Александар

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
По 20-30 години во шеснаесетата сезона на Македонски народи приказни кои не знам по кој критериум некој ги нарекува образовни а тие се всушност бедни ќе се обработува тема за како се делел народот во двете коперации во селото едната вмровска другата сдсмовска.

.
Значи приказните умреа кога умре Колозов и толку. Тоа беа приказни ова сега незнам како да го наречам.
За серијава можам да кажам дека баш мислев дека ќе се снима вакво нешто во стилот на Величествениот , Игра на тронови доаѓа македонската серија Александар!
Нејсе критериум нема игра кој има врски , а не кој го бива исто важи и за режија и сценарио. Последен успешен проект беше Сашко и Сашка , а вакви тапоглави серии тешко дека ќе допрат макар што турско-индиските срања го спуштија критериумот заедно со новокомпонираните оприказни на Сител и канал5.
 
Во Салон Хармони глуми и Жугиќ :D

Знам дека таму глумеше... само од таа серија ја знаев жената. Потоа едно 10 години ја немаше по Македонскиве филмови и медиуми, се додека не се појавија серииве и не почна да му го лижи на ВМРО[DOUBLEPOST=1406784255][/DOUBLEPOST]
Последен успешен проект беше Сашко и Сашка

Ептен се сложувам со ова, Сашко и Сашка беше последното нешто добро излезено од таа телевизија... 2005/2006 година
 
Ејјј супер!
Баш креативно!
Конечно серија за најголемиот МАКЕДОНСКИ јунак! Таман нешто ново да научиме за него!
 
После тоа ужасно синхронизирање, кога ќе го чујам гласот на Жугиќ, макар и во сопствена серија и глума, сигурна сум дека ќе имам тикови. Тоа пискање во сериите што допира до моите уши од дневна дефинитивно ми создаде трауми, што ни гласот не можам да и го слушам.
 
Дејството се одвива овде и сега. а во центарот на вниманието е борбата меѓу десницата и левицата околу откривањето на локацијата на гробот на Александар Велики. Оние првите прават се за да дојдат до моштите на големиот војсководец, а оние вторите прават се за да го спречат таквиот потфат.

Во приказната се испреплетени човечки судбини на луѓе кои морале одамна да ја напуштат Македонија од политички причини, на оние кои во транзицијата изгубиле се освен голата егзистенција, на современите богати олигарси и нивниот расипнички животен стил, животот на младите во совремното македонско општество, односите меѓу родители и децата итн.
Колку возбудливо. Наредниот филм приказната ќе се фокусира на борбата меѓу левицата и десницата на избори? Или можда некоја психолошка драма од типот на 12 angry men на состанок на собраниска комисија?

Сеа такви нема, сеа само авантуристите си заминуваат.

Колку е ова ненормално. Кога музиката и филмот ќе се претворат во дневникот на Сител во 19 часот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom