Албанско знаме пред Влада и на граница?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.259
Поени од реакции
12.519
1F502E8B34FB744DADC4E45448D6C9E4.jpg


ДУИ подготвила две верзии на закон за употреба на знамињата кои ќе ги стави на маса на идната лидерска средба, која најверојатно ќе се одржи на 11 февруари. Првиот предлог на интегративците е идентичен со оној од кој Уставниот суд пред извесно време укина дел од одредбите.

Вториот предлог пак предвидува одредби според кои албанското знаме, заедно со Македонското, ќе може да се вее пред Владата, Собранието, на граничните премини.

-Ако Уставниот суд ги укина одредбите од претходниот закон за употреба на знамињата на етничките заедници бидејќи се маргинализирале тоа значи дека Албанците се над 20 проценти на територијата на цела Македонија и Албанското знаме може да се вее заедно со Македонското пред Владата,Собранието,на граничните премини и пред градското Собрание,а на останатите заедници пред органите на локалната самоуправа,велат во ДУИ.

Освен оваа тема, ДУИ и ДПА се очекува повторно да се обидат на маса да ги стават и прашањата за употреба на јазиците и за жртвите од конфликтот во 2001 година.

Ќе се дискутира и за предложените измени на Изборниот законик откако ВМРО-ДПМНЕ до Собранието веќе доставија предлози за гласање на дијаспората и загарантирани квоти за малите етнички заедници.

Лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска вчера изјави дека социјал-демократите на оваа лидерска средба ќе се обидат да наметнат дискусија и за економски теми.

-Треба што поскоро да продолжиме со лидерски средби, но тие да бидат продуктивни. Ако во Собранието се отвара прашањето на Изборен законик или други партии лицитираат со закон за Уставен суд мислам дека е пет до 12 за одржување на лидерската средба.Мојот став е, треба да се спречи, а не да се лечи.

Најпрвин треба да ги завршиме темите кои ги започнавме. Ние како СДСМ ќе ја номинираме нашата тема, а тоа е законот за минимална плата, изјави Шекеринска.

Вечер
 
не... ова не смее да се дозволи. на што личи тоа?! пред влада и на границите?!? јас незнам следно што ќе бараат... жедни крвопијци ц ц ц ц...
 
Ова не смее да се деси никако на што личи која е државава?
 
Додуша не верувам дека нашиве ќе дозволат тоа да се случи, НО ако се случи тоа дефинитивно ќе се откажам од државава........
 
И каде ке влегуваат луѓето коа ќе видат албански знаме на граница...во Македонија или во Албанија?.....ц ц ц ц......овие со правата претераа....ако дозволат нашите политичари такво нешто...ја цепам Струмица и ќе си направиме град-држава.....ЈАС ПРЕЦЕДАТЕЛ....тогаш ке си имаме барем и карго-аеродром....и железничка......
 
Ај ако не ке го тргнеме нашето нивното нека стои ц ц ц свашта ова Македонија е или Албанија
 
Не подлегнувајте на провокациите на ДУИ...Знаат и самите дека такво нешто нема никогаш да се случи и намерно туркаат вакви иницијативи, само за да се разгорува уште повеќе, веќе вжештената етничка тензија.

Токму поради ваквите потези, ДУИ ќе исчезне како политички субјект во државата.

Република Македонија има знаме со кое може да се идентификуваат сите граѓани на истата бидејќи не означува етничко ниту верско обележје.

Етничкото знаме на Македонците е доста јасно и се практикува како такво.

Државното е друга работа.
 
Абе ајде бе па вие,само дискутирате за секакви глупости.
За оваа не смее ни да се дискутира.......
Зрела е оваа за кинење, како струмичките чушки и френки ......
Треба тоа прашање да се покрене...........
 
Абе не дигајте паника. Дуи што сака нека подготви ништо нема да биде. Зар уште некој се потресува на вакви глупости. Па кај и да е ќе лежат затвор сите од дуи. Знаме на две држави на иста тероторија асоцира на нешто што во меѓународната политика се вика КОНДОМИНИУМ. Ова е кога две влади на посебни држави контролираат заедничка територија. А сите добро знаеме дека албанија не е власт на територијата на Македонија (освен поградец, мала преспа). Овие глупости на дуи не се во согласност со мечународното право, а камоли со нашето.
 
Ете колку конструктивни предлози имаат ДУИ, неверојатно колку ќе се подобрат “правата“ на Албанците доколку се донесе овој закон.

Каква капитална идеја луѓе, за поздравување е, дефинитивно ДУИ е партија на народот и мисли за нивната иднина.

Со ова знаме што би се веело ќе паднат цените, ќе се зголемат платите, башка нови инвеститори ќе навалат.

ГЕНИЈАЛНА ИДЕЈА ОД ТИМОТ НА АЛИЈА АХМЕТОВСКИ !
 
СИ ИГРААТ К**ОТ ОВЕ СО НАС ЕЈ,
после бараат соживот, а даваат предлози со кој знаат дека многу провоцираат.:nerv:
Aaaaaa Златна гиљотина.
 
Не подлегнувајте на провокациите на ДУИ...Знаат и самите дека такво нешто нема никогаш да се случи и намерно туркаат вакви иницијативи, само за да се разгорува уште повеќе, веќе вжештената етничка тензија.

Токму поради ваквите потези, ДУИ ќе исчезне како политички субјект во државата.

Трн мислам дека ваквите предлози многу го палат албанскиот блок во државава,
а тоа значи и повисок рејтинг а и повеќе пратеници.
Што нас не ни е од нималку корист.
 
Трн мислам дека ваквите предлози многу го палат албанскиот блок во државава,
а тоа значи и повисок рејтинг а и повеќе пратеници.
Што нас не ни е од нималку корист.

Напротив Туткар. Размисли двапати.

ДУИ им мачка очи на своето електорно тело, со квази-радикализам, со тоа се попалува масата. Бидејќи ваквото барање на ДУИ нема ни да се помисли ни а се дискутира, автоматски „ветувањата“ на ДУИ паѓаат во вода со што тие самите прават да им падне рејтингот, што само им будат лажни надежи на нивните симпатизери.

А сето тоа ќе го искористи ДПА за подигање на својот рејтинг...Но, не на ваков начин.
 
За Вандаир и Брага...
brazil.png
Да се знае кој се` живее во Македонија. И не само пред влада, секој дом задолжително да си има дома плакарче со задолжителни знамиња, а најсаканото на ѕид како сликата на Тито на времето да си ја окачи... :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom