Al Di Meola во Скопје

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
МИА напиша:
Скопје, 4 октомври (МИА) - Гитаристот Ал ди Меола - четири пати прогласуван за најдобар џез гитарист во светот од престижното списание „Guitar player“, на 16 ноември ќе настапи во Универзалната сала во Скопје.

Ал ди Меола во Скопје ќе го придружуваат тројца врвни џез музичари - Гумби Ортез, Пео Алфонси и Фаусто Бечалоси.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од 6 октомври и ќе чинат 800 до 1.000 денари. Настапот на Ал ди Меола е во склоп на неговата светска турнеја „New world sinfonia tour“. Концертот во Скопје го организира Авалон продукција.
Легендарниот Меола по една деценија (не ме држете за збор) повторно ќе настапува во Скопје. Секако подобро би било да го видиме со Пако и Џон, но... ова вреди да се види.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Da, tipot e zverka, ja mislam deka kje idam iako e kartata e malce solena sepak mislam deka kje vredi za tie 800 denari....
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.137
Најверојатно негде во џез оската на злото меѓу Фрчко, Јане Миљоски и Јордановски ќе се мотам и јас.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Впечатоци тие што беа ? :)
Мислам дека маестрото отсвире одлично ! Браво !
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Хех, го слушав малку од надвор, на поминување :kesa:

Сепак, некако не се решив. :( Имаше посетители? Мислам ќе каже некој нешто?
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Хех, го слушав малку од надвор, на поминување :kesa:

Сепак, некако не се решив. :( Имаше посетители? Мислам ќе каже некој нешто?
Секако дека имаше посетители... Полна беше универзалната сала...
Концертот траеше од девет часот, некаде до единаесет, со десет минутна пауза. А по завршувањето маестрото делеше автограми и фотографии.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Картата беше 1000ден....(не верувам дека имало поевтини)..

Инаку универзална беше исполнета до последно место...
Прав виртуоз е нема што...а публиката со аплауз од 5мин ги врати на сцената од кога веќе отидоа зад завесите...

Музиката беше феноменоменална :vozbud: поготово Фаусто Бечалоси(така мислам дека беше) со хармониката го надокнади ефектот и му даде медитерански шмек,и такаречено во некој моменти го засени Меола..

Богатство од импресии само тоа можам да додадам,кој не беше нека надокнади у сабота на Аца Лукас :pos2::tapp::tapp:
 
G

Gray Foxx

Гостин

Закачи некое видео ако имаш за нас страдните души. :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom