Во кратки црти,
Активно 3Д - телевизорот пушта слика пр. 60 фрејма во секунда, од кој 30 за едното око 30 за другото, наизменично (лево-десно-лево-десно) и без наочари гледаш како споени слики (блурирана слика) а кога ги ставаш наочарите, тие се синхронизирани со телевизорот (затоа и наочарите имаат батерии) и трепкаат едната па другата. т.е незнам точно дали трепкаат или го менуваат поларизаторот (т.е. пропуштаат само за едно око, па затвара).
Пасивно 3Д - Наочарите имаат леќи со поларизирани стакла (мислам едно во хоризонтален правец друго во вертикален) а телвизорот има различни пиксели за секоја леќа посебно.Со тоа, левото око гледа една слика, десното друга.
Позитивни и негативни страни:
Активните наочари користат поголема површина од телевизорот (пр. 1920х1080 пиксели се користат за едното око), каде со трепкање се двојат за едното и за другото. Тоа значи подобра длабина во 3Д. Заради трепкањето на наочарите, (некои луѓе може да имаат осетливост на тоа трепкање) можно е да не се осеќаат добро, но најчесто тоа се дешава ако батеријата на наочарите е слаба. Тоа е како некој да ви ги покрива де едното де другото ама ептен брзо, и вашиот мозок има чудно чувство дека нешто не штима. Исто како негативна се зема што ваквото брзо трепкање, ја намалува светлината која што се пробива низ наочарите, така да сликата е малце потемна од нормалната.
Пасивните ги немаат горенаведените проблеми со трепкања итн, пошто не се на таков принцип. Тие имаат проблем со резолуцијата (на 1980х1080, половина од пикеслите е за едното око половина за другото) така да 3Д ефектот е помал.
Во последно, технологијата е толку напред, што разликите меѓу едните и другите е во батериите, дали ќе менувате или не батерии
