На карпата под Канео за да можам да го гледам најобилниот дожд од метеори оваа година (под услов да не се запалени рефлекторите што го осветлуваат Канео, инаку ништо нема да се гледа чистот небо) по можност со убаво друштво...
Добро... може и секое местенце, каде што нема светлина од страна и каде што можам да гледам како паѓаат ѕвезди... упс метеори де
Сакам да сум сега на плажа,за време на зајдисонце.
Сама.
Да седам покрај водата,да го гледам заоѓањето на сонцето и така ветер да дува и да ми ја бушави косата.
сакам да сум во некое село на планина
сакам да го почустувам мирисот на цвеќињата
сакам да трчам по зелените ливади а околу мене да леткаат пеперуги
сакам да се почуствувам слободна и самостојна
На најобичната клупа во паркот, со слушалки на ушите да ја слушам Everything од Alanis Morissette одново и одново и да читам љубовно писмо на Кочо Рацин.
Да ги затворам очите и да можам да ја помирисам жештината на ливчињата, да ја имам старата хартија на врвовите на прстите и да се смешкам зошто слушам нечии чекори зад мене.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.