Алергии

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

Ублажете ја сезонската алергија

Цвеќињата кај многумина од нас предизвикуваат солзи, но не секогаш на романтичен начин. Освен зголемената концентрација на полен и прашина, сезонската алергија може да ја зголемат и некои други фактори за кои најчесто не сме свесни...

pollen-allergy455-0.jpg

Солзи во очите, затнат носи, бесконечно кивање... Ова се некои од симптомите кои излудуваат голем дел од популацијата за време на сезонската алергија на полен и прашина. Луѓето кои се алергични на полен, прашински грини и прашина можат да ги ублажат овие симптоми доколку избегнат некои од навиките кои ги засилуваат алергиските реакции.

Стрес
Луѓето кои патат од сезонска алергија доживуваат засилени симптоми доколу се изложени на стресни ситуации. Причина за тоа е зголеменото лачење на антитела и протеини одговорни за алергиските реакции. Ако сте често изложени на стрес, последиците од алергијата може да ги ублажите единствено со доволна количина на сон. Недостатокот на сон го зголемува стресот, а со тоа и алергиската реакција.

Алкохол
Одредени состојки во алкохолните пијалоци поттикнуваат хемиски реакции во организмот кои може да влијаат и на појава на алергиски реакции како затнување на носот, солзење на очите, кивање и тн. Строго ви препорачуваме да се обидете што почесто да избегнувате алкохол за време на врвот на алергиската сезона.

На која температура перете алишта?
Перењето на алишта на температура од 60˚C уништува голем дел од бактериите, додека перењето на пониски температури уништува само мал дел од нив - околу 6%. Луѓето кои се алергични на прашина, полен и слични алергенси, треба да користат постелнина, крпи и друг тип на ткаенина која доаѓа во контакт со дишните патишта само доколку претходно е испрана на висока температура.

Домашни растенија
Вашата преубава орхидеја може да ве расплаче доколку сте алергични на полен. Освен орхидеите, меѓу најчестите предизвикувачи на алергија во домот спаѓаат и бршлените, палмата, фикусот и јуката.

pollen-allergy455-1.jpg


Затворени базени
Хлорот кој се наоѓа во базените делува надразнувачки на очите и дишните патишта, особено во затворените базени каде што има надостаток на кислород. Испитувањата покажуваат дека тинејџерите кои поминуваат повеќе од 100 часа во затворени базени богати со хлор во водата, имаат до 7 пати поголем ризик за добивање на грозница од полен, од оние тинејџери кои користат нехлорирани базени.

Цигари
Штетноста на цигарите врз целиот организам веќе одамна ни е добро позната, но тие се особено незгодни кај луѓето кои се алергични на полен и прашина затоа ја зголемуваат осетливоста на дишните патишта. Едно испитување во Јапонија покажа дека дури 80% од испитаниците кои доаѓаат од семејство во кое има барем еден член пушач, покажуваат симптоми на некој вид на алергија.

Утринско туширање
Ако имате навика да се туширате насабајле наместо навечер, можеби треба да ја промените оваа навика. Честичките од полен и прашина кои лебдат во воздухот и во текот на целиот ден се лепат на вашата облека, коса и кожа - најдобро е да ги отстраните пред воопшто да дојдат во контакт со сите простории во вашиот дом.


М.Л | Кајгана



 
:bilokojzbor:Имам алергија од владетели и газди!:pos2::pos2:
 
На полен и на прашина сум алергичен и навистина нервира!
Некогаш кога ќе ме фати ццело време кивам, ми тече носот, очите солзење као да плачам, црвени и ќе се качам у автобус и ете ти џанкер.
Ќе ми донесат нешто од Турција за брцање у нос, па веројатно ќе ми ублажи нешто.:/
 
Сите вие кои сте алергични -( на било што) - бидете си мирни - зошто наводно докажале дека несаканите реакции од алергените го стимулираат имунолошкиот систем , и самото тоа им помага на лицата да се заштитат од потенцијално смртоносни заболувања.




 
Алергична сум на риба, но многу чудно не сум алергична на сите знам дека на туна и на лосос не сум алергична. најверојатно овие два вида не содржат состојка што другите риби ја имаат која ми ја предизвикува алергијата.
 
Јас сум алергичен на полен.Многу досадна ствар.На пролет кога ке почна да цветаат тополите,врбите итн мама сум е*ал.Очите ми отекуваат едвај гледај.
Ама најдов лек и за тоа.Едно апче Летизен или Цетризен навечер и до другата вечер немате гајле.
Позз.
 
Не треба само да се шминка работата с алергиите. Апчињата сам ги маскираат симптомите, а проблемот во организмт пак останува.

Алергиите главно се предизвикани од конзервираната храна и месото, особено од адитивите и конзервансите кои се содржани во нив.

Свежата храна, овошје, зеленчук и јатки, овозможуваат исхрана без проблем, а истовремено ќе ве ослободат од алергиите. Затоа проучете повеќе како да се ослободите од алергиите со помош на свежата храна.

Поздрав, и очекувајте 100% ослободување од алергиите.
 
Алергична сум на риба, но многу чудно не сум алергична на сите знам дека на туна и на лосос не сум алергична. најверојатно овие два вида не содржат состојка што другите риби ја имаат која ми ја предизвикува алергијата.
Хаха исто и јас сум алергичен на риба но и јас кога јадам туна не се исфрлам, за лосос незнам не сум пробал.
 
Хаха исто и јас сум алергичен на риба но и јас кога јадам туна не се исфрлам, за лосос незнам не сум пробал.

Ај пробај лосос и пиши, ама лоратадин до тебе да имаш немој некоја беља да си направиш.

--- надополнето ---

http://www.allergyclinic.co.nz/guides/51.html

eve citni za ribite
 
Vitamin B5 i omega-3 masni kiselini ke gi namalat simptomite
klik
 
Јас сум алигеричен... Али неам појма на што, на 5 разни доктори отидов сите разно прикаски ми кажаа и ниедна не изгледа точна...

На нозете ми се појавуваат (многу често, да не речам цело време ги имам, само со различен интензитет) едни мали точки... Кога е смирено, не се познаваат многу на око, повеќе само ако допреш и ќе приметиш дека ми е многу рапава кожата таму и имам некои како точки/топчиња... Али кога ќе се интензивира, пече, неможам да се возрджам од чешање и одма се раскрваруваат и стануваат црвени точки/пликови... Као што кажав, бев на разни доктори, сите као, а ова може е од кучиња/мачиња ако имаш дома (али ова нема врска), друг ми рече од волна било, трет незнам што, и сите разни креми и лосиони ми препишаа ама никој ништо не помогна... Така да моментално коа ќе почне така да ме пече и чеша на овие места, ставам само обична помада и смирува прилично, ама пак на тие места кожата многу ми се вцрвенува и си стојат точките... И исто после туширање обавезно пак ми се вцрвенуваат и печат, али не верувам на водата или шампонот или што и да е да сум алергичен, незнам до што е али многу ме нервира, пошто коа ќе почнат да печат целите нозе ми се црвени и се познаваат точките и чеша ненормално, многу одвратно изглеа... :(
 
Ја сум алергичен од сонце. Кога одиме на одмор првите 3-4 дена не ми е ништо. После тоа на градите ми се појавуваат црвенки и ме чешаат ненормално, и ако постојам уште малце под сонце и + солена вода, мислам ке ги откорнам. Јбг

I jas isto, letizen pomaga , provereno. Prevencija neznam, kazuvajti Vie.
 
I jas isto, letizen pomaga , provereno. Prevencija neznam, kazuvajti Vie.

Има сега едно ново средство за сончање, од Eucerin со висок фактор и против алергија на сонце. Пробај го, прилично e ефикасно.
 
bibo jas imam slucaj kako tvojot 90 posto ist posle banjanje jadez na nozete pred spienje i takvi stvari mi kazaa deka imam alergija na domasna prasina so nizok intenzitet dermatofogoides ne e mn strasno odrzuvaj cista okolina kade sto spies i prestojuvas podlog vreme inace letizen napraj edna terapija ke ti pomogne .....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom