви, кои со своето давање сакаат внимание и задоволување на егото, односно сакаат да ги задолжат другите и да ги приклештат за себе (што ми е многу поодбивно од класичен егоист, затоа што е перфидно и скриено). И кога тие даваат, не чуствуваат радост, туку носат гнев и огорченост, прикриени во муабетот "секогаш мислам на другите...секогаш себе се ставам последен/на...бла,бла.
А, штом даваш за да компензираш, штом даваш калкулирајќи што ќе добиеш за возврат, и притоа осеќаш гнев и огорченост, тогаш не стануе збор за давање, него за размена, плати-земи однос, кој е дааалеку од алтруизам.

Всушност, вистинскиот алтруизам е кога искрено, суштински осеќаш дека се што даваш, го даваш поради себе, и дека се што даваш, не може да биде залудно дадено, односно не чувствуваш дека си ускратуваш нешто на себе, или се ставаш во подредена положба преку чинот на давање. Но, тој подрзабира една префинита психа и едно ниво на сознание кое вистински осеќа дека огромен јаз меѓу себе и другите нема. И истово ретко кој од нас може да рече дека го осознал и живее.
 
Бесен глист се зезам :).
Па двете највероватно затоа што гледам секогаш да ја гледам пошироката слика. Најголемо добро за сите или најмалку лошо за сите. Сум и тимски и индивидуален играч, и во двете ситуации во жарот на битката заборавам на мојата ценета скромност и давам повеќе од максимум за исполнување на целтта.
 
значи немам никаква потреба да морам да ги задоволам моите потреби а при тоа да газам и низ коски што викаат старите,но не ги задоволувам ниту туѓите потреби безвезно сакам да им помагам на луѓе кои гледам дека стварно им е потребна помош а при тоа никој друг не се нафаќа на тоа и остануваат беспомошни самите на себе
 
алтруист сум...секогаш сум им помагал на лугето а и кога не заслужуваат...и приметив интересна работа...кај егоистите се јавува навистина една искра на алтруизам...но кон мене..имено еден другар е таков кон сите гледа да ги превари излаже...се да извлече во своја полза...ама јас сум исклучок...би требало да има повеке вакви случаи...значи егоистот створил селективен однос и кон алтруистот му врака исто...а другите за него се исти:toe:
 
Затоа, меѓу "вообичаените" алтруисти има еден куп луѓе (почесто жени) нафурани у улога на жртви, кои со своето давање сакаат внимание и задоволување на егото, односно сакаат да ги задолжат другите и да ги приклештат за себе (што ми е многу поодбивно од класичен егоист, затоа што е перфидно и скриено). И кога тие даваат, не чуствуваат радост, туку носат гнев и огорченост, прикриени во муабетот "секогаш мислам на другите...секогаш себе се ставам последен/на...бла,бла.
А, штом даваш за да компензираш, штом даваш калкулирајќи што ќе добиеш за возврат, и притоа осеќаш гнев и огорченост, тогаш не стануе збор за давање, него за размена, плати-земи однос, кој е дааалеку од алтруизам.
Оваа всушност појава ми е многу интересна, и мислам дека се должи малку и на начинот на воспитување на девојките иако е далеку од ретро, кај нас останала она традиционална сервилност и баш наводна пожртвуваност на жената која мора да биде `однослива`, бидејќи во спротивно ако е искрена и наклонета кон егоистичните потреби е невоспитана и дрска. Така да, иако лицемерно таквото однесување на наводните женки-алтруисти им е на некој начин наметнато.
Егоизмот е неправедно осуден иако ако сме искрени ќе признаеме дека е само природна човечка особина која не е ни најмалку страшна или за осудување како што вообичаено се доживува.
 
Јас уште се барам себеси.

Појма неам во која категорија од погоре наведените припаѓам.
Уел..летс си..се давам и посветувам себеси целосно на работи, активности и луѓе кои ми ги задоволуваат личните потреби, ме прават среќна, ми изнудуваат солзи, ме тераат да клекнувам по улици смеејќи се, ме дведуваат до душевни оргазми и физичка истоштеност или vice versа.
Хранење на егото, задоволување на лични потреби call it as you want, но дали би можела да го постигнам посакуваниот ефект без повратна и задоволувачка реакција од другата страна?
Јас верувам во unity но и покрај тоа тргнувам од себе. За да задоволам нечии потреби треба прво јас да сум задоволна. За да почнеме да ја "лекуваме" планетава треба прво ние да се излекуваме зашто ние сме изворот на дисбалансот. Кога ќе научиме да се слушаме себеси и да престанеме да форсираме контрола врз себе и другите, тогаш и перцепцијата за егото и егоистичните чинови ќе ни се промени.
Баланс...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom