Само неколку пати ми се случило во животов од прва да ислушам цел албум и ова е еден од тие hit and win моменти. Не го знаев бендов, инаку се работи за ОМ, кои се класифицирани како стонер дум метал бенд, иако музиката од албумов нема блага врска со било каков метал. Да пробаш да го класифицираш овој материјал под било какво име, стил или категорија е просто невозможно. Се работи за експериментална музика, артистичко изразување и истражување, вклучува ствари ко византиско црковно пеење, религиозни чантови на еврејски до музика наменета за медитација. Впрочем самото име на бендот е ОМ, некои минималистички и хипнотични елементи на музиката и ја даваат таа тантричка нишка која се усогласува со девизата - Дај му на човек да се фокусира на два или три предмета во споро-движечка состојба и квази медитативна состојба се појавува. Стиховите се обтусни, замаглени па дури и апсурдни, иако пред се имаат религиозен контекст. Инаку името ОМ може да се поврзе и со повеќе значења како омнисциентен, омнипотентен, омниприсутен и беневолентен кои споени во едно го даваат поимот Бог. Налетав на една интересна рецензија за албумов, каде се вели дека распоредот на песните не е случаен и дека всушност целиот албум претставува едно патување т.е приказна извадена од Библијата.
Одличен албум. Добар спој на двајца фантастични музичари. Клавијатурите на Карла и басот на Стив создале моќни симфонии. Албумов има многу приказни, креирајте си ваша со неа/него.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.