Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
Чек не ме напаѓајте :) Јадам месо и такви ствари и стварно не планирам да го мачам рипчето, стварно.
Огворете само на темата ве молам,

Да ве прашам колкава треба да биде најмала ширината на аквариумот? Најдов јас нешто дома па да видам дали одговара :)
Не те нападнав златен само кажав што мислам :)
 
Вака, кугла просечна е 500 денари, песок доплаќаш, 100 денари мислам, е сеа не ми текнува пошто одамна не лувам риби дали идеше филтер у кугла.... Само претпоставувам ќе чуваш Караси или по познати ко златни рипки, прашај си со која раса смееш да ги мешаш.Малце површно инфово мое, ама многу време поминало од коа чував :)
 
Како што гласи темата така и барам сакам аквариум за со една до две риби највеќе, преферирам Кугла ако спаѓа воопшто во аквариум.

1. Колку пари кошта една кугла?
2. Дали сао борецот најдобро успева во таа кугла?
3. Можно е ли да се украси истиот?
4. Зависно од типот на рибата предлог за грижа и нега?

Нејќам да барам по други форуми бидејќи воопшто и нема за ваков случај има само за аквариуми по 50 литри и нагоре.... а јас сакам обична кугла...

Eве јас ќе ти објаснам што да направиш. Планираш значи 1-2 риби да чуваш, тоа на крајот се зема рибите, најпрво треба да знаеш или веќе имаш испланирано, каде ќе седи аквариумо и колку простор имаш на располагање.
Да речеме дека ти треба мал аквариум значи немаш некој голем простор, јас ти давам предлог, значи да не купуваш аквариум а ако веќе имаш некој денар можеш да купиш, по приватна порака ќе ти кажам од каде да земиш, добро е што купечкиот има убав капак не мора да се мачиш се на своја кожа да правиш.
Стартот испланирај го со инвестиција до 2500 денари да те фати, со се аквариум и опрема.

За аквариумот можеш да го лепиш или да си купиш готов залепен со капак , во тоа место кај што бев јас, имаше аквариуми со големина колку една тастатура значи збираат околу 20 литри ,а тој би ти бил доволен.
Тоа ти е прв чекор, купуваш аквариум, а после тоа земи си потопна пумпа , атман се најевтини имаш отприлика за 400 =500 денари , иначе набавувам јас акваристичка опрема за продавниците, ако сакаш можам да ти набавам за нешто поевтино да те кошта, ќе се договориме, али и да не сакаш моеш од продавница, за 400-500 денари.
Земи си греач , ќе бараш 50 вати да биди за твојо мал аквариум, земи си едно дрво нормално да биди вистинско тие се околу 300 денари, земи си позадина заа аквариумот, некоја тревка може и пластична, песок за дното, и носи го дома аквариумот.
Пумпата ставија на некое место да не се глеа, активирај го механизмот за воздух да внесува, греачот на сосем друга страна да не биди само до филтерот, и уреди го дизајнот на аквариумот најди му место, греачот пушти го, и после тоа ако имаш некој пријател што чува риби, кажи му да ти дај, вода од филтерот, а ти претходно да имаш наполнето вода во аквариумот ама 1 ден да биди отстоена да испари хлорот. Водата што ќе ти ја дај пријатело од филтер ја истураш во аквариумот, и ставаш 2-3 риби, и така ќе се активира животот во аквариумот.
Вода од филтер се префрла оти содржи полезни бактерии, и тие го разградуваат амоњакот шо го создаваат рибите,за да можат да живеат подолго.
Друго,ќе си земиш некоја риба, ја ти препорачувам да си купиш 5 -8 неонки, по 50 денари една се, тие се јатни, мали, и убаво изгледаат во аквариумот, или можеш и гупи ако ти се допаѓат.
 
Ох, карас не би ти препорачал никако во кугла или нешто под 50 литри па и повеќе. Сега доколку би бирал меѓу аквариум и кугла дефинитивно аквариум зошто куглата е тежок шит! Друго, немој неонки да земаш или било која јатна рипка, зошто ги убиваш во тој мал простор, тие сакаат простор за пливање, не аквариумче од 30 тина литри. Пластични тревки не би препорачал исто, кич невиден. Позадина немој да купуваш, направи си сам некоја мат боја, црна најчесто е најубава, исто така и дрво, земи корен од лозница, потопиго во топла вода, па ладна и така неколку пати и лувајго во вода подолго време и стави го после во аквариум, супер изгледа а не е воопшто штетен за рибите. Риби би ти препорачал, то ест риба, бета борец, друго чаре за толкав аквариум не гледам, или пак гупи секундарно решение. Веројатно знаеш, два борци заедно во аквариум никако, бидејќи ќе се тепаат додека едниот не умре.
:)
 
^ Се согласувам со членот над мене, Карас не е за во таков тесен и мал аквариум бидејќи премногу ќе ја прља водата и Карасите си бараат поголеми аквариуми.
Најдобра риба за во мало аквариумче би бил Бета борецот.
 
59210_1434480857523_1097991195_31224775_111772_n.jpg


Еве ја мојата
Бета борец во кугла. Ја чувам веќе 2 години и премногу е лесно :)
Прво имав само камчиња после ја купив и тревката ама беше многу голема па извадив неколку дршки. Оваа риба мора една да се чува зошто се јаделе меѓусебно.
Можеш да земеп 2 златни рипки ама според мене најубави се борциве :love:
 
Јас најдов дома аквариум од 15 литри. Ќе земам Бета Борец, само уште треба да видам во единствената продавница во Тетово дали воопшто имаат, во план сум да земам црвен Бета Борец бидејќи поубави се од другите. Дали им е различна цената меѓу плавите и црвените?
 
Јас најдов дома аквариум од 15 литри. Ќе земам Бета Борец, само уште треба да видам во единствената продавница во Тетово дали воопшто имаат, во план сум да земам црвен Бета Борец бидејќи поубави се од другите. Дали им е различна цената меѓу плавите и црвените?

Не, иста цена се и коштаат околу 200 денари.
 
може ли малку помош? си чував карасче во аквариум па решив да купам уште некое рибче... земав чистач за стакло и скалар-angel fish.. прилично сум нов во чување на риби.. па незнам многу многу.. од продавницата ни рекоа дека може да живеат заедно доколку скаларот е мал.. го донесовме дома вчера и еве денеска им ставив храна.. и целата ја изеде карасот.. (сандра дебелата) а ова новово скаларче само дреме и се крие.. решив да го преместам во кугла и таму да му ставам јадење пошо прочитав некаде на википедија дека ако не јаде 2 дена ќе умре..
моментално е во куглата ама и таму не јадеше нешто.. па стварно незнам што да правам.... дали му треба повеќе време да се навикне? дали е толку многу исплашено па несака да јаде..и дали да го чувам некој ден во куглата за да се навикне на околината или да го вратам назат.... помагајте.:(
 
може ли малку помош? си чував карасче во аквариум па решив да купам уште некое рибче... земав чистач за стакло и скалар-angel fish.. прилично сум нов во чување на риби.. па незнам многу многу.. од продавницата ни рекоа дека може да живеат заедно доколку скаларот е мал.. го донесовме дома вчера и еве денеска им ставив храна.. и целата ја изеде карасот.. (сандра дебелата) а ова новово скаларче само дреме и се крие.. решив да го преместам во кугла и таму да му ставам јадење пошо прочитав некаде на википедија дека ако не јаде 2 дена ќе умре..
моментално е во куглата ама и таму не јадеше нешто.. па стварно незнам што да правам.... дали му треба повеќе време да се навикне? дали е толку многу исплашено па несака да јаде..и дали да го чувам некој ден во куглата за да се навикне на околината или да го вратам назат.... помагајте.:(

полошо си направил,врати го назад во големиот аквариум,нахрани ги и ич да не се секираш
 
го вратив назат ама уште е ко вкочането..
 
фала.. ќе видиме деноиве што ќе се деси :)

ако си почетник комбинирај си рипчиња по твој избор,па покасно ќе заклучиш што всучност сакаш - живоротки или икраши.....искуството и вкусот ќе го определат твојот иден аквариум :)
 
Купив денес црвен Бета Борец, незнам колку денови е стар но е многу малечок, нема дреч црвена боја се надевам дека тоа ќе се измени и ќе ја добие посакуваната боја, освбен ако не е друг тип на Борец.
Денес го купив и цел ден непрекинува да шара по аквариумот, воопшто не е мирен ниту пак да е под стрес.

Аквариумот нема пумпа бидејќи е од 12 литрли што воопшто не му преставува проблем на Борецот.

Слики ќе ставам да подпорасне :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom