deXterche
тадаммм
Сите заостанати сметки за струја, вода, парно, или неуплатени рати за кредит, наместо преку суд, компаниите од Нова година ќе ги наплаќаат директно од граѓаните и фирмите, со извршител. Потребна ќе им биде само потврда од нотар дека сметките не се платени.
Ова го предвидуваат измените на законот за извршување, кои веќе го поминаа владиниот филтер и влегоа во собраниска процедура.
„Да не ги издаваат тие платни налози судовите, туку тоа да го прават нотарите, нотарите да носат решенија врз основа на веродостојни исправи, а извршителите да ги извршуваат тие решенија на нотарите, се разбира доколку не се вложи приговор“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.
Владата се решила на овој потег за да го растерети судството. Од 650.000 извршни предмети, речиси 80 проценти се тужби за ненаплатени долгови од ЕВН, Топлификација, Водовод.
Сега, сите предмети кои не се спорни, ќе бидат префрлени прво кај нотарите, а потоа кај извршителите. За идните должници, пак, воопшто нема да се покренува судски спор. Долгот директно ќе го наплаќаат извршителите, по налог на нотар.
Според еден од изготвувачите на измените, професорот Арсен Јаневски, со новиот закон неплаќачите ќе имаат значително помал простор за манипулација, пред се поради различниот начин на достава на решенијата за наплата.
„Извршителот има овластување да истражува, да дојде до податоци дали има должникот имот, кој е тој имот, дали може да се намири итн. За разлика од тоа, судот такви можности немаше, чекаше доверителот да му каже на кој имот треба да се спроведе извршувањето за судот да го дозволи извршувањето“, рече Арсен Јаневски, професор по граѓанско право.
„Овде не е така. Извршителот има овластување да истражува и тој определува врз што ќе насочи извршувањето. Сигурно дека наједноставно тоа да го направи е ако има парични средства на сметка, ако тоа го нема, тогаш се оди на подвижни предмети, на недвижности итн.“, додаде Јаневски.
Доколку имате неплатени сметки за струја, вода, парно или пак, немате уплатено рата за вашиот кредит или кредитна картичка, за кои сте веќе тужени или ви најавиле дека ќе ве тужат, обидете се да ги подмирите до Нова Година.
Во спротивно, прашање на време е кога и на вашата врата ќе заѕвони извршител. Ако не најде пари на вашите сметки, ќе почне да ви ја собира покуќнината.
Во Македонија во моментов работат 54 извршители. Лани успеале да наплатат 48 милиони евра од должниците, а годинава само во првите 10 месеци собрале речиси 40 милиони.
Најголемиот доверител во земјава е ЕВН. Само во Скопје има поднесено 190.000 тужби за ненаплатени десетици милиони евра.
a1.com.mk