Некаде далеку од се... Во некоја осамена куќичка на планина или пак во колиба покрај море... Не е битно, битно е да сум далеку од се, некаде каде што има мир... Далеку од се што ме опкружува и мир не ми дава, далеку од факултетот, далеку од факултетскиве книги... Некаде кај што има мир, со некого и што ми го дава тој мир...
И таму да не мислам... Да стиснам стоп и не мислам... Не мислам што треба да завршам утре, да не мислам што, како, каде, дали, колку, и што после тоа, и дали ќе успеам да не и се предадам на тагата во текот на денот, дали ќе задржам солза...
Само јас, ти и едноставноста и убавината на природата...