Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Тебе ова ти е смешно ццц не би сакал ни блиску да да осетиш како делуваат тие механизми.За разлика од твојот господ кој неможе да ги спаси лугето на кои им откажува срцето или на деца кои имаат ампутирани раце или нозе тој механизам може.На милиони луге тие механизми во најмала рака им ја имаат вратено желбата за живот а не некоја фикција....

Мојот Господ беше еднаш на Земјава и сите не повика на СПАСЕНИЕ и влез во Неговото Царство Небесно а не на техно-журка.
А тоа со вештачките раце и нозе, тоа, за мене лично, е повеќе од трагично отколку комично. Тоа што некој останал без рака или нога, и тоа е волја Божја. А „крпењето„ на таквиот недостаток е само нужно зло а не некакво решавање на проблемот. Се сомневам дека крпените „раце„ и „нозе„ некому му ја вратиле желбата за живот, освен ако таа желба не им дошла ОДОЗГОРА.
 
Ти да не си некој специјален случај па господ е твој,некако многу егоистички став имаме,кога те повикал што не си отишол или немало карта за тебе, а за на техно журка ја ке те однесам барем ке отидеш на нешто што постои ако треба и карта ка ти купам.

Јас не реков дека е трагично или комично ти беше тој што го окарактеризира како комична ситуација.А некако божјата воља не ти била наклонета ни на тебе при доделување на здрав ум и разум иначе не би пишувал вакви работи...

Тоа што се сомневаш дека таквите работи дека на некого му ја вратиле желбата за живот можеш да провериш или да направиш муабет со некој таков случај, а ти очекувај нешто одозгора ама пази некој метеор да не ти падне пошо друго нешто тешко........
 
Кон болтуваното:
- тебе ти благоадарам на комплиментот
- а на Севишниот му благодарам за умот кој ми го дал.
 
А за останатто што не го искоментира значи се сложуваш или...
 
Желбата за живот е особина која на луѓето им е вградена: духот човеков е БЕСМРТЕН па од таму и желбата од хендикепираните да (по)живеат и понатаму, иако имаат физички недостаток. На памет не ми паѓа да кажам дека некој инвалид добил желба за живот затоа што му „накалемиле„ механичка рака или нога.
 
Во својот пост, нагласив дека сознанијата се медицински, што значи, се работи за научни а не за црковни сознанија (иако тие сознанија за Црквата не се ништо ново) па сега, која е потребата од инаетење? Ако напишам црковен став-не е добар. Ако напишам научен став-и тој не е добар. Според тебе, која е вистината? Што уште треба напишам за да биде убедливо?
Јас пробувам да ја согледам реалноста. А според мене, реалноста кажува вака: Тоа се приказни без научни факти. Никаде немам прочитано дека докторот тој и тој, кажа дека со пресадување на срцето ги пресадил особините на другата личност. Секаде тоа го прави самиот човек. Неговиот мозок. Самиот тој функционира на тој начин, што со тоа што му кажале дека можно да добие карактеристики на донаторот, тој потсвесно си запишува и делува со некои постапки (во прв случај) или сака да привлече публицитет, да се појави на насловна на некој весник (во втор случај)
 
А јас вака ја согледувам реалноста: дека најголем дел од научните умови НЕ ПРИЗНАВААТ и НЕ ПОЗНАВААТ духовност па од таа нивна џоа објективна и научна предрасуда, никогаш нема ни да признаат дека душата постои и дека е „пресадлива„.
 
Напишав во некој пост дека Човекот се состои од Дух и Тело...
Ама не е така. Моја грешка.. Се состои од Дуг, Душа и Тело.. и ова е двосмислено.... барем како што е напишано...
 
Дихотомоното толкување на човечкото битие познава душа и тело.
Трихотомното толкување познава дух, душа и тело.
Каде е проблемот?
 
Дихо.. трихо... толкување, толкување од страна на религијата е тука е проблемот.Сега тебе ти е малу појасно...
 
А според твоето ценето, лично, оригинално и своеглаво мислење, КАДЕ е душата човекова? ШТО е тоа кое го движи телото, што мисли, што расудува, што доживува, што чувствува? ШТО е тоа?
 
kolku shto jas znam nauchno e dokazano deka pri smrt teloto ili vidliviot, fizichki meren del od sushtestvoto narecheno chovek gubi nekolku grama od tezinata. Neznam kolku beshe tochno ama ne se znae od koj del i zashto se gubi tezina.
Ne e mozno da bide isparuvanje na technost poshto se sluchuva momentalno.

Dali e toa dushata i od kade izleguva ne znaat ushte.
 
А како може духот/душата, како нематеријали делови од човековото битие, да имаат своја тежина/маса/материјалност?
 
А како може духот/душата, како нематеријали делови од човековото битие, да имаат своја тежина/маса/материјалност?

ako dushata e energija odgovorot ete ti go vo ajnshtajnovata teorija..za pravata merna edinica vmashaj ja brzinata na svetlinata pa ete i masata i ete ti ja energijata na dushata..

interesno shto sekoj chovek gubel ista tezina bez razlika kolku teshko bilo teloto.
 
Еве, тоа е она кое го велам: обид духовните категории да се сведат на материјални па така, душата би била енергија, согласно Ајнштајновата теорија...не ми е познато дека неговата Специјална и Општа теорја на релативитетот се занимаваат со духовност, туку напротив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom