Акорди за клавир

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Дали има некој искуство со свирење на клавир? Имам дома и ме интересираат како одат акордите по ноти т.е. знам дека се притискаат по 3 дирки на еднаш за еден акорд, но веза немам кои и како. Ако има некој да ми даде инструкции... Фала од напред.

П.С. Знам да читам ноти, и ги знам сите тонови и скали. Имам учено музичко, но свирев труба :)
 
Дали има некој искуство со свирење на клавир? Имам дома и ме интересираат како одат акордите по ноти т.е. знам дека се притискаат по 3 дирки на еднаш за еден акорд, но веза немам кои и како. Ако има некој да ми даде инструкции... Фала од напред.

П.С. Знам да читам ноти, и ги знам сите тонови и скали. Имам учено музичко, но свирев труба :)

Наједноставно. Иначе, може да притиснеш и 10 за еден акорд.
Не оди ова вака... земи по некој час кај професор, или шитни ми го клавирот мене :vozbud:
 
Да во принцип така иде, за најпростите акорди се притискаат по 3 дирки. Ама верувај ми невозможно е како што ти кажа серпико на овој начин да земеш да учиш, земај часови кај некого затоа што на клавирот на еден акорд имаш миљарда варијации.

Ама откако ќе научиш само малку ќе ја видиш убавината на инструментот-меме ми е жал што уште немам научно клавир како што сакам ама има време.
 
За музика имам осет, а за часови немам време. Ок не е проблем имам еден другар ке го терам да ми покажува што како оди :)
Реков ке се снајдам без да го гњавам. Темава може да се фрли в канта ако не е повеќе интересна.
 
Bato ako imas nekoi prasanje za akordi prstomet i slicno mozam i ja da ti pomognam ako sakas :) i onaka sviram sajzer 10 god :)
 
Bato ako imas nekoi prasanje za akordi prstomet i slicno mozam i ja da ti pomognam ako sakas :) i onaka sviram sajzer 10 god :)
и што ако, мислиш ако фаќаш солажи од children of boddom јак си, или фалење ако си свирел 10 години, ма ајде молим те, на сите песни до сега што ги имаше во maltreatment ти беа три акорди F G и A:brrrrm:
 
абе наиучи основна работа:smir:
до,ре,ми,фа,сол,ла,си,до
C, D ,E ,F ,G ,A ,H ,C
1 3 5 -Cdur Сите го знаеме тоа нели е сега до,ми,сол
зборуваме за дурски дур и има звук како
возвишено.може да се разложи
на пример: сол,ми,до или поинаку речено секстакорд
уште еден обртај:сол,до,ми или пак кварт секстакорд.
е сега за дурски треба да ги знаеш скалите,или за полесно квитно тркало:C,D,E,F,G,A,H,C
C-DUR или сететесе на стапалата сите ги учевме во основно.
C,D,E,F,G,A,H,C-ноти
1,2,3,4,5,6,7,8 -стапала
Во c-dur прво стапало ц или до,и музички наречено
тоника,4 стапало F или фа-субдоминанта
и 5 стапало G или сол-доминанта
овие се три главни стапала. повеќето песни само идаат во круг со овие три акорди од 1,4 и 5 стапало
е сега за квитното тркало тоа почнувајќи од C-dur тој знаеме дека нема повишилица или снижилица.
квитно тркало се вика или квинта што значи 5.5то стапало во C е G или сол.од тука го формираме дурот G и имаме една повишилица тоа фис или f повишено,одиме следен акорд 5то стапало во G e ре или D втор по ред по квинтно тркало значи има две повишилици :fis значи останува од G и уште еден и тоа cis,после акордот D следи A-dur со три презнаци пробајте да го откриете сами третиот презнак или така наречената повишилица.најдобро е да земете петтолиние и да почнете со Cdur како основна скала.
и уште ова да напоменам гледано на клавијатура пред двете црни дирки се наоѓа до,а пред три црни дирки се наоѓа фа.
мора да се знаат полу степените меѓу белите и црните по ред да речеме бела дирка до полустепен е црната дирка до неа или пак наречена цис,цел степен ни е до-ре.
е сега во која било дурска скала треба да се знае каде има полу степени-меѓу трето и четврто стапало (ми-сол)лесно се гледа нема црна дирка меѓу нив,и друг полу степен меѓу седмо и осмо (си-до)исто не постои црна дирка.
малку треба и да ви работи слухот.ако има нешто нејасно прашајте за молски ќе пишам други пут:helou:
 
Ја денес решив да видам дали ме бива за тоа, и со најпростите акорди, звучеше отприлика како што треба. 1 3 и 5 тон од скалата само свириш, како што кажа BuSarCe. Ако сакаш да свириш дур, имаш полустепени помеѓу 3 и 4 тон и 7 и 8, а ако сакаш мол, третиот е снижен, што значи има полустепен помеѓу 2 и 3 и 7 и 8 тон од скалата.
 
Ја денес решив да видам дали ме бива за тоа, и со најпростите акорди, звучеше отприлика како што треба. 1 3 и 5 тон од скалата само свириш, како што кажа BuSarCe. Ако сакаш да свириш дур, имаш полустепени помеѓу 3 и 4 тон и 7 и 8, а ако сакаш мол, третиот е снижен, што значи има полустепен помеѓу 2 и 3 и 7 и 8 тон од скалата.
tnx.колабс изгледа ќе треба да се објаснаат интервалите да биде уште полесно.ќе се обидам во наредниве денови да постирам со петтолиние сигурен сум дека ќе ви биде полесно.:helou:
 
ова е една фантастична програма која е наменета за сите оние кој сакаат да ги запознаат комплицираните акорди и за оние кој ги "мрзи" да размислуваат за акорди од различни тоналитети, или обртаи. Се надевам дека ќе ви биде од полза.
http://rhythm.harmony-central.com/~ftp/software/windows/guitar-bass/winchord.zip
 
ајде бе музичари,каде сте научивте нешто?
 
јас имам искуство со клавир, свирам веќе ХММХММ таа ми е 6 година ако не се лажам. Знам дека не е во врска со темата, ама за поискусните свирачи на клавир ( клик ) тука.
 
Здраво дечки, се надевам дека некој ќе прочита и ќе ми помогне :) Имено, одамна имам желба да свирам на клавир, претходно искуство со свирење на инструменти имам со гитара. Арно ама самоук сум, што значи дека појма немам што значат скалите, акордите, како се градат, како се прават варијации и сл. Да не ме разберете погрешно, на гитара свирам доста добро, ги знам и ја познавам разликата помеѓу (на пр. C-dim и C-aug-7 или C-sus-4) истото важи и за скалите, ама ете не знам да читам ноти, не сфаќам што е тоналитет, октави и слично. Студирам музичка академија иако тоа ме влече најмногу во животот и желба ми е да бидам музичар, инаку студирам економија.

Прашањето ми е следно, каде можам да најдам професор или музичка школа која ќе ми даде квалитетна подлога и напредно знаење за музика, односно:
- читање на ноти
- музичка теорија
- техники на свирење
и се друго што мислите дека би ми било потребно да станам добар клавијатурист :))

Фала! :)
 
Добар ден...

Дали некој знае добра професорка по пиано, што работи со почетници - име и презиме, локација и телефонски број.

Благодарам однапред.

Поздрав!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom