Ако се распадне еврозоната постои опасност од војна

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Обама: Кризата во еврозоната е закана за светот

27.09.2011 - 07:49 |
Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека должничката криза во Европа претставува закана за светот и оти лидерите од еврозоната не работат доволно брзо за решавање на ова прашање.
obamalg_71653.jpg

Според Обама обновувањето на американската економија се соочувало со потешкотии оваа година поради проблемите во целиот свет, во таа смисла и поради арапската пролет, кои доведоа до зголемување на цените на енергијата и стравувања за финанисиската стабилност на европските држави.
- Тие не закрепнаа целосно од кризата во 2007 година и не се справија целосно со сите предизвици, со кои се судри нивниот банкарски систем. Сето тоа повеќе се влошува поради случувањата во Грција, рече Обама на средбата во Маунтин вју во Калифорнија.
- Во моментот тие преживуваат финансиска криза, која претставува закана за светот и се обидуваат да преземат одговорни чекори, но тие чекори не се толку брзи, колку што навистина е потребно да бидат, рече американскиот претседател.
Обама кој се наоѓа на западниот брег на САД, каде собира средства за кампањата за реизборот на изборите во 2012 година, бележи пад на рејтингот поради континуираното високо ниво на невработеност од над девет проценти и стравувањата дека САД можат повторно да западнат во рецесија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/obama-krizata-vo-evrozonata-e-zakana-za-svetot
 
Гледајте што им кажа фраеров:

Извадоци:​

Еврото ќе падне, гледајте да заработите нешто. Не чекајте владите да го решат проблемот, владите не владеат со светот туку Goldman Sachs, и нив не им е гајле. Сонувам за овој момент веќе три години :)

Искрена исповед на еден „предавник“ како што се нарекува.​
 
Гледајте што им кажа фраеров:

Извадоци:​

Еврото ќе падне, гледајте да заработите нешто. Не чекајте владите да го решат проблемот, владите не владеат со светот туку Goldman Sachs, и нив не им е гајле. Сонувам за овој момент веќе три години :)

Искрена исповед на еден „предавник“ како што се нарекува.​

Не е предавник, туку тргувач...

Баткава е закон, си кажа убаво, тоа е тоа, ќе пропадни еврото со оглед како ја менаџираат ситуацијата
 
Грција секогаш живеела на туѓа сметка ,се е до интересите и реномето кое го ужива Грција ама очигледно крајот точно сега ќе се стави на овие долговечни подржувачи ... многу лоша состојба за цела европа ако дојде банкрот кој веќе ќе излезе од контрола катастрофа за економијата ...
 
Не е предавник, туку тргувач...

Баткава е закон, си кажа убаво, тоа е тоа, ќе пропадни еврото со оглед како ја менаџираат ситуацијата
Можно е да слушнав лошо :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom