Алергија на сонце

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.159
Возраст
40
Сонцето е извор на живот. Тоа ни го подобрува расположението и не тера да излеземе надвор. Иако летото ни пружа многу можности за забава во природа не треба да заборавите дека во овој период од годината сонцето е најопасно. И покрај благотворниот ефект, на сончевите зраци треба да се изложуваме со внимание. Дури и краткотрајното изложување на прејако сонце може неповолно да делува на нашата кожа, очи и коса.

Сè почести алергиите на сонце
Во последно време сè почести се алергиските реакции на сонце. Кај чувствителните луѓе, директното изложување на сонце може да предизвика реакција на имунолошкиот систем. За разлика од правите алергии, кај кои телото реагира на алерген од надворешната средина (на пример: полен, прашина...), кај алергијата на сонце имунолошкиот систем на телото реагира на природните промени кои се случуваат на кожата после сончањето. Се претпоставува дека тоа е одговор на сопствениот имунулошки систем, кој некои компоненти на сончаната кожа погрешно ги препознава како туѓи и поради тоа се јавува алергиска реакција, во облик на мали меурчиња, осип, оток, црвенило или некои други промени, кои во екстремни случаи зафаќаат поголеми делови од телото.
Црвенилото, осипот и јадежот се основни симптоми на алергијата предизвикана од сончевите зраци. Стручњаците тврдат дека алергиите на сончевите зраци се во пораст во сите земји. И додека изгорениците се чести кај лицата со посветол тен, алергијата на сонце не ја бира жртвата – таа ги погодува луѓето со секаков вид на кожа.

Што треба да знаете за алергијата на сончевите зраци?
Алергиите на сонце се доста чести – се јавуваат кај околу 20% од луѓето. Во повеќето случаи луѓето кои патат од поблага форма на алергија не се ни свесни дека се алергични на сончевите зраци, бидејќи мислат дека се работи за изгорена кожа после сончањето.
Но, кај некои луѓе се јавува реакција за која тие мислат дека е алергија на сонце, а всушност се работи за кожна реакција на лекови кои ги земаат или на средства кои ги намачкале на кожата, вклучувајќи ги и кремите за сончање (фототоксичен дерматит). Кај нив се јавува иритација на кожата во форма на црвенило и печење на кожата, а постои можност да се јават и пликови и лупење на кожата. Во овој случај не учествува имунолошкиот систем, па затоа не се работи за алергиска реакција.

Форми на алергија на сонце
Најчесто се јавуваат 3 вида на фотоалергиски реакции:

- Полиморфна светлосна ерупција (PMLE).
- Контактен фотоалергиски дерматит.
- Соларна уртикарија.
polymorphic-light-eruption.jpg

Симптоми на алергијата на сонце
Алергиската реакција обично се јавува неколку часа по изложувањето на сонце. По сончањето во текот на денот, навечер на кожата почнуваат да се јавуваат меурчина или црвенило и силен јадеж.
Најчести се полиморфните ерупции, кои обично се манифестираат како надразнувачки оток на вратот, рацете и нозете, а се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. По целодневно изложување на сонце, отокот црвенилото и другите промени се јавуваат и за време на ноќта. Полиморфните ерупции, воглавно изгледаат како убод од инсект. Ако алергиската реакција не се лекува, таа може да трае неколку дена, па дури и две недели.

Лекување
Луѓето кои се алергични на сонце, пред летната сезона, мора да се припремат со фототерапија, која треба да ја препише лекар специјалист – дерматолог. Потребно е да се зема и доволна количина бета каротин, кој ја штити кожата од сончевите зраци.
За лицата кои патат од полиморфна светлосна ерупција (PMLE), јадежот им е многу потешко поднослив од осипот. Затоа, често се користат орални антихистаминици, а понекогаш е потребно и лекување на осипит со стероидни креми. Најдобро е лицата со алергија да се консултираат со својот лекар за терапијата.
Доколку алергиската реакција по излагање на сонце се повторува или ако реакцијата е појако изразена (опфатен поголем дел од кожата, појава на пликови, интензивно црвенило, неиздржлив јадеж...) треба лицето веднаш да се јави на лекар.

Најважна е превенцијата - да се заштитите од сонцето
Многу е важно лицата со алергија на сонце, особено оние кои имаат хронична полиморфна светлосна ерупција (PMLE), да се заштитат од сончевите зраци. Тие треба да избегнуваат сончање, особено во периодот помеѓу 11 и 17 часот, да носат долга светла облека од природни материјали, која ги одбива сончевите зраци и ја покрива кожата.
Треба да се заштити и кожата на лицето, како и очите. Потребно е постојано да се носат капи или шешири со широк обод и квалитетни очила за сонце. Потребно е да се користат заштитни креми со висок заштитен фактот – 50. Покрај тоа треба да се пијат и доста течности.



Минатата година на одмор после 3-4 дена сончање ми се појавија некои ситни црвени топченца кои ужасно чешаа. Не ставав никакви креми за алергии туку после 2 дена се повлекоа како никогаш да не се појавиле. Само ставав ладни облоги и толку.
Прочитав негде дека за да спречите алергија од сонце треба да се пие по една шумеча таблета калциум 15 дена пред одмор. Има ли вистина во ова?
 
Мене ми препишаа летизен кој треба да го земам од Мај месец до Август за да немам алергија. Нема врска и тоа не помага. Кај мене се појавува на рацете само и страшно ме нервира. Прв пат ја добив на бугарското гадно море пред 10 години. Никогаш дотогаш сум немала алергија, сега секоја година ми се појавува. Ете ова и како уште една причина зошто да не идете кај бугарите на одмор.
 
Добро што е алергија, преголема чувствителност на имунитетниот систем, реагира а не треба што значи е надвор од баланс рамнотежа.

Само начинот на исхрана се сменува и готово едноставно е, ќе се врати одбранбениот систем во рамнотежа и готово :icon_lol:.
 
Немам време во моментов, али одлична тема.

Од преклани почна мене да ми се појавува ова, прво кај клучната коска, а потоа и на градите и на горниот дел од рацете. Ќе се појави секој ден после плажа, чеша и иритира максимално. Значи сцрвенета кожа со мали испакнатини, а исчезнува до вечерта/наредниот ден и после пак исто.

Читнав тогаш набрзинка нешто, вика дека не се знае зашто, не се знае точен лек. Се надевам ќе откриеме овде некоја „финта“ до одморите. :)
 
Мене ми се манифестира со црвенило и чешање, градите па рацете па ушите. Секое пролет/лето.
Смрт е.
Нема лек.
 
Од кога ќе се појави на кожата не ставајте млеко за сончање, мене уште толку ми предизвикува чешање. Ги покривам рацете со крпа на плажа или влагам во вода и избегавам во најтоплото да седам на сонце. Ете јас така се справувам летно време.
 
Немам време во моментов, али одлична тема.

Од преклани почна мене да ми се појавува ова, прво кај клучната коска, а потоа и на градите и на горниот дел од рацете. Ќе се појави секој ден после плажа, чеша и иритира максимално. Значи сцрвенета кожа со мали испакнатини, а исчезнува до вечерта/наредниот ден и после пак исто.

Читнав тогаш набрзинка нешто, вика дека не се знае зашто, не се знае точен лек. Се надевам ќе откриеме овде некоја „финта“ до одморите. :)
Да не се мачкаш со млеко за сончање од каротен? :) Зошто јас па читав дека може и каротенот да ствара алергија. И мене еден одмор вака ми искочи па оттогаш го користам она од Докторс антиалергенското и се нема повторено да чукнам во дрво. Баш како што викаш ти, пликови кај гради кои те чешаат.
 
Мене ми препишаа летизен кој треба да го земам од Мај месец до Август за да немам алергија. Нема врска и тоа не помага. Кај мене се појавува на рацете само и страшно ме нервира. Прв пат ја добив на бугарското гадно море пред 10 години. Никогаш дотогаш сум немала алергија, сега секоја година ми се појавува. Ете ова и како уште една причина зошто да не идете кај бугарите на одмор.



Иста ситуација. Прв пат во Бугарија и таму алергијата ми беше најинтензивна. Ми се појавува на колената и стомакот. Сега ако седам диретно изложена на сонце макар и 15 мин одма излегува. Обично ставам влажна крпа, а ако тоа не помогне - Синопен крема.
 
Од кога ќе се појави на кожата не ставајте млеко за сончање, мене уште толку ми предизвикува чешање. Ги покривам рацете со крпа на плажа или влагам во вода и избегавам во најтоплото да седам на сонце. Ете јас така се справувам летно време.
И кај мене беше исто ко ќе стаев млеко за сончање, мислев милион комарци ме искасале :mad:
Само ладни облоги ставав, а ми се појави во пределот кај клучната коска и градите.
Прво мислев сум изгорела, ама коа се погледнав ситни црвени точки претпоставив дека е алергија.
Пошо прв пат ми се деси такво нешо, да си прашам дали секоја година ви се појавува алергијата или не?
 
Иста ситуација. Прв пат во Бугарија и таму алергијата ми беше најинтензивна. Ми се појавува на колената и стомакот. Сега ако седам диретно изложена на сонце макар и 15 мин одма излегува. Обично ставам влажна крпа, а ако тоа не помогне - Синопен крема.

Се мачкав и со Синопен крема али ни таа не ми помогна. Значи апчиња и креми кои досега сум ги користела не помагаат.
Се си мислам дека и кремиве за мачкање имаат некакво влијание.
 
Се мачкав и со Синопен крема али ни таа не ми помогна. Значи апчиња и креми кои досега сум ги користела не помагаат.
Се си мислам дека и кремиве за мачкање имаат некакво влијание.
Можно е да си алергична на некоја од состојките од кремата :)
 
Можно е да си алергична на некоја од состојките од кремата :)
Можно е, али користам бебешки креми за сончање и со нив горам како рак :D
Олимпија лани ме прескокна алергијата, значи нето ко наградна игра му доаѓа.
 
Се мачкав и со Синопен крема али ни таа не ми помогна. Значи апчиња и креми кои досега сум ги користела не помагаат.
Се си мислам дека и кремиве за мачкање имаат некакво влијание.



Не ми помага ни мене во смисла да не ми излегува више, туку повеќе да се смири откога ќе излезе. Инаку, бев на лекар за алергијава и ми рекоа дека единствен лек е да не се изложувам на сонце воопшто.
 
Мене ми препишаа летизен кој треба да го земам од Мај месец до Август за да немам алергија. Нема врска и тоа не помага. Кај мене се појавува на рацете само и страшно ме нервира. Прв пат ја добив на бугарското гадно море пред 10 години. Никогаш дотогаш сум немала алергија, сега секоја година ми се појавува. Ете ова и како уште една причина зошто да не идете кај бугарите на одмор.

Значи апсолутно се препознав, истото и мене ми се деси, прв пат ја добив на одмор во Бугарија и сега нон стоп ми се појавува само на рацете и тоа и на најмала изложеност на сонце.
 
Јас сум алергичен на Сонце, единствено решение при секое излегување мачкање со крема 50+ на лице, исто и на вратот, рацеве, сите делови кои се изложени на Сонце.

Не дека спречува, ама намалува, потребно е да се користи некоја хипoaлергена крема, за да не се иритира кожата со парфеми и слични додатоци. Користев прво Авене, после се пребацив на Еуцерин и за сега ситуацијата е под контрола. Ама до сега сите кожни доктори за проблемот ми имаат кажано, никако сончање.

Кај мене е тоа секоја година, од 2011 па наваму, од април до октомври.
 
Back
На врв Bottom