:pos2:Нејќам да паднам на твое ниво и да делам епитети.
Само од Библијата имам постирано, и пак не ми кажа за реинкарацијата, зашто ако се реинкарнирал треба во некој, а кој е тој зошто не се зборува за него, зошто нема негови статуи и приказни како тој освојувал?
изивни али ако не знаеш што постираш да т епотсетам дека ти ова го стави на страна број два
Постои уште еден пример, но во Куранот, кајшто исто така се спомнува за Александар, но под друго име (Зу'Л Карињан, што во буквален превод означува „оној со двата рога“). Се смета дека Александар поточно е споменат во Куранот во осумнаесеттата „Сура“, која се именува како „Пештера“ (Al-Kahfi), во ајетите (стиховите) 83-98. Германскиот историчар Урлих Викен, пишува дека ваквото определување на Александар, потекнува од едно старо египетско предание, во кое тој е претставен како „син на Амон“, а од друга страна Амоновиот син отсекогаш бил претставен како лик, на чија глава имало два рога. Значи сега е јасно дека Александар бил Божји пратеник, со некаква утврдена цел на земјата. А бидејќи е познато дека Александар бил граѓанин на светот (космополит), лесно може да се тврди дека посакувал да го обедини светот, во кој би живееле братски, сите луѓе.
А во куранот ова го пишува за зул-карнијан
"И ќе те прашаат за Зул-Карнијан? одговори им : Ќе ви го изрецитираат споменот за него. (83)
Навистина, Ние го поставивме него на земјата и му го откривме значењето на сите работи (84)
И така тој појде по патот (85)
И кога стигна на местото каде сонцето заоѓа, виде дека тоа заоѓа во едно црно море, по што кај него дојде народот. И ние му рековме : О, Зул-карнијан! Или казни ги, или покажи им добрина. (86)
А тој рече: Што се однесува до оној што прави лошо, ќе го казниме, а потоа ќе биде вратен кај својот господар за да биде казнет со страшна казна. (87)
Што се однесува до оној што верува и што прави добрина, тој ќе има добра плата и нему ќе му ги пренесеме зборовите на нашите одредби (88)
Потоа тој продолжува по патот(89)
Се додека не стигна во земјата каде што сонцето изгрева, каде го најде како изгрева над луѓе на кои не им дадовме заштита од него (90)
И така! Навистина она што беше кај него го опфативме со знаење (91)
Потоа тој продолжи по патот (92)
Се додека не стигна меѓу две планини, каде најде луѓе кои не разбираат ниту збор. (93)
Тие рекоа: О, Зул-карнијан! Навистина Гог и Магог создадоа низа немири во земјата. Сакаш ли да ти дадеме награда ако ставиш бариера помеѓу нив и нас? (94)
Тој им рече: Она во што ме востанови мојот Господар подобро. Затоа помогнете ми со работници и ќе изградам заштитна бариера помеѓу вас и нив. (95)
Донесете ми блокови од железо. И додека тој го пополни просторот помеѓу двете планини им рече: Дувајте!, а кога се запали огнот им рече: Дајте сега да го излеам растопениот бакар. (96)
Така тие не можеа д апоминат, ниту да направат дупка. Тој им рече: Ова е милост од мојот господар, но кога тој ќе вети, ќе го срамни со земја, а ветувањето на мојот Господар е секогаш вистинито! . (98)
Значи јас пак ќе кажам зул-карнијан живеел во друго време а повторно се родил како Александар македоснки со задача да го припреми патот за да може христијанството да се прошири низ европа и светот.