Ако се распадне еврозоната постои опасност од војна

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
Полски министер ја шокираше европската јавност: Ако се распадне еврозоната постои опасност од војна

21.09.2011

Ако се распадне еврозоната, се заканува распаѓање на целата ЕУ, а на крај зошто да не и оружен судир! Со вакво предвидување излезе ни помалку ни повеќе, министерот за финансии на Полска, земјата претседавач со Унијата, Јачек Ростовски.​
getImageThumbnail.axd

Ростовски по повод влошувањето на актуелната финанскиска криза, во Европскиот парламент предупреди дека ако евентуално се растури еврозоната во опасност ќе се најде цела Европа и дека проектот ЕУ не би преживеал. Во алармантната порака имало и прецизни временски рамки- заканата би можела да се реализира за 10 години.

Полскиот министер очигледно бил сфатен многу сериозно од европската јавност и нејзините аналитичари, ненавикнати на ваков вид шокантни реторики кои на големо ги анализираат неговите зборови.

Обидувајќи се да ги смири страстите, тој порачал дека сакал само да го истакне сериозниот карактер на моменталната ситуација.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=80383
 
Ако се распадне ЕУ ке се распадне и Грција, имаат голем борч и ќе нема кој да ги финансира како што ги финансираше ЕУ.
 
Цццц, значи каква пропаганда праат, само за да ги држат луѓето во грч, уплашени, испаничени, како би можеле полесно да ги контролираат. Стравот е најмоќното оружје на политичарите.
 
Европската Унија е дојдена во стадиум кога или ќе идат напред или назад. Со оглед дека следен чекор е политичко обединување со откажување на земјите членки од дел од сопствениот суверенитет ( нема да се случи никогаш), јасно е дека ќе иде назад. Распад на Еу е нешто што јас мислам дека е реална опција за 10 години време. Војна незнам дали ќе предизвика, али хаос дефинитивно. Баш ме интересира земји каоа Грција, Португалија и Шпанија како ќе се снајдат тогаш.
 
Или пак ќе се оди напред, одреден број земји de facto со должнничката криза се откажаа од дел од суверенитетот.
 
Во Сент Морис годинава, наводно, консултативниот комитет на Билдерберг групата договорила трета светска војна како решение за проблемите на Блискиот Исток, Африка, Европската криза, Ирак и Русија.
 
Па година дена пред да се распадне СФРЈ,некој да помислел,а камо ли да анализирал за распаѓање на федерацијата,ќе го прогласеле за лудак.

п.с А највеќе од се,не можеле ни да замислат да се случи војна помеѓу словенски браќа...т.е иста крв.

п.п.с историјата се повторува....тешко на тој што не ја учел,и бегал од часови!
 
Толку ли е цврста основата на поврзување на ЕУ членките кога министеров предвидува дури и војна?
Нели делеа заеднички цивилизациски вредности,од основните човекови права,до почитување на основите принципи во меѓународното право усвоени со Повелбата на ООН?
Ај мајката,изгледа ќе бидат во право оние кои велеа дека ЕУ е создадена да им овозможи на Франција Германија па и Британија полесно да ги остваруваат своите економски и стратешки интереси и ништо повеќе од тоа.
Првиот ден кога тоа нема да биде така тие ќе и стават клуч на ЕУ и ќе тргнат со други методи тоа да го остваруваат.
 
Во Сент Морис годинава, наводно, консултативниот комитет на Билдерберг групата договорила трета светска војна како решение за проблемите на Блискиот Исток, Африка, Европската криза, Ирак и Русија.
Ќе биде најбрзата светска војна, ever!
 
А да има војна кој би победил, кој ќе бидат поразени, што корист ќе имаат од тоа ?

Најака е Германија, поразени би биле тие со слаби економии или што укинаа редовното служење во војска, ќар ќе има Кина, Русија и други земји во подем, а највеќе корист ќе има Холивуд од правење филмови... :pos:
Нема шанси до војна да дојде со оглед на тоа што скоро сите се заедно во НАТО, и не може да се нападнат една со друга... :P

На берзите им фалат уште овие изјави...

Убаво си кажа, самите они со овие ненадежни изјави си копаат дупка.
 
Шо и да се деси, не им дозволувајте на овие да покажат сила, незгодни се кога имаат моќ :D
 
На берзите им фалат уште овие изјави...

Ќе паѓаат акции и трупови од зградите:)

Лично мислам дека изјавата или да парафразирам можноста за војна во ЕУ е минимална го имаат они НАТО и се држат како што треба додека ние сме на регион со политичка економска и ментална нестабилност.
--- надополнето: Sep 22, 2011 10:43 AM ---
Најака е Германија,.

А кој ти кажа???

Детуле имаш еден куп параметри за мерење на дефанзивна и офанзивна способност односно борбена моќ,еве на пример франција го има шарл де гол(носач) британија има исто така повеќе носачи на авиони а германија на ова поле нема,понатаму Нуклеарното оружје кое Франција и Англија го поседуваат но германија не поентата ми е имаме премногу фактори така да не можеме да кажеме едноставно кој е најјак.
--- надополнето: Sep 22, 2011 10:44 AM ---
Шо и да се деси, не им дозволувајте на овие да покажат сила, незгодни се кога имаат моќ :D

Нивниот успех беше резултат на напредна тактика не технологија.

Технолошки беа горе-долу изедначени со сојузниците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom