А која би била добра варијанта за потхранување на растенија без хумусот за цвеќиња?
хумусот од цвеќиња при припрема прво се пече па се измива и се суши на сонце или обртано прво се мие и суши на сонце(процедурата за добивање на минерали) па се пече?
Ако можеш да ми најдеш слики од песокот од вулкански камења како изгледа и дали се користи тој како песок или како подлога за под песокот?
Јас имам искуство со Лимонката,Житарката и Амазонките и сум ги заклучил како навистина силни растенија само со добро осветлување можеш на што сакаш да ги посадиш и без проблем да растат.
1. Има разни додатоци во вид на ампули, капсули, таблети кои се ставаат или во водата, или под коренот на растенијата (на пример течноста од ампулите се вбризгува со шприц под коренот на секое растение). Секое од нив содржи разни минерали, па можеш да користиш и комбинација од повеќе такви додатоци. Мене ми препорачаа некакви капсули кои ги имало во аква шоп Немо, во ТЦ Олимпико во Тафталиџе. Ама немам никогаш купено и користено никакви додатоци.
Заборавив и ова да ти кажам: под песокот има луѓе кои ставаат неколку ситни камчиња од бел песок (кварц) затоа што содржи калциум кој исто така им е потребен на растенијата. Само внимавај да не ставаш многу од него, зошто во контакт со водата се раствора во неа и штети на слатководните рипки. Од истата причина во слатководни аквариуми не се користат школки како украси, и кварцна песок или кварцни камења во подлогата (освен за циклидни аквариуми: циклидите се африкански видови на риби кои живеат во езера во кои има многу кварцни камења и карпи како Тангањика и Малави езерата во Африка, и во истите нема многу растителен свет, па и во таквите аквариуми не се ставаат растенија. Еве на сликава пример за циклиден аквариум. Овие аквариуми се многу потешки за одржување.)
2. Прво постапката за обогатување, па се пече - иако не и ни многу битно. Било кога испечи го, сеедно е!
3. Аквариумските подлоги се користат како песок, значи не треба врз нив или под нив да ставаш ништо. Тој е готов обогатен со минерали песок. Еве како изгледа подлогата која ја имаше во Амазон:
Но има и други варијанти на подлоги, со други бои на песокот, како на пример овие:
Зависи од желбата, како сакаш да ти изгледа аквариумот.
4. Точно - и Лимонката и Житарката и Амазонката не бараат многу внимание или којзнае какви минерали. Доволно е само добро осветлување и да не додаваш многу кислород во водата со воздушни пумпи и има да растат и да се размножуваат како луди. Проблемот е што сите три се високи растенија, и се садат во позадината на аквариумот. За на средина и надред ти требаат некои ниски како таа Елеохарис мини која беше ставена во аквариумот на видеото на претходната страна од темава, или Нана - само што тие се позахтевни тревки, бараат повеќе внимание и треба ептен се да им е погодено за да растат. Сагитаријата која ја препорачав јас, не е толку захтевна, не треба да и се посветува којзнае колкаво внимание. И по изглед, и по карактеристики е многу слична како Валиснеријата (Житарката), само минијатурна верзија од истата - расте само центиметар до два во висина и кога ќе се размножи, изгледа баш како зелен тепих.